1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко-женските пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mysterious, 26 јануари 2010.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Имам и јас ваков другар, еден и единствен кој не ме гледа со можност за нешто повеќе. Не се гледаме често како порано заради обврски,но сеуште се слушаме, си пишуваме на фб . Вакви пријателства постојат иако се ретки, но кај нас веднаш владееат мислења како не не е можно другарство меѓу момче и девојка 8)
     
  2. Ticijana

    Ticijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    5
    Верувам во машко-женските пријателства, сметам дека се многу поискрени од машко-машките и женско-женските, без лицемерие, љубомора и натпреварувања кои често се случуваат во истополовите :) , АМА мнооооооооогу се ретки оние вистинските, без љубовни искри, one in a million :D
     
  3. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    И јас верувам во машко - женските пријателства, бидејќи имам неколку блиски другари кои ги сметам само за другари и ништо друго. Ми даваат совети за машки и ми олеснуваат ептен :D Знам дека и многу машко - женски пријателства прераснуваат во љубови подоцна, но сепак има и такви кои си остануваат само другарски :)
     
  4. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Да,сум за машко-женските пријателства.Зошто да не? Сите сме луѓе на планетава и сите сме од крв и месо :lol:
    Важно е другарството а не машки,женски род.. :^)
    Имам еден другар шо ми е срцка и не си го оставам и си го сакам како право другарче :D Си се смееме и си се дружиме :D :D :talk:
     
  5. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Да и еден другар вреди повеќе од 1000 другарки. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Веρувам во таκви пρијателства, но κога те κледаат со неκое машκо, иаκо сте само пρијатели озбоρувачите ви вадат муабети деκа сте во вρсκа таκа да најчесто машκо- женсκите пρијателства луѓето ги тρетиρаат κаκо вρсκи, неможам да се помиρам со тоа што и во минатото и во денешно вρеме воопшто не можеш да застанеш до машκо и да имаш машκи пρијатели, веднаш те пρават Κ**ва!!!
     
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Нешто во што најмалку верувам е другарство помеѓу машко и женско. Секогаш едниот се заљубува во другиот и тоа е факт, колку и да не сака некој да признае. Тоа е природата и не можеме против тоа. Најдобар другар може да ви биде само машко кое е геј. Најсериозно. Јас не верувам дека ако девојката се дотера, се среди, сите машки подзинуваат кога ќе ја видат, ама само другарот нејзин нема ни да ја погледне. :wasntme: Ахам, да. Тоа ни е природата, спротивностите се привлекуваат.

    Па уште кога ќе ми каже некоја: Се дружиме, како брат ми е, дури и заедно во ист кревет сме спиеле па ништо. :D Имав една другарка таква, па на крај во врска беше со тој истиот што викаше дека како брат и' бил, само како брат го гледала. |( Или: Се имаме мувано порано, ама сега најдобар другар ми е. :D Или (ова ми е врвот :D ): Он малку ме свиѓа, ми кажа еднаш, ама јас му реков дека нема шанси и сега си се дружиме и најдобри другари сме, заврши тоа. Е овие работи кога сум била помала сум ги слушнала милион пати од другарки и тогаш сум им зборела ама никој не ми веруваше. Па после сите на крај завршуваа со еден единствен заклучок дека помеѓу машко и женско нема другарство.

    Кога-тогаш едниот ќе почне да пројавува чувства за другиот. Се покажало и докажало и преку лични мои искуства и преку туѓи. Или се премногу наивни па ќе се разочараат на крај или па имаат некои чувства па сакаат да бидат поблиску до тој што го свиѓаат.

    Само некако повеќе мислам дека тинејџерите се залетуваат за овие пријателства. Постарите знаат каква е работата па си ставаат граници. Значи, не зборам за нормално во граници другарство. Сум имала такви другари еден куп, во исто друштво, нормално, сме славеле нови години, 1 мај, заедно цело друштво сме излегувале итн, ама, дистанца. Сум имала другари и од клас, исто однос на дистанца, не премногу близок. Во школо смеење, зафркавање и толку. Повеќето ми биле од маало, со кои сум израснала, сме делеле јадење на улица и ден денес секој ден се среќавам на улица со нив кога одам до продавница. Ама и со нив сум била на дистанца.
    Како и да е, тоа си е сосема друго, јас тука зборам за премногу близок однос. Според мене за некој да можеш да го наречеш "најдобар другар" треба многу повеќе од едно кафе во месецот.
     
    На elimkd и sweet-star им се допаѓа ова.
  8. differentmkd

    differentmkd Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    35
    Ако зборуваме за тинејџери каде начинот на кој работат хормоните не ги дозволува чистите погледи, може да се согласам но кај оние созреан разум и искрен пристап кон пријателството, моќта на потсвеста не дозволува ништо повеќе...
     
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Машко-женско пријателство има, јас имам повеќе другари, ама со 2ца сум многу блиска.
    Од претходно имам случка со едно момче бевме другари, ептен се зближивме, најдобар другар ми стана, гс и ѓаки бевме што се вика :D Тој на мене ми се свиѓаше, а тој пак ме сакал. И што се случи? Па го засакав и јас него :D Прво заради карактерот, па потоа останатото. Ама долго време држевме дистанца :D И на крај по грешка тој дозна дека го сакам :D
     
  10. Chikaa

    Chikaa Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    46
    Верувам во машко-женски пријателства,само ако машкото има хомосексуални склоности. ]:)
     
    На elimkd и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  11. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Верувам бидејќи имам другар што се дружиме веќе 10 години и добро се сложуваме. Искачаме заедно, цело врме сме на фб заедно, единствено што ме нервира е тоа што кој и да засвиѓам он почува да го мрази. Не го сваќам тоа навистина. Инаку вака кога ќе не видат заеднички другари сите мислат дека има нешто повеќе од другарство... Инаку се е ок друго.
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    И воопшто не ти текнува зошто го прави тоа? :wasntme:

    Оф тој сиротиот којзнае колку е заљубен во тебе. :D
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Мислиш?
    Абе ми има многу пати текнато на тоа , ама десет години ништо да не ми каже ?
    аа и глупа ми е самата помисла, како брат ми е. Оффф
     
  14. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Јас мислам дека постои машко-женско пријателстиво. :) Се дружам со многу машки и рака во оган ставам дека сите ме гледаат само како другарка и ништо повеќе од тоа. :!:
     
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    [​IMG] би сакала да имам момче пријател,пријател кој би можел да ми даде совет од машка гледна точка.
     
  16. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека може но само а почеток после или едниот или другиот се заљубуваат меѓу себе и толку од пријателството
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.517
    Пол:
    Женски
    Цитирам многу старо мислење. :)
     
    На macka5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Да,, јас имам пријателство со машко дете па интересно е не до толку блиски ама сепак сме.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Повеќе ги почитувам машко-женските пријателства отколку женско-женските. Со машко можеш да се посоветуваш, да ти каже и разјасни нешто од машка перспектива, а женското само мислење ќе си кажува. А башка, со машко ќе направиш подлабок муабет од озборување.
     
  20. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    11.320
    Пол:
    Женски
    Верувам дека може да постои такво пријателство, но многу ретко. Кога бев помала се дружев многу со најдобриот другар на братучед ми. Ептен се зближивме, за него бев сестрата што никогаш ја немал а и јас го гледав само како брат, но за жал после 2-3 години некако патиштата ни се разделија и сега сме само на поздравување. Порано имав потреба од најдобар другар, сега дечко ми ми е и најдобар другар и дечко. :l: