1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    34.209
    Пол:
    Женски
    Законот важи само за тие поопасните кучиња :)
    Мене досега не, зошто имам сибирски самојед
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Важи само за „опасните„ раси, ма да незнам што треба да им значи тоа толку мили Ротвајлери има, Булдог паак од каде тоа опасна раса? Сеуште нема направено регистар на опасни животни, ама тука ќе спаѓаат и сите тие кучиња кои покажуваат знаци на агресивност, имаат нападнато човек или друго животно итн... значи доколку некој те пријави. Пекинезерите се сто пати пограсевни и пинчовите ако е за тоа, џавкаат ко луди и се пуштаат на се што се движи :lol:
    Ми се гади од законов :puke:
    Никој нема право да ти пише казна, не си должен ни документи да дадеш доколку ти бараат за да ти пишат казна затоа што во законот стои дека освен(?) опасните раси никој друг не е должен да носи заштита маска на својот миленик. За жал познавам неколку луѓе на кои им имаат пишано казна (пред да се крене галама околу тоа, нели Анима Мунди се бунеше па го истакнаа законот каков што е, а не каков што си го измисли општината Аеродром :fubar: ) пишаа казна за Лабрадор кој не носеше маска, а се водеше со поводник ама тука е виновна и сопственичката затоа што дозволи да ја направат будала и да и напишат казна за нешто што не е утврдено со закон па истата побрза и си ја плати казната од 150 евра, без притоа да се информира и да им посочи на полицајците дека го познава законот и дека немаат право да и напишат казна. Во казната пишуваше дека шетала агресивно куче без маска, а како тие утврдија дека е кучето агресивно е знак прашалник, она битно избрза и си ја плати казната. Јас би ги тужела така, т.е. не би дозволила да ми напишат наоснована казна, затоа добро прочитајте го законот затоа што може да налетате на вакви паметњакович цајкани кои сакаат да ве насамарат и да си платите казна ни криви ни должни.
    Еве ви го законот, прочитајте го убаво за да знаете како да постапите доколку сакаат да ви пишат казна:
    http://www.fvm.ukim.edu.mk/documents/Zakon-za-zastita-i-blagosostojba-na-zivotnite.PDF
    А еве ви го предлог законот (може да го преземете подоле на линкот и да го прочитате после статиајта) кој сеуште не е изгласан и не е стапен во сила така да повторно не ви можат ништо:
    http://www.akademik.mk/predlog-na-z...inosi-od-kaznivo-delo-i-finansirane-terorizam
    Одговор на МВР на барањето на Анима Мунди ама погдете што, нивната изјава не стои во законот така да пак неможе да бидете казнети парично, логично е за нешто што не стои напишано црно на бело во законот на Р. Македонија неможе ни да бидете казнаети.
    http://fokus.mk/mvr-zashtitni-maski...-maski-samo-za-agresivnite-domashni-milenitsi

    И за крај, за сите оние кои целат кон Европа, а со постапките и „законите„ се враќаат во камено доба:
    http://www.mkd.mk/24005/zabava/sok-za-zakonot-za-kucinja
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Сигурно дека не треба да препишуваме исти карактеристики на сите кучиња од некоја раса. Се разбира дека не се сите пит були ни ротфајлери опасни, но зошто тогаш да генерализираме за пекинезерите, пинчовите и сл.? :!: Ете конкретно јас чувам пекинезерка, толку е мила и плашлива што ми се чини мравка да види по патот се плаши. Често се приближуваат луѓе и деца да ја погалат и се крие во мене од страв, а додека ја шетам никогаш не тргнала да се приближи кон луѓе и животни. Исто никогаш не зема храна од земја или од други па знам дека не морам и нема маска да и ставам. Добро, секако нема да ми биди проблем за казна бидејќи не шета подалеку од 2 улици, се плаши во гужва и бучава од коли, а ако треба да одиме подалеку ја носам в раце.
    Според тоа што нема конкретен закон, најпаметно е секој сопственик да биде свесен за што му е способно кучето и да биди совесен, доколку покажува и мали знаци на агресија да не ги доведува во опасност останатите животни и луѓе. И да напоменам, дури и да не се работи за агресивно куче некогаш најдобро за него е да му ставите маска. Сведоци сме дека во последно се фрлаат многу отрови за жал, покрај бездомни има и многу домашни кучиња затруени за време на шетање. :(
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Јас последен пат прочитав дека законот гласи вака: „Секое куче кое може да наштети на околината мора да носи маска“. Еве, пекинезер некој е агресивен, како може сопственикот да најде маска за пекинезер? Прво имаат рамни муцки, има маска за булдози, но на пекинезерите маската би им била колку цела глава. Но, ај, тоа може со поводник да се реши, може да се исконтролира мало кутре. Туку, јас ги пцујам оние кои ги пуштаат нивните искомплексирани прцлиња да напаѓаат кучиња што можат да ги здробат со еден гриз. После, големите кучиња биле криви... а тие се одбраниле само. :|

