1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку долго може да опстои една средношколска врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 5 јануари 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Поттикната сум од многу љубовни проблеми кои ги читам во последно време.
    Колку може да опстои една врска започната на некои 15-16 години, дали навистина има потенцијал за нешто посериозно или за среќно ever after?
    Денеска ништо не е 100% сигурно, ниту има некакви правила, ама сериозно збеснувам кога читам како млади девојчиња се залетале по некојси тип и дозволуваат да им ја скрати слободата, младоста и лудувањето во годините кои се најмногу за тоа.
    Не сакам никого да навредам, некои од феминките знам дека имаат долгогодишни врски започнати токму во средно, некои се' уште се со партнерите, некои раскинаа, би сакала да слушнам и нивни размислувања, се каат или не, дали сметаат дека потрошиле време, би одиграле ли поинаку да имаат втора шанса итн.

    За мене лично, ваквите врски се чисто губење време.
    Навистина не знаеш кога Љубовта условно кажано ќе ти тропне на врата, ама се некако имам чувство дека на 15 години баш и не тропка. :^)
    Можеби сум цинична и сурова по ова прашање, период е, и секој треба да со изживее и помине, никој не е имун, како што не сум била ниту јас, ама зборувам лично за себе - кај ли ми бил паметот на 16 кога сум се трескала и сум замислувала дека сакам да останам со некое детиште до крајот на животот?
    :^)
     
    На Jenniffer, Miss.Ricci, dolly.doll и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Јас не сум имала ваква врска. Цело средно(добро де накај втора негде :) ) ми помина во пиење, журкање и мување, а не со сериозна врска. Дури немав ни некоја не знам ти каква голема љубов :wasntme:
    Ама мислам дека ретко успева. Се заситуваат еден од друг и сфаќаат дека некои работи пропушиле, па ги спукува во дваесетите желба за дивеење...
    Јас не познавам никој што има врска од средно уште да трае... да, има и тука некои такви примери, ама исот и јас сум скептик за ова. И не ја гледам поентата во тоа уште од средно да се занимаваш со вакви работи.
     
    На orevka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Тетка ми и тетин ми се фатиле кога биле во 2ра средно, а сеуште се во брак. :) Се зависи од карактерот на луѓето. Некои ќе истуркаат, ене погоре пример, но најчесто таквите врски не успеваат. Се согласувам со Трендафилка дека ваквите врски се чисто губење на време. Тој период според мене е резервиран за лесни врски, карање и лутење за ситници, мување, прво пијанство, прво одење на дома закаснет 3 и пол саати оти си била со него и сл. Од такви работи секој човек има потреба, па ако не ги изживеал во средно, порано или подоцна ќе јави желба за истите. За мене златно правило важи - Се во свое време.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене да се изјаснам. :lol:
    Од втора година средно сум со дечко ми. Фала Богу, не си ја трескавме главата со "проблеми" што ја инспирирале Трендафилка да ја отвори темава, туку одевме со ветрот и со текот на настаните. Да напоменам само - никогаш не сме се скарале и не сме паузирале за да се издуваме со други.
    Не се каам за ништо - дефинитивно и апсолутно сум сигурна во тоа. Доживеав се’ што требаше да доживеам со него.
    Никогаш не сум се држела за сламка да ја спасувам врската зашто е долга, туку сме заедно зашто тоа природно си дошло, ете така испаднало да не се скараме.
    Сите тие лудувања и другарувања не сум ги испуштила. Мувањето да - го пропуштив, но не го сметам тоа за знак на пропадната младост.
    Точно е тоа дека во тинејџерските години мислиш дека секоја нова симпатија е љубовта на твојот живот, а тоа е заблуда, ама погрешен е и ставот дека си млад и не треба да го почитуваш тоа што го чувствуваш. Јас секогаш сум се водела по начелото "терај додека е убаво". Епа кај мене испадна да е убаво долго време. :)
    Пак ќе речам - не изгубив ништо, туку добив едно прекрасно човече со кое заедно созреавме и со кое беспрекорно функционираме. ;)
     
