Одамна не сум пишала на форумов. Последно пишав дека имам нов дечко, тежок сељак, на кого му ги дадов клоците после 4 дена од таканаречената врска. Наравоучение: физичкиот изглед знае да излаже.Приказната завршена. Другиот, поинтересен дел...Ви се има случено љубов на прв поглед? Мислам дека мене да, само што е невозможна. Илјадници километри помеѓу нас, секој со својот живот, секој со своите обврски.Контактираме, ама би рекла од ден на ден мислам дека избледува. Инаку во тие два дена колку што бевме блиски, сфатив дека со него би можела да го поминам животов.Ако јас би се прашувала, се би оставила за него Бев во друга земја, семинари, обуки, забави, дружење- поминав прекрасни денови. Се вратив тука, пак забава, кафулиња, ноќни клубови, мислам дека веќе почна преку глава да ми доаѓа На љубовен план сега ништо ново. Имам додворувачи, ниеден од нив не ми се допаѓа,можеби уште сум под импресии од горенаведената невозможна љубов. Засега тоа, сега немам толку обврски, чесен збор ќе бидам поактивна овде.
Ме разбуди една другарка за на кафе. Станав, пиевме, муабетевме. А ти бе како можеш да бидеш такво ѓубре секој ден да ме нервираш, аман веќе. Па затоа си викам ќар од нервирање нема, дај да фанам да повежбам... Ако не сум задоволна од тебе, барем од г'зево да бидам... Полесно ќе ми биде..
Денес се чуствувам убаво во своја кожа. Да, те нема тебе да ме мазиш и за да ми направиш кафе, но не е крај на светот. Мојот ден започна уште од 5 часот- размислував. После добив повик од тетка ми, на ручек бев таму, па после во град се шетавме со братучетка ми.КОНЕЧНО ИЗЛЕГОВ wohoo
Ми се гушка љубов одпојке денес имам гушкиве нема каде да ги дадам еве и за вас драги феминки еееее ко ке се има се дава на сите љубов ,а ко ќе се нема се нема ни за себе
Зошто го судите децата според минатото на нивните родители? Да, тие грешеле, и тоа многу. Но, тоа не значи дека и нивните деца ќе ги прават истите грешки.
Како само некои мириси можат да те вратат назад со времето. Пред некој ден си најдов едно лабело, а мирисот ме потсети кога пред неколку години имав една симпатија, и нон-стоп се шлакав со лабелото и излегував на тераса кога тој поминуваше.
Енергија. Тоа е тоа што ги привлекува луѓето. Како сакате бидете фасцинантно убави, кога ја немате ѓаволесто-ангелестата енергија... Ќе привлечете луѓе кои ќе сакаат да ви дадат дел од нивната и да земат дел од вашата, но ќе привлечете и луѓе кои ќе сакаат да ве исцедат и да ви земат се што ве отсликува. Ме празнат три типа на луѓе - хронични жалачи како животот не им оди и кога им оди си наоѓаат чарки, луѓе опседнати со облека и изглед и луѓе кои имаат потреба да те провоцираат деноноќно за да го извадат демонот од тебе за да си докажат дека се подобри. Сте бе. Најдобри сте, подобри сте и од мене и од сите на светов, ок? Ајде сега олабавете ме, имаме работа за завршување. Пред некој ден ме фати страшна смеа. Се возам во автобус... и се качува згодна девојка. Несомнено згодна, намонтирана, средена, со долги нозе, со СВЕ што би се рекло. Полупразен беше автобусот, ама ете седна баш до мене...што знам зошто, така и дојде. Ја ѕирнав суптилно, толку убава, а толку празна. Малиот пат кој го поминавме заедно се содржеше од постојано гледање во отсјајот на мобилниот, проверувајќи дали се уште е така убава. Ми доаѓаше да и речам, девојче, убава си, ама дали си свесна со која безживотност зрачиш? Затоа во тебе засекогаш ќе гледаат само тело и фаца, ако сакаш да те сакаат треба да искриш од љубов кон себе и светот, зошто не се сакаш? Некако низ годините удобноста на чевлите ми станаа мерило за тоа колку се сакаме себе си... Некогаш има исклучок, кога мораш да издржиш на стендинг шус, због прилике, ама да ти е секојдневие заради импресија на други луѓе...мора да е пеколно да живееш сам со себе. https://www.youtube.com/watch?v=xXBpZjgHlpU Ќао!