    Исто, многу често ми се случило некој да се кара со мене зошто не сум ставила маска на моето 6 месечно кутре што знае само за игра. Е, на таквите им враќам „Не е агресивна!“ и си продолжувам. Татко ми од сабајле (кога ги нема мрчаторите во околина) ја пушта и до него си оди, може да залута да нушне нешто, ама одма се враќа. Колкава приврзаност, а само 4 месеци со нас е.

    Јас моето куче знам кога би изреагирало агресивно и знам како да го спречам тоа, но тука се и луѓе што не знаат ништо за нивното куче, никаква поврзаност нема меѓу нив и нивното куче, па кучето обично има (спрема нив) неочекувани реакции.

    Затоа треба да се внимава на кој се даваат кучињата, би требало секоја одгледувачница/одгледувач на кутриња да дава анкети на купувачите/вдомувачите (не знам на друг начин како да се изразам) и да одлучува дали треба да се даде кутре на таков човек/семејство. Ако семејството/човекот сака да земе женско кутре треба да има прашање дали планира да ја пари или да ја стелиризира, ако ја пари што треба да прави и ако ја стелиризира што треба да прави. Со самото пополнување на анкетата пред одгледувачот, одгледувачот како искусен сопственик на кучиња ќе одлучи дали треба да се даде кутре на семејството/човекот.
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Папи,па и останатите со кучиња,ми треба совет од вас :lol:
    Лабрадорката во двор ја чуваме,си има куќичка и до пред една недела стално внатре си седеше.Претходниот викенд подросуваше,она нејкеше да влезе.И ја исчистив куќата,и ставив чисто ќебенце и пак надвор седеше.Еве денеска пак врне,мајка ми вика до куќата седела,а нејкела да влезе,пробала на секаков начин.
    Што и е маката?
     
  6. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Лабрадорите сакаат вода, можеби затоа. Мојот се радуваше и се валкаше во калта. Не знам колку време ја чуваш и дали претходно правела вака, ама сигурно ако и е ладно ќе влезе внатре. :wasntme:
     
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Е да,сака и мојава вода,ама чудно ми е што претходно не излегуваше од куќата,стално внатре,а сега склопчена лежи пред неа :lol:
    Кој ја знае што и е,можеби не и се свиѓа куќата,сака нова :D
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    ^Не е до тоа, мојава кога сака влегува во куќичка. Има момемти во кои сака да изиграва Бандини на Монсуните и трча и беснее по цел двор, а има моменти во кои сака да си биде во куќичка. Има моменти во кои сака да не вади од такт (со валкани шепи да влегува внатре и да расфрла се'. Обично го прави ова откога ќе ја изигра улогата на Бандини во Монсуните) Исто така има моменти во кои седи мирно до куќичка, небаре химна слуша. Ако помине куче, ќе полае малце од место и ќе продолжи со седење. Значи, не е до куќичката.

    (Беки моја 2 куќички има и и 2те еднакво си ги сака, а најскромни се, но најтопли.)

    Кучињата имаат инстинкти и самите знаат колку им е доволно од дождот или било што друго. Јас денес со Беки киснев на дождот зошто сакаше да се шета... баш на дожд. Си се вративме дома, таа си легна на плочките да се суши (имаме подно греење) и после отиде надвор да си лежи во куќичката што и' е пред нашата врата. Па и не беше лошо трчањето по дожд. :D
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Ви благодарам за информациите.

    Втора работа што заборавив да ја кажам.
    Веќе 2 месеца гледам како Лабрадор (најверојатно женка) се шета во Ѓорче околу полицијата. Сабајле го видов пак. Никако на некој да му текне да го бара или да си го собере да си го чува кучето. Расно куче е, значи не е некоја џукела. Најверојатно избегало од дома, ама тие од домата никако да пуштат оглас дека се бара кучето.
    Јас имам дома две, иначе би си го земал. А повеќе од година не ми се верува да има кучето.
     
  10. butterfly65

    butterfly65 Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    17
    Може малку помош?
    Моето куче несака да влезе во неговта куќичка а зимно време ќе му е ладно
    Има 11 месеци и ретривер е
    позз :*
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас сум највеќе против тоа препишување на особини кај сите раси на кучиња само затоа што некое се издвојува од расата. Тоа со пекинезерите и пинчовите го наведов само како пример, инаку сите кучиња се срциња со сопствениците и воопшто со луѓе ама со други кучиња... ? :)
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Епа, баш за проблемов пишував во мојот претходен пост. Ништо не е ако не влегува, си сака надвор, моето кутре е само 6 месеци, па на место да си лежи дома сака во двор да трча. Сега времево им е погодено на кучињава со голем раст, рај им е.
     
  13. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Мојата е трудна, си викав ај се здебелила само, ама еве ги има симптомите.
    Одиме утре на ветеринар, исхраната да и ја подобрам...

    Па кај и да е, на мекици...

    :wasntme:

    И ако сака некој кутренце после, нек се пријави....
     
    На Marossa, mims-89 и Sunflowers им се допаѓа ова.
  14. HelloKitty4

    HelloKitty4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Девојки моето кученце е месец и 2 недели старо. Сега времето е ладно. Дали да му направиме куќичка надвор, ама жал ми е оти е многу ладно, а уште е бебе и не е учено на ладно. Кога го вадам надвор се треси кутрото и трча по скалите за дома. Дајте ми совет, ова е прв пат за мене да чувам куче. Да го чувам зимава дома или...?
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ако кутрето е мал раст има доживотно да го чуваш дома, ако не можеш, подари го на некој кој ќе има услови за да го чува. Ако е голем раст со 2 слоја долго крзно може надвор во куќичка. Плус тоа, 2 месечно кутре бинтребало да е под карантин до последната вакцина (ако воопшто е вакцинирано). Значи мора да го вакцинираш, ако не сакаш на крај да ти умре од Штенечак или друга тешка болест од која кутрињата се најсклони на неа во 4тиот и 6тиот месец.
     
  16. HelloKitty4

    HelloKitty4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3

    Да, во петокот ја вакциниравме. Сега треба другиот месец. Кучето е мелез од Лабрадор. :) Па според ова, ќе си ја чувам дури да ги доприми вакцините. Фала :D А и колку вакцини се во прашање?
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    3 вакцини до 3 месеци. :)
     
  18. HelloKitty4

    HelloKitty4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Фала многу :D :D :D
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ејј, денес како се изнервирав... едно девојче „чува“ кутре мешанче, врзано на ланец. Мал раст е, не знам зошто е врзано воопшто. Денес се откачило од ланец и на сите ржеше, дури се обиде да ги касне сопствениците. Ете што добивате од куче кога ќе ви стои врзано. Па, женската дури и го пуштала неколку пати ВО НЕДЕЛАТА. Куче не би требало воопшто да биде врзано надвор на ладно... само ланче и синџир има, креветче, куќичка- НЕМА! На што личи тоа? Ако некој вака го „чува“ сопственото куче, го замолувам да го смени начинот на „чување“ што побрзо, во спротивно кучето СЕКОЈ ама баш СЕКОЈ ќе напаѓа. Истово важи и за чување во бокс.
     
    На Ivy89 и 1209 им се допаѓа ова.
  20. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам какво е вашето мислење за вакцината од беснило (знам дека законски е морална), но имам слушнато и прочитано не баш многу убави работи, како и тоа дека може да биде опасна по животот на кучето?