    На sj *O*, M.Jolie3, richgirl998 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Имав 2-годишна врска. Почна во трета средно, јас мало заљубено, наивно, а тој постар , итар, болно љубоморен. Тој сакаше да седиме дома , а мене ми се шеташе. На крај не издржавме, тој претера, сакаше да ме контролира, а јас дива. Не само за мене, можам да пишувам за многу примери, речиси сите другарки имале врски по 2,3,4 годни, кои започнале во средно, а сега се со други.
    Не мислам дека тогаш знаеме што точно сакаме. Со тек на време растеме, се учиме себеси и можно е да сфатиме дека тој не е тој. Радосна сум што сестра ми ме послуша , па не почна врска многу рано и тоа долга. Тинејџерските години според мене се за забавување, а не да даваш отчет на некого. Да бидеме искрени нема девојка што на тие години не и е важно што мисли тој. Е да ми бил овој памет тогаш.
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас сум од оние кои несакаа да се обврзуваат уште во средно, си имав мувачи и потполна слобода да си правам што сакам, максимално ги искористив тие години :D пиење, искачање,зезање, лудување... повеќе се другарите одколку со другаркиве. Тие пак се испозаљубија уште во 1ва-2ра, а јас несакав врска ни да се обврзувам. Сериозна врска започнав кон крајот на 4та која вака така сеуште трае :D

    Моите 2 најдобри другарки направија големи грешки. Едната си го заеба школото ради дечко и најубавите години ги помина дома, несмееше да искача без него, кога ќе искочевме некаде секогаш го носеше и секогаш се караа ко ненормални, сето тоа заврши со непланирана бременост и се земаа. Сега е иста песна, нема ден кога ќе се видиме да не и се јави мажот и и да не се расправа :sweat: на неа и е дојдено преку глава и планира да се разведе... ооооо па она беше најзаљубена 24 часа беа заедно, пресреќна беше, тоа да, но тоа е она младешко затрескување според мене не е здрела љубов. :!:

    Другата другарка сите 4 години средно ги помина со дечко исто така, си имаше слобода и се ама сама го тераше да се постојано заедно и против негова воља го влечкаше на секакви собири од класот, па едно време почна да и пречи тоа па почна да го вара и да се расправа со него само за да излезе сама! На крај типот и раскина. 4 години фрлени во вода, чисто губење време, ги пропуштија најголмите забави и лудости со класот, сега тоа време нема никад да се врати и да се собереме цел клас ко порано, сите се по својот пат натака навака.


    Мое мислење е дека тие врски не траат, траат да едно 3-4 години цело средно, ама кога ќе се запишат на факултет ќе видат друг живот, колеги, колешки, искачања, одење по други градови, возбуда, авантура, и никој не го жртвува тоа заради љубовта од средно, секој т.е. барем повеќето парови се раскинуваат баш поради тоа што си сакаат слобода и да се изнаживеат не да неможе да мрднат на раат па ова па она.

    Тоа е тинејџерска и детска љубов, здрелата љубов доаѓа малку потоа. Да и јас се заљубив ко тинејџерка, ама го претворив тоа во здрела љубов, тој 3 години постар си има изживеано многу од тие лудории ова она, и ме остава и мене да го доживеам тоа. Никакво ограничување на слободата нема меѓу нас.

    Ако не си ги изживеете тие тинејџерски години сега ќе ве удрат бубачките кога ќе бидете постари, а тогаш богами ќе треба деца да думкате наместо во 5 сабајле од диско да искачате.
    Уживајте во младоста и животот во средно, тоа се најубавите години! :)



    Едит:
    Моите две братучедки си почнале врски уште од средно, едната одеше 8 години со дечкото сега се пресреќни во брак, исто и другата братучедка таа па ептен 12 години беше во врска исто сега е хепили мерид вит кидс. Дали е во прашање времето тогаш и времето сега и тогашните сфаќања или нашево време е лудо и сакаме да се изживееме до максимум незнам. Но јас не би била во 100 годишна врска па после и цел живот да го трпам пак само него :rofl: но љубовта незнае за граници :inlove:
     