Ме обзема страшна болка во градиве... зашто да бидат нештата едноставни кога можат да бидат комплицирани? зашто луѓево не ги решаваат проблемите со разговор... што е толку тешко? зарем полесно е да ги измачуваш тие што те сакаат, се грижат за тебе вртејќи им го грбот и криејќи се ... бегајќи од соочување... па тие луѓе се за мене ништо друго туку кукавици.. ах....
Секојдневна ситуација: ти влегува некој од домашните во соба додека штракаш по тастатура и ти застанува над глава, ти oнака се врткаш лево - десно и префрлаш на Гугл или буљиш демек во празен таб, и ти викаат нешто во фазон - ааа ти матиш нешто, гледаш нешто скришно... Значи луѓе сфатете, кога човек гледа нешто на пц, без разлика дали врши некаква работа или прави било што друго кое иначе не е ни малку тајно - кога упорно стоите зад него ќе се осеќа awkward и ќе се однесува како да му ѕиркате во top secret строго доверливи документи. Е така, remember it once and for all!
Кај нас има една поговорна „Кажи ми кој ти се пријатели, за да ти кажам кој си ти“. Периодов сфатив дека некогаш ова е во буквална смисла.
СДК многу се уморив денес,плус многу пари потрошив... Не сум некој обожавател на шопинг,и прикупување што да е,напротив мразам и не можам да ги сфатам тие што обожаваат шопинг и шетање по продавници,ама ова мораше веќе. Неколку недели збирам и збирам,никако да излезам и да завршам работа.
Вечер немојте да заборавите да го вратите, да го повратите саатот за еден саат поназад! ЈУПИИИ.. ќе си поспиеме еден саат повеќе. Као шо сум уморна, таман ми се погоди, у право време.
Моментот кога ќе паднеш по скали, онаа јако паѓање, неможеш да станеш и другарката ти вика.. -Леле падна?! -Нееее бе срц, онака телото си го вежбам, да видам колку сум издржлива.
Feeling lonely. Uzasen den. Odvaj cekam da dojde utre, a ko za inat, nokva trae eden saat poveke. Ne mi se veruva deka toa e tazno sega. Sorry za latnica, mobilen jbg.
Знаеш дека старееш кога ти се гледа хорор филмот што си го меркал долго време, ама длабоко во себе ти е фуфка поради тоа како ќе го преживееш искуството после и се мислиш што смешно може да гледаш подоцна да се стабилизираш. Ова особено важи ако си личност којашто си сака страшни и психолошки филмови и си ги гледа повеќе од една деценија без гајле.
Никогаш не сум се фалела, стварно никогаш , дури и ми забележуваа другарките кога ќе заборавев да се "пофалам" за некое ново купено парче облека или било што да е. Не битно тоа, туку ете сега ќе се пофалам а и вреди фалбава, дека имам стварно прекрасни родители и обожавам кога еве вакви денови-сабота, сите прашуваат каде вечер, а јас задоволна ќе кажам дека ќе ја поминам со нив ... но,.... зошто никогаш не ме разбраа кога ми треба/ше мир, тишина, да бидам сама со себе, дека не ми се зборува, периоди ете, и јас не сакам, не ми личело викаат сите, ама зарем тие немаат/ле такви денови .. ми смета звукот на ТВ, ми смета крцкањето на вратата, ми смета се што е прегласно а всушност е тивко... денови ли се денови... ете ги има и такви......
Болните крајници никогаш не ми претставувале пречка за да излезам од дома и да им посветам време на другарките. Не ми се верува дека сега тоа го искористив како изговор за да си останам дома. Срам да ми е Иако се оддалечувам од се и од секој, немам право да ги запоставам другарките. Иако крајниците ми се воспалени, не ми е до ништо, само сакам да лежам во темница и да јадам нешто благо, ќе излезам од дома на овој студ и ќе одам да се видам со другарките. Да ги прашам како се, да видам како им оди, да видам што сум пропуштила со ова затворање дома. Не сакам никој да разочарам. Вчера ја сфатив смислата на моето постоење. Јас постојам за да им кажувам на сите да останат силни, да ги учам на љубов, да ги тешам, ислушам, да им помагам, да се грижам да не разочарам никој, да се трудам да го направам среќен секој, секој освен мене. Можам да влијаам на сите со позитивност, но не и на себе. И не ми е ни потребно да го направи некој за мене тоа што јас го правам за сите. Затоа што среќата на другите ја ставам пред мојата. Како што кажав, не сакам да разочарам никој