Еве за Лиликта еден рецепт за пилешко во кари сос Ви треба: - Стек, неколку парчиња - една хопла - кари - и масло или путер Го сецкате стекот на малечки парчиња, и го ставате во тавче во кое претходно сте ставиле путер или масло. Потоа откако ке се зацрвени, и убаво се испржи му се става хоплата цела. Промешувате, и зачинувате со кари. Јас ставам една и пол лажичка кари. Потоа се пржи уште 5-10 минути и е готово.
Пилешко, и начини на подготовка еве уште еден рецепт, мноооогу едноставен... сецкаш пилешки стек (колку што сакаш) и ги пржеш нели ситните парчиња, и нормално ставаш вегета и сол (колку што мислиш дека е доволно). во меѓувреме ја вариш златната мешавина (замрзнатиот зеленчук). откако ќе се свари (потребно околу 5 минути, си пишува и на пакетчето), ја истураш водата и целиот зеленчук го преместуваш во тавче со загреано масло, каде што ја попржуваш и исто ја зачинуваш со сол и бибер (јас малку повеќе бибер ставам за подобар вкус). откако ќе ја попржеш малку (додека се пржи ќе мешаш постојано, да не загори), ја додаваш на ситно испржениот стек, и заедно се пржат уште некоја минута за да си попримат од вкусот и да се соединат убаво. и тоа е тоа бон апетит
Пилешко, и начини на подготовка Еве уште еден рецепт од мене за пилешко во кари сос: -пилешки гради(стек) -печурки -павлака -кромид главица -зачин,сол,бибер,кари Пилешките гради(стекот) се сецка ситно и се пропржува во тавче да добие златеста боја.Настрана во друго тавче се пропржува ситно исецкан кромид,се додаваат печурки,откако ќе се пропржат се додава зачин или сол и бибер, павлаката и карито.Се промешува убаво додека се подзгусне сосот и во него се додава пропрженото пилешко.После во тавче за печење се става во загреана рерна да се потпече.Ова оди во комбинација со варен компир,пржен или со гарнир.Превкусно е!
Пилешко, и начини на подготовка Проверено добар рецепт: Печено пилешко со кари сос ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: - 1000 грама Пилешко - 400 грама Печурки - 200 милилитри Млеко -малку Црн пипер - малку Сол - 30 грама Сенф - 3 лажицци Мед - 50 грама Путер - 100 милилитри Зејтин - 2 лажици Кари - 20 грама Брашно - 1/2 коцка супа ПОДГОТОВКА: Ги мешаме сенфот, медот и карито. Додаваме малку сол и бибер. Додаваме 200 мл. зовриена вода во која сме ја раствориле половината коцка супа. Парчињата пилешко ги ставаме во тава и ги полеваме со зејтин. Преливот од зачини и супа го полеваме врз парчињата месо во тавата со месото. Печеме 45-50 минути на 200 степени. Во тавче за пржење го ставаме путерот, го додаваме брашното малку да се пропржи и непрекинато мешајќи го додаваме млекото. Се вари додека бешамел сосот не ја добие потребната густина. Се додава пола лажичка кари во прав. Во тавата со бешамелот ги додаваме шампињоните и преостанатиот сос од тавата каде се печеше месото и ги мешаме. Додаваме малку вода и го вариме додека не се подзгусне. Месото го ставаме на чинија и на крајот го полеваме со сосот или пак можеме да го ставиме месото директно во сосот и секому во чинијата да му сервираме од месото со сосот.
Пилешко, и начини на подготовка Она Маги -сочно од рерна, навистина испаѓа многу вкусно... Башка лесно е да се подготви
Пилешко, и начини на подготовка Имам пробано пилешко со кикирики во кинески ресторант вкусот беше преубав, пикантно, вкусно абе прсти да излижеш. Отприлика сфатив стек и кикирики (нормално) имаше малечки семки како од феферонки можеби луткото е поради тоа но црвената боја ме буни (има црвени феферонки?) Сигурно додаваат посебни некакви кинески зачини но како и да е ќе пукнам ако не го дознаам рецептот. Бидејќи јадењево ако еднаш го пробате од памет нема да ви излезе. Па девојки ако некоја знае ве молам пишете.
Пилешко, и начини на подготовка еве неколку рецепти Сочно пилешко месо со пиперка и со праз Состојки: - 1 кг пилешко месо - 400 г праз - „Маги Сочно од рерна“ Сите состојки додадете ги во ќесето за печење и следете ги упатствата од пакувањето. Сочно пилешко месо со пиперка и со неколку видови печурки Состојки: - 1 кг пилешко месо - 350 г неколку вида печурки - „Маги Сочно од рерна“ Сите состојки додадете ги во ќесето за печење и следете ги упатствата од пакувањето.