  7. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    од моја другарка сестра и со дечко и одеше уште од средно и одеа 8,9 години па се скраја и сега нз...а исто и родителите од бившата на брачед ми оделе од осмо одделение :) и сеуште си се заедно
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Досега сите што ги знам што одеа многу долго во средно сега не идат.
    Тогаш си мислиш колку се слагате и сложувате, цел живот ќе бидете заедно, бла бла, ама не е така.Растеш, созреваш, сакаш да запознаваш нови луѓе, не сакаш на твоите дома да им објаснуваш, а не па на дечко или девојка, сакаш да се допишуваш со други, да искачаш по кафиња и диска, да се правиш фраер колку си ги имал или да се правиш фраерка како сите те бараат и си сакана.И тоа е нормално за тинејџерските години и според мене се работи што мора да ги поминеш некогаш во животот, па нормално, поубаво во средно него на 25 години.
    Колку и да сакаш и да ти значи некој, ако не ги поминеш овие работи ќе ти стане неподнослив, ќе мислиш дека тој/таа е крив што немаш младост.И затоа раскинуваат.
    Затоа според мене, може да успеат само оние врски од типот два месеци оди, четири не оди. Инаку, мнооогу тешко.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ретки се тие што успеале со врски од средно....Не дека сум циник или скептик или пак песимист,
    напротив сум огромен оптимист, но вакви врски не успеваат....Овие врски се добри за да влезеш во водите на дејтинг ворлд, барем според мене, и да добиеш колку толку искуство....сепак посериозни врски, за посериозна иднина, сметам дека се после 20ите, кога ќе се тргне на фах и кога ќе созрееш како личност....!!!
     
  10. plavusha21

    plavusha21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Темава ме натера да коментирам...Јас се наоѓам во една таква средношколска врска која од моја 2ра година средно па се до сега трае.Во неа поминав се и сешто,и добро и лошо,кога ке сумирам се на се доаѓам до некоја позитивна нула и ништо повеќе.Поминав низ фази на депресија,намалуванје на самодовербата,укратуванје на слободата и се претворив во некој кој не сум јас... И искрено да се врати времето на друг начин би живеела...Чувствувам дека многу пропуштив во животот, за нешто за кое сум свесна дека нема иднина и кога тогаш ке заврши. И искрено не би го препорачала ова на некој друг да го проживее. Уживајте во младоста, зошто таа не се враќа... :)
     
    На Dizii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Јас со дечко ми сум заедно од трета средно(17 години имав), сега сум 25 и уште сме заедно :)
    Сега кога ќе размислам, сепак не е толку убаво да се врзеш со некого уште во средно, подобро да си прошеташ прво, па после сериозна врска. Ама јас кога ја почнав врската не се ни надевав дека ќе трае толку долго и дека ќе биде сериозна :) .
    Како и да е, иако сум во долга врска(не се жалам, убаво ми е, го сакам, ме сака итн), не би посоветувала некој да се впушти во сериозна врска толку рано :)
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас имав 2 долги врски во средно. Едната почна во втора година октомври, а заврши во трета година октомври :) Втората почна во почетокот на четврта и траеше до после матура некаде. Имав и уште една измеѓу овие две која траеше 6-7 месеци некаде. Во главно во средно сме едни личности, но потоа созреваме и многу работи ни се разјаснуваат. За двајцата мислев дека ќе е крај на свет ако раскинам и се трескав од земја кога се случи тоа (ето не сум била одсекогаш лошотилук :lol: ) и затоа сега ги советувам девојките што доаѓаат да бараат помош дека се ќе помине со лесно, само треба да се има цврста волја и да веруваш во себе, да се сакаш себе повеќе од некој си дечко. Незнам дали е до карактерот, ама јас и брзо се заљубувам и брзо се одљубувам. Ми треба нааајмногу 1 месец за да бидам како нова после врска, секогаш. Дури и помалку од 1 месец. Откако ќе исфрлам се негово и ќе урлам и викам, ќе се сетам која сум јас и дали вреди. Која сум јас во мојот живот, а кој е тој некој во мојот живот. Тогаш ми станува јасно дека и тој си има и јас си имам живот, нема потреба да си го трошам мојот за него исто како што тој тоа не го прави за мене. И така девојки, ова го напишав ако на некоја и помогне во лоши денови да си го прочита и да и стане јасно која е она самата во својот живот и дали вреди :)
     
