Самото име кажува се. Има луѓе кои сакаат ги избегнат традициите, но и луѓе кои сакаат да создадат нови. Не се плашат да експиментираат со изгледот и подготовките. Некои изгледаат како од Хорор, а други пак од некој Дизни филм.
јас евентуално да сакам необична свадба ќе се откажат преку весник од мене, а таму кај што се мажам нема да ме приберат,значи ништо од необични свадби за македонски услови,многу ни се патријахално растени генерациите.
Јас би сакала -некој ден да имам таква свадба т.е. да не е онаа класичната во ретсорани хотели,адети,одења по невеста,црква,матично -се во едно-не благодарам...би сакала на некое отворено место,рибник некој убав,во лето,со кетеринг служба а не со оние класични вечери од стекови и плескавици
Ах, без свадба по мој вкус, не се мажам До сега во животов се што ќе решев да го направам - ќе го направев, така е и сега, така ќе биде и кога ќе треба да кажам ДА. Ме боли уво за традиции и размислување на комшии и роднини. Се имам испланирано, сегашниов дечко прифаќа, е ако не се мажам за него, другиот ќе мора да прифати
ДА ДА ДА токму таква свадба сакам да имам да бидам поразлична од другите сакам фустанот да ми биде шампањ боја или пак бело со тиркизно повеќе сум за втората варијанта а со тоа тиркизни чевли, и букет од бели рози обвиткан не во бело во тиркизно,а младоженецот хмм да биде во црно одело со тиркизна кошула.. сепак какои да е ќе направам нешто необично
Да....но до одредени граници.....да речеме 50/50 И дефинитивно сакам мојата свадба да биде запаметена и да ја зборат гостите,токму по тие некои необични,несекојдневни-уникатни идеи ....тргнувајќи од тоа дека не сакам обични покани....па надаље....Искрено кога би можела и по гулаб би им ги пратила
И уште нешто МАКЕДОНСКО, а индиско http://bride.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B ... D0%B0.html Македонци направиле индиска свадба во Скопје
Дефинитивно НЕ, јас сум си за старите обичаи, со сите нишани и се разбира, сонувам за широка бела венчаница.
Мене овде не ми е ништо необично освен тоа што целите се покриени со тетоважи. На страна фактот што Емилија била преубава невеста ама мене овде апсолутно ништо не ми е чудно и несекојдневно.
Па незнам колку невести си видела со патики Јас на пример ниедна, ете тоа ми е невообичаено. И сите се сликаат покрај споменици, а овие види ја сликата во лимузината, ете и тоа до сега не сум го видела. Или пак тоа да се пушта само рок музика на свадба, место трубачи и ора да има Незнам дали го отвори линкот за да ги видиш другите слики
мене едно ми е глупо кај овие "необични" свадби. Не им ја сваќам поентата зошто мора да ставаат слики или клипови на интернет како необични свадби. Сакаат медаљон да добијат со тоа што се необични или што, или да се пофалат еј види мојата свадба е уникат. И што ако е необична ?
Мене ми се допаѓаат необичните свадби. Оние, традиционалните се премногу досадни и монотони. Секако, има и утки. Не се сите необични свадби убави.
Секој си има свој вкус и замисла како треба да изгледа тој ден, тоа не треба да биде необично, само што кај нас има некое закоравено мислење за тоа како треба да изгледа една свадба, па сега секое скршнување од тоа го класифицитаат како необично. Е сега да се претерува не иде- од типот црни, бордо венчанит или некој готик стил, тоа е претерано.
Не м исе допаѓаат необичните свадби. Се знае каква треба да биде. Не треба да се претерува. Секој си има право на свој избор.