Не се става од еден ден не какање, ќе му створиш мрзливи црева и поголеми проблеми понатаму. Штом прди не е страшно. Плус сега почнувате со кашички па нормално е некој период да кака поретко. Кај мене малата еднаш не какаше 7 дена при воведување на храна. Исто ме бркај во газето со ништо ( ќе ти рече некој може да го испровоцираш со топломер) може да повредиш некој нерв. Ако не прди, се подува и стврдне стомачето и не какало повеќе денови ќе се консултираш со педијатар за чепче.
Со моето бебе се случува нешто или јас умислувам.Имаше период кога после 19 часот плачеше интезивно ,но грчеви беа во прашање.Еден период беше мир во кука и мислев се помина.Сега последните 4-5 дена плаче после 10 навечер и тоа силно околу пола час.Во текот на нокта а и преку ден е мирно бебе.Спие,цица,кака ,гуга.Психички се изморив пред се од грижа.Што може да е што толку плаче во ист интервал секоја нок?Дали се пак грчеви,или премореност или пак некој страв?
Јас во текот на ноќта не менувам пелена дури кога ке стане сабајле па не ми се случило да пропушти пелената.На почетокот менував еднаш во ноќта ама се расонуваше и после мака мачевме за повторно заспивање така да сега не менувам.Во текот на дента зависи некогаш и по 5-6, ако е какан веднаш менувам, се зависи денот како ќе се погоди.Ти раководи се спрема твоето бебе.
Може да е од морковот. Од морков и банана имаат потврда столица и потешко какаат. И кај нас се сучува истото и затоа деновите кога давам банана или морков тогаш и давам сокче од слива. Кај нас делува и полесно се искакува. Инаку не сум против искакување на бебето со топломерче бидејќи знам какви маки имаат бебињата и колку страшно плачат од болка кога не се искакани. Јас мојата ја имам провоцирано со топломер само во случаи кога подолго време не е искакана и плаче од болка. Ако не дај Боже Димитар ти плаче бидеќи не е какан помогни му со топломер (исчистен со алкохол и намачкан со павловличева). Не се препорачува ако често се прави, а инаку во ретки случаи мислам дека и не е толку страшно. Поздрав
6 Моите две деца го правеа истото, со таа разлика што не плачеле туку биле повознемирени. И јас, оскрено, и ден денес не можам да си објаснам за што станува збор. Со ќерка ми сеуште се бориме. Има 8 месеци и после 8 ја фаќа лудило. Ем и се спие ем не заспива. Тоа го прави од бебе. Син ми го надмина тоа на годинка. Преку ден заспивале супер а навечер лудница. Јас мислам дека е од премореност. Сум слушнала човек да не може да заспие од премореност
Joy постот како јас да сум го напишала за ќерка ми. Исто беше и кај нас, ама тоа плачење се случи неколку пати и престана и како што имам пишано до кај 4.5 месеци потоа беше бебе за пример. И ден денес не можам да знам од што така правеше.
Малце ме утешивте бев исплашена.се надевам нема уште долго да трае ова фаза.Ке ја фати грло од толку викање.ама ај нема што да правам се живо и диво пробав за да и помогнам а она вика ли вика.
До 1 после полноќ седевме не спиеше никако само прдеше и многу мирисаше, но на КРАЈ СЕ искака само и си заспа, сабајлево пак се покака како и секој ден.Сега е супер,.
Јас немам баш орентација ама некаде околу 2.5 - 3 месеци е бебушот? Дека тој период е првиот поинтензивен скок во развој и се "чудат" што со себе. И мојата имаше такви фази, ќе помине, па пак ќе надојде ... некаде околу 6 месеци беше најизразено кога и викав по нејзе за да ја дефокусирам од пискање од страв за грлото.
Мамички за 3 дена малата ќе прави 4 месеци и сеуште не какаме редовно. Само на доење сме и ми кака некаде на 5-6 дена, дали е нормално ова вака да биде се додека е на ексклузивно доење или не?
Да нова два и пол месеци е стара.И мм и вика кога писка таа гласна тој уште погласен а јас тогаш сум за во лудница.Па може е и скок во развој ако е така ке помине старите ме убедуваат на бајачка да ја носам
Исто и ние јоу од вчеρа поρучеκ е пρемногу неρвозен,му се спие не спие очите жаρ цρвени писκа плаче се тρга од цице,ептен е неρвозен до 1h вчеρа не спиеше,аκо се гρчеви и теρмофоρче му ставам и κапκи и чај незнам и јас што да пρавам веќе 1месец има пон.сме на ваκцина ќе пρашам од што може да е толκу вознемиρен
мами, досега сме немале грчеви. вчера и денеска детево се витка плачи испушта гасови, а денеска има течна столица. од сабачје првата таман беше а другите 2 течни, трите златна боја.. лек некој за столицава?
на една моја другарка бебето поткашлува, по многу малку ама сепак, старо е 1 месец.. сте имале ваков случај со малечко бебе?
Да, јас. Поназад во темата пишував, секако дека ја однесов на доктор ама се смири за неколку дена. Бебиња се, мора доктор да ги преслуша ама ако цица почесто на цице. Јас бев скроз сама и навечер се раскашла и од памет се извадив и ако сакате смејте ми се од пусти страв да не и спушти на гради ја намачкав со свинска маст на градите ( купечка, бела и чиста). Тоа го прочитав на еден српски форум.
У никој случај не би ти се смеела, паниката се прави. Аа мој совет немој нареден пат. Многу е дискутабилнолечењето со маст, зошто ги затвара порите кај толку мало бебе и не така ретко знаат да кренат температура.
Здраво мамички, можеби прашањево е веќе поставено но има многу постови и не можам да видам. Колку ml е доволно да се дава вештачка храна на новореденче старо 10 дена? Докторката ни дозволи да даваме прихрана но не се информиравме колку ml дневно. Ви благодарам.
За толку мало бебе мислам дека од 60-80мл. за еден оброк му се доволни. Пробај можеби ќе сака и повеќе. Тука нема правило.