    На HoneyBun, 1209, Ema.Sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Точно е тоа дека љубовта може да дојде и на помлади години,зависи кај кого како.
    Јас се заљубив од 6 одд.. ех сеа некој ќе рече глупости,детски работи..алии
    детето беше најружно суштевство што некогаш сум го видела.. така да неможам да речам дека било затрескување детско.Ми беше најдобар другар,24/7 бевме заедно ( комшии )
    Заедно учевме во основно,заедно во средно.Таков карактер нема да сретнам никогаш.
    Заради нашето другарство ништо не направивме,паметни и двајцата нели :lol:
    Од кога знам за мене,знам и за него..
    Веќе не сме во никаков контакт поради тоа што има девојка..
    Нека е среќен,само тоа му го посакувам.
    Заради девојка остави најдобра другарка,туку така изгубивме контакт.
    Ваљда да не се повредува самиот тој.

    Имам пример чист - тетка ми
    идеше со еден основно,средно,факултет,се земаа,лечеа стерилитет,направија детенце и за што??
    после се тие се разведоа :x
    Цел живот со него и одеднаш нов почеток,нов живот.

    Секој си има различна судбина.Најбитно е да се живее животот.
    Имам другарка што не остави нас зошто типот нејзин не и дозволуваше ни да се шминка а камоли
    пак да излегува,тоа нема шанси :puke: Неизживеана ќе си остане,најлудите години ги посветува на некој да не го кажам комплексиран кретен.
    Има разлика од врска до врска.. Некои оправдувам,некои не..
    Јас сум се заљубила уште многу од мала,но не се каам за ништо.
    Се изгоруваш од еден,после од друг,учиш многу од грешките и веќе не се даваш целосно како некогаш.
    Малце на диштанц бидејќи се ти е многу добро познато :D
     
  14. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    Aјде еве и јас да си кажам, затоа што сум во долга врска :)
    И јас идам од прва, втора средно и до сега не ми фалеле оние журки, излегувања, прво пијанство, каснење дома и слично, затоа што сето ова сум го поминала со него. Многу зависи од карактер до карактер, а јас и тој имаме сличен, скоро ист да не кажам.. (си ја пронајдов мојата сродна душа). :$ Не ми е криво што сум испуштила многу мувања, разни дечковци и слично, затоа што се што сум поминала со дечко ми е многу повредно од тоа, а и не ми важи она правило дека убаво ќе се забавуваш ако се начукаш и разменуваш лиги со кој стигнеш (немора да значи дека ако искочиш само со другарките, се напиете и бркате дечковци дека ќе си поминете најубаво и незаборавно ќе се забавувате..) :^) Како што кажа ЛивингГлам не сме се скарале за да се издуваме со други, сме имале мали кавги да, како и во секоја врска, но одма се заборавале. Заедно созреавме, поминавме многу работи заедно и не се каам за тоа. Убаво ми е и си терам без проблеми. До сега никакви забрани немало ни од моја, ни од негова страна, супер си функционираме, што ми е мило, за разлика од некои други феминки што читам дека дечковците им забранувале ова она. Се работи за доверба која потполно ја имаме меѓу нас и ептен драго ми е што е така :)
    Значи, јас мислам дека ако се сака, може ваква врска од средно да опстои, но пак ќе кажам, зависи до карактерите и зависи од тоа дали си ја пронашол вистинската личност :*
     
    На sj *O*, portokalche, Aniston и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мене баш ми е жал што сум си потрошила 2 и кусур години така за џабе од една страна. А од друга страна пак, мило ми е, затоа што да не биле тие врски немало да сум тоа што сум. Можеби сега ќе сум се трескала за некој кретен што само на себе мисли, што ќе се изживува со мене. Но бидејќи сум ги поминала тие врски после се, не дозволувам друг врз мене да ги исфрла сопствените фрустрации. Особено не жалам за првата долга врска од втора до трета. Навистина убаво време, на кое секогаш ќе се сеќавам со насмевка :) А на втората ми се згадува кога ќе помислам, е за таа можам комотно да речам дека е...
    http://www.youtube.com/watch?v=DnbAOXtFJyM
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cinderellce

