1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мотивациско писмо

Дискусија во 'Барање работа' започната од newring86, 8 мај 2010.

  1. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Може ли некој практичен совет во врска со пишувањето на мотивациско писмо? Не мислите дека е малку без врска сама да си се фалам што знам :^)
     
    На Froshinka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    43
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Мотивациското писмо е за да покажеш дека си заинтересирана за работното место.
    Нивната улога е да се остави особен впечаток, и да се поттикне интерес кај читателот за да се добие покана за интервју.
    Примарно и најважно, пропратното писмо има за цел да ја претстави вашата апликација и кратка биографија.

    Краток преглед на пропратното писмо кој се препорачува:

    * Во првиот параграф, претставете се. Наведете кое е вашето моментално работно место или место каде што се образувате, и искажете интерес за компанија, наведете конкретно за кој оддел сте особено заинтересирани..
    * Втор и трет параграф: покажете го вашето знаење за индустријата и компанијата; упатете се на најновите вести и на моменталните предизвици. Образложете ја вашата мотивираност да се пријавите за работа во компанијата, конкретно наведете ги аспектите за кои имате интерес. Поврзете го вашето претходно искуство и достигнувања со вашиот интерес за таа работа и наведете ги вашите аспирации за во иднина.
    Ако е применливо Ако станува збор за промена на работното место или професионалната определба, објаснете зошто сакате да ја промените кариерата.
    * Последен параграф: Повторете дека сте заинтересирани за компанијата/работното место. Тука можете да побарате интервју; да го предложите времето и да му укажете на работодавачот дека ќе се јавите за да се сложите за погодно време за двете страни. Заблагодарете се што ќе ја разгледаат вашата апликација.

    Еве ти урнек т.е што треба да содржи и не претерувај со фалење. Ако ти треба пиши за што компанија, ќе ти помогнеме да напишеш убаво писмо.
     
    На boki85, howdoyoudo, TamiBubu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Ви благодарам на двете :)
    Имам уште едно прашање- немам работно искуство. Тазе дипломирана, што да напишам во SV-то?:^)
    Работава за која аплицирам ми е долгогодишна желба. Баш сакам да добијам шанса за интервју и цел ден се малтретирам да го изберам правилниот ред на зборови за впечатливо CV и мотивациско писмо :geek:
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    И јас сум тазе дипломирана, ама имам нешто ко работа за викенди. Значи во CV-то ќе ставиш се што имаш завршено, какво образование. И ако имаш обуки стави ги. Има распоред како се прави CV, не знам како да ти помогнам, кај да ти оставам меил, да ти пратам да видиш какво е и како изгледа. Или ако успеам ќе ти оставам тука пример.
     
  6. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Најчести грешки во мотивационото писмо
    Секој сака да знае како се пишува најдобро мотивационо писмо, меѓутоа вистината е дека нешто што одговара за една личност не мора да значи дека ќе одговара и за друга. Едно мотивационо писмо не одговара за две лица. Па, ако сакате да искористите туѓо мотивационо писмо или да искористите што некој професионалец напишал за некој друг кандидат, си правите себеси повеќе лошо отколку добро.
    Застанете за момент и прегледајте ги најчестите грешки во мотивационото писмо

    Се користите со нешто што некој напишал за вас.
    Грев број еден кај мотивационото писмо не е само плагијатот, туку и лошата пракса. Тоа секако нема да ве однесе далеку, бидејќи две лица кои бараат работа не се исти. Вашето искуство и компетентност се сосема различни од другото лице кое бара работа, па според тоа ако сакате да ја добиете работата, подобро и вашето мотивационо писмо да биде различно. Напишете нешто уникатно кое се однесува за ВАС, а не за некој друг.

    Општите мотивациони писма се најдобри.
    Повторно невистина. Прилагодете го Вашето мотивационо писмо на позицијата за која аплицирате. Ова вклучува вметнување на името на менаџерот, неговите контакт-детали и неговата позиција. Исто така, треба да биде вклучена и позицијата за која аплицирате, каде сте слушнале за таа позиција и содржината на вашето мотивационо писмо да ја направите ОСОБЕНО релевантна за позицијата за која аплицирате.

