Од утре уште во 4 часот ке е темно. Додека бевме во раната врска со вереникот едвај чекам да дојде овој период кога во 4 се стемнува и како метак излегував од куќа да се видеме конечно за разлика од летото еле мислиш 1 година не се стемнува до 9 часот ден неможеш во ни едно сокаче да се бутнеш хаха... Еве сега прв пат сум верена во ова доба и мислам дека и сега ми одговора кога ке се стемни рано па ке си се прибереме во соба покрај огинче ке си гледаме филмче ке си уживкаме дома... Времињата се менуваат но чувствата никогаш !
Уморнааааааа сам од животаааааа... Лажам, лажам не сум уморна од животот, арен си ми е, пу, пу да не се урочам , уморна сум си така малку од неспиење. Вчера му правевме роденденска забава на Матео, во четврток наполни дурррррри 3 години, сега ми е ептен биг бој , што да ви кажувам, не бил мал тој, бил биг брадер двапати. Стрини, тетки, вујни си ме изнакудија дека сме правеле забава за малиот со 3 недели бебе, ќе ми ја урочеле малата, ќе се разболела и уште 1000 така треба а ниедно зошто така треба, си го исклучив скајпот и виберот и нека си зборат колку сакаат, нема кој да ги слуша. Овој пат се му беше во Скуби-Ду, тортата, украсите, татко му беше облечен како Шеги, дедо му како Скуби Ду, а мамица како Дафни. Матео беше прерадосен, како да не му направиме забава, се радува како мало дете , на малата ништо не и беше, си го преспа таа роденденот. Дедо ми од таму му прати едно столче што свири кога ќе седнеш на него и сега Константин секаде го метлее со него, тој едвај оди уште и столчето го влече секаде со него, смешки бре ми се децата. Морам уште ово да го кажам, беше на една од комшикиве мои сестра и, ме прашува колку деца имам и кажувам и ми вика: Леле што убаво, две деца и едно чупе. Чупево не е дете.
Понекогаш ги заборавам оние навистина вредните нешта. Но, секогаш се наоѓа некој, или нешто кое ме потсетува дека сум застанала. А, за да продолжам ми требаат токму тие нешта. Љубовта, посветеноста, надежта.
Знам дека е рано уште, ама сакам зима и снег !! Сакам да правам снешко, сакам да ја красам елката и да ги гледам новогодишните реклами (посебно оние на кока кола), ја сакам онаа празнична атмосфера, светилките, елките ... Winter is coming (Не таа од GOT), And I can't wait !!!
Научив нешто ново. Всушност, не научив, туку решив што е најдобро да правам кога сум изнервирана. Сега пред малку премногу се изнервирав за нешто и си се затворив во соба, додека да се смирам, инаку ако останев со другите во соба, милион проценти ќе се скарав со некого. Вака е подобро. Убав ден беше денес.
Одамна не сум била расположена како денес .За чудо,времево не ми влијаеше премногу,иако ветер дуваше 200 на час,па во косава бев иста како ова чудово: http://media-cache-ec0.pinimg.com/736x/ ... be9415.jpg и мавтав со косава на секои пет секунди како оној Рашит од серијана "Неправда". Инаку,си појдов кај баба ми,се заседов машала 4-5часа и се замуабетив.Отсекогаш разговорите со баба ми ми биле интересни.Се навративме на деновите кога била млада,ми кажуваше како многу момчиња и се додворувале .Рече дека ако на игранка во оро до некоја девојка се фати некое момче тоа значело дека таа му се допаѓа. Па така и до неа играле некои беќари,што би рекле постариве,но не ѝ се допаѓале и мавала корпи Интересна работа,а не како денес,скоро сѐ се одвива преку социјалниве мрежи,но тоа е. Ај да си продолжам јас со слушање музика придружено со фантазирање за тоа како имам сопствен бенд и настапувам .Останете ми со здравје,чеда божји.
Специ, тоа на моиве да им го кажеш. Кога ќе ми застанат над глава, не се тргнуваат додека не им кажам. Едноставно не можам ништо да правам додека ми буљаат во комјутерот. Кој вели дека има нешто поубаво од секојдневни попладниња со роднините, се лаже. Ете толку.
Многу солзи исплакав,секогаш кога мислам на тебе јас умирам.Празен преграт и во сон само те замислувам. од каде да почнам... Ќе почнам од таму каде погрешив. Беше мој,го загубив...останавме најдобри пријатели. Ми кажува се,за неговата сегашна,постојано се караат а јас ги смирувам..мене ми се кине душата,добро се познавам и сме добри пријателки со неговата. Не сум таква личност што ја расипува туѓата среќа. Ако он е среќен со неа, јас сум уште посреќна за него. Не сакам да бидам погрешно сфатена. Во мене тлее 9 годишна љубов ама немам храброст, едноставно не смеам да помислам на тоа. Кога ќе ме гушне мене ми се полни душата,кога ќе ме штипне за образ и само ќе ме смрзне за миг со неговите зборови ,,ти си мојата помала сестричка''. Ако го сторам тоа ќе го загубам и пријателството,знам! Толку многу го сакам... ама он ја избра неа. Останете ми со здравје.
6 години и 6 месеци од нашата врска...како вчера да беше,времето поминува,понудата за брак во вистинско време.
Ваква сум цел ден Ме мрзи да земам воздух.. Се ме боли грб, половина, мускули, заби, глава, раце, очи
Љубовта и среќата се најубави кога ги делиш со некого. Јас ги имам вистинските луѓе со кои овие две работи ги делам без ни малку себичност и уживам кога другите ја чуствуваат мојата љубов и уживаат во среќата која им ја дарувам. Среќна сум,и имам многу причини за тоа
Она кога гледаш слики од свадба и младоженецот и еден од неговите другари потполно исто облечени, само ременот се разликува... сите со бели кошули, црни панталони и црвена лептир машна, до толку да се немало креативност бре.