    cinderellce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    47
    Ех баш интересна тема, неможев а да не искоментирам........Јас сум заедно со дечкото од почетокот на прва година средно и сеуште сме заедно.Генерација сме, двајцата сме запишани на факултет, до сега не сме биле скарани и навистина ми се прекрасни годините поминати со него.Никогаш ништо не сме си ускратиле значи буквално не сум пропуштила ниту една забава,журка...било тоа да е со класот или со другарките а он никогаш не доаѓал со мене.Значи буквално не постои ден јас да не се видам со другарките или он со другарите,но сепак секогаш сме наоѓале време да се видиме и да бидеме заедно.Но......сепак има но :) Кога тогаш би го имала овој памет не би се врзала во сериозна врска затоа што сега кога веќе имаме по 20 години почнуваме да се разликуваме, сепак девојките созреваат порано и баш тука настанува разликата и многу врски го доживуваат својот крај......Па затоа на помалите девојки им препорачувам да не се врзуваат во сериозни врски, забавувајте се и лудувајте ;)
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Синдарелче, мислам вие бевте заедно уште летото за прва година? :?:
     
  18. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Jас мојата врска ја започнав 2ра година средно,а сега сум 4та.За некој ден правиме 2 години од кога сме заедно.Се зависи до карактерот.Јас не изгубив ништо од забавите со моите другарки,секој викенд сум излезена,си одиме и на кафе,вечерва за коледе ќе се собериме.Ниеднаш не се почувствував осамена.
    Сум со другарки,но и со него(врсници сме во иста гимназија само различен клас).Врската ни е многу сериозна.Еве сега дечко ми за 20 дена ќе замине странство,ќе се врати и пак ќе замине и така ќе биде и кога ќе се запишиме на факултет,јас Ск тој во странство но сепак имаме заеднички планови за иднината.Пр.ако стане успешен и остане во странство да ме земи и мене.Ништо не ми недостасува.Апсолутно!Напротив пресреќна сум што го имам него и што успеавме се да пребродиме и да бидеме поим за успешно.

    А наши другари,парови на школо имаат долги врска ама често се караат,изневеруваат.Сепак се враќам на моето дека секоја љубов е различна,исто како што и сите ние сме различни. :)
     
  19. cinderellce

    cinderellce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    47
    Па да од јули :) али месец два во долга врска не значат многу хехехех
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ако размислуваме обејктивно, средношколските врски се чиста смешка и реално се осудени на краток век. Плус излишно е да набројувам причини зошто за едни млади луди глави, е глупаво и непотребно да се впуштаат во врски кој наметнуваат сериозност и обврски, на толку млади години.
    Барем првите две години во средно, треба да бидат години на лудување! Буквално да не се засегаат со било што, да уживаат, да се забавуваат итн.итн.итн.
    Додека бев во средно не ни помислував на врска, искрено. Си имав симпатии, чат-пат ќе почнев да се маткам со некој дечко, и за две недели максимум го баталев.
    Во принцип, додека си во средно, нешто може да ти држи интерес максимум еден месец. А после тоа, пак си сакаш забава, нешто различно.

    Е сега мојов случај е малку поспецифичен.
    Јас во четврта година се фатив со другар од клас, со кој имав учено од прва година. Секако, до трета година, ниту ме интересираше, ниту пак помсилував дека нешто воопшто може да се случи! Да ми кажеше некој дека ќе бидам сега со него , ќе му се изнасмеев во фаца.
    Значи се фативме во 4-та и од тогаш сме заедно.
    Од мој аспект си го оправдувам овој чекор, зошто имав 18 години, и веќе имав прилично разновидни искуства со дечки, скршени срциња и слични глупости. Не викам дека оваа врска е сериозна, ама е далеку подлабока и потрајна од сите мои претходни.

    Така да, можам еден груб заклучок да донесам дека е најмногу до зрелоста. А во 15 година од животот, или да кажеме првите 3 години во средно, зрелост па и баш нема. Тоа е период на пробување нови нешта, пронаоѓање на самиот себе, истражување и градење на личноста, па било каква врска со нешто или некого би била лабилна.

    Се во свое време! - што би рекла баба ми. :rofl:



    Едит: Многу ме претркавте со постовите. Затоа морам да додадам, дека секогап ќе постојат исклучоци.