Пилешко, и начини на подготовка Еве еден рецепт од мајка ми (преубаво готви) Пилешки увијачи за 3ца 3 парчиња саламурен стек, поголеми 1 пакетче зденка 150 грама сланина кари Стековите да се исчукаат убаво, за да бидат што е можно потенки, па се прскаат со кари. Во секој се става по две зденки и се виткаат како увијачи. Одозгора се виткаат и со сланината за да не излегува зденката. Се пече на 250 со фолија одозгора прво за да се испече внатре, па после и без фолијата. Многу е вкусно со сосот со сенф и мед и со мајонез, сенф и кари
Пилешко, и начини на подготовка специјалитет со пилешко месо. потребни производи 1 кг.стек сецкан долгнавесто, 300гр. сецкан кашкавал,300гр.сецкана сланина, 300 гр. сецкана пилешка салама (пилешки гради), супа од пецурки или ако сакате пешурки ама маринирани и 2-3 павлаки. начин на подготовка во ватростално тавче прво се реди стекот валкан во супа од печури (не е варена него во прашокот од кесичката), потоа се реди сланината,кашкавалот и на крај саламата. Потоа пак стек,сланина на ленти, кашкавал, салама и се прелева со павлака.Се покрива со алуминиумска фолија, се пече еден час со фолија на 250 степени и уште еден час без фолија.Температурата мозе да ја намаалите последниот половина час и пазете да не загори. пријатен апетит.
Пилешко, и начини на подготовка Еве и од мене еден специјалитет со пилешки стек Стекот го сецкаме на коцки и го пржиме додека да зарумени,додаваме маринирани печурки и се пржат заедно.Откако и печурките малку ке заруменат се ренда кашкавал и се промешува.Се пржи уште неколку минути и на крај се додава кечап.Зачинуваме со вегета и мелен црн пипер. Добар апетит.
Пилешко, и начини на подготовка Ммм Сањичка21 ова ми звучи ептен вкусно, можда би било вкусно и без кечап. А како се сече стекот на коцки ? Се купува некој посебен или од тој замрзнатиот не се разбирам јас многу, ама пилешко обожавам Е сега што си е калорично си е ,не многу ама мора да и речам на мајка ми да го направи.
Пилешко, и начини на подготовка Лукс не да е вкусно пре вкусно е,пробај па ке кажеш.И да стек од тој замрзнатиот исечен на коцки.
Пилешко, и начини на подготовка Пилешки прсти Потребно е: 1. 500гр пилешки гради 2. 120гр брашно 3. 120мл пиво 4. 4 јајца 5. сол 6. зејтин за пржење Подготовка: Исечете го пилешкото на стапчиња со дебелина од 1см. Во подлабок сад изматете ги прво белките (како за торта), и потоа додадете ги жолчките кои претходно ги имате измешано со пивото и со брашното. Посолете по вкус. Смесата треба да биде густа како за палачинки. Во подлабок сад загрејте зејтин. Стапчињата валкајте ги прво во брашно, па во подготвената смеса и пржете ги додека не поруменат од двете страни. Откако ќе се испржат извадете ги на хартија да се впие вишокот зејтин. Преубави се!!!
Пилешко, и начини на подготовка Дали може некој да ми пише рецепт за пилешко во павлака? Фала однапред
Пилешко, и начини на подготовка Ете имам јас постирано рецепт за пилешко со павлака и кари...на првата страна погледни.
Пилешко, и начини на подготовка Имам и јас една многу убава рецепта со пилешки стек... Компири со пиле - Пица 1. Кило и пол компири 2. 700-800 грама пилешки стек 3. 3 домати 4. 300 грама кашкавал 5. 100мл. вино 6. 3с.л. масло 7. 2с.л. вегета 8. малку црн бибер 9. 1 с.л. чубрица Компирите се лупат и се сецкаат на поголеми парчиња. Се додава измиеното пилешко филе, насецкано со истиот размер. Се става во тава за печење и се додава вегетата, црниот бибер, маслото и виното. Се додава топла вода, да покрие се и се меша убаво. Се пече во релна на 300С. Кога компирите и месото се готови, доматите се сечат на кругчиња и се ставаат врз се, за да покријат. Кога и тие ќе се запечат од горе се додава рендан кашкавал и се поросува со чубрица. Се пече додека кашкавалот поцрвенее. Добар апетит !
Пилешко, и начини на подготовка похован стек Се сече стекот на парчиња, тенки. Се матка јајце. Прво парчињата да се поминат во млеко малку. Потоа се прпела стекот во јајцето, па потоа во брашно и се пржат.
Пилешко, и начини на подготовка Пробав, и навистина е превкусно :up: Браво за рецептот. Еве од мене еден рецепт, што го најдов специјално за темава, немам пробано, ама пробајте, направете го и пофалете се за вкусот. Јанија со Пржени Компири (Прилепски Начин) 1 кокошка 2-3 главици кромид 2-3 пoгoлeми компири 2-3 зелени пиперки масло брашно црн пипер во зрна црвен пипер сол Исечете ја кокошката на парчиња и измијте ја добро. Месото династвувајте го на масло. Кога ќе се вцрви извадете гo oд садот и во истотo масло испржете го добро и кромидoт, потоа вратете го месoто и заедно пропржете ти уште малку и додајте црвен пилер и малку брашнo. Вака пригoтвенoто месо залејте го со врела вода и оставете да се вари на тивoк огин. Додека јадењетo се вари испржете ти компирите, исечени на тркалца. Кога ќе се свари месотo додајте ги испржените компири и оставете да се вари уште десетина минути. Ако оваа јанија ја приготвувате во лето можете да додадете зелени пиперки вo кромидот. Служете ја јанијата со салата.