    Копирање на Вашата биографија во Вашето мотивационо писмо.
    Ова е најчестата грешка која се прави. Напишете нешто интересно во мотивационото писмо, нешто што ќе не привлече да го прочитаме вашето резиме, но не го повторувајте истото кое можеме да го прочитаме во вашето CV. Би сакале да посакаме да го прочитаме вашето CV, направете Вашето мотивационо писмо да не привлече да го прочитаме Вашето CV.

    Користење на ДОСАДНИ и ЧЕСТИ изрази.
    Изразите како "Како одговор на Вашиот оглас за ХХ позиција...". Тоа не е ниту оригинално, ниту креативно. Сакам вработен кој е оригинален, креативен и динамичен. Оставете ме без здив со првата реченица од вашето мотивационо писмо. Запаметете, барањето работа се базира на исклучоците, не на вообичаените работи. Менаџерите за вработување бараат причина да го фрлат Вашето CV, а вие треба да се борите да бидете на врвот. Наместо тоа пробајте нешто похрабро како:
    "Вашиот оглас за менаџер за продажба, идеално одговара на моите квалификации, човек да помисли дека огласот е за мене напишан, јас го имам токму тоа искуството и знаење кое вам ви е потребно."
    Спојувањето не е важно.
    Вашето мотивационо писмо треба да одговара со Вашето CV: фонтот, големината на буквите, форматот, дизајнот и сл. Содржината на мотивационото писмо треба да биде различна од содржината на Вашето CV, додека, дефинитивно, требаат да имаат ист дизајн. Ова ја покажува организираноста, грижата за секој детаљ. Дополнителниот напор значи многу повеќе отколку што можете да претпоставите.
     
    На Phyramide и Froshinka им се допаѓа ова.
  7. milce

    milce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    bi sakala da mi pomognete vo pisuvanje na motivaciono pismo za rabota kako medecinska sestra vo germanija.vi blagodaram na pomosta
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пратам ЛП , не знам дали знаеш има посебен германски образец за мотивационо писмо, ај се ќе ти пишам во ЛП.
     
    На freund му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    newrings86
    во мотивационото писмо не се фалиш себе си, туку објаснуваш во што се разликуваш ти за разлика од другите кандидати за одредена работна позиција т.е. зошто работодавецот би те одбрал тебе, а не некој друг :$

    и мотивационото писмо е поважно за разлика од цв-то :!: затоа внимавај кои зборови и фрази ги употребуваш :!:
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Сосема непотрбна, и излишна работа мотивационо писмо.
    нашиве фирми овде започнаа да изиграваат, како да се некој огромни меѓународни конгломерати, па си ја следат и најновата светска мода ЦВ и Мотивационо писмо ( иако се со два тројца вработени и канцеларии од 4 квадрата ) еве по мене како би требало да изгледа едно искрено ЦВ или Мотивационо писмо

    Предмет: Искрено CV -Мотивационо писмо
    До: XXXX ДОО

    Потполно неподготвен за работа под притисок и прекувремена работа освен ако не сум дебело платен.

    Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт.

    Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“

    Исто така, не ме интересира што сте во пробеми и очекувам сите обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и тоа да ги почитувате сите празници и годишниот одмор.

    Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.

    Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам краток фитил.

    Пцујам на неколку светски јазици.

    Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.

    Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.

    Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа. Тоа што сте посетиле два, три семинари – не ве прави образована личност.

    Што не знам – ќе научам. Не сум дебил.

    И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите.

    Со почит,
    XXXX XXXXX

    Секоја чест, човекот кој го напишал писмово се на место си рекол :)
     
    На warrior, tamche995, Водолија и 8 други им се допаѓа ова.
  11. milce

    milce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    Ајде Ирена помагај да го напишеме ова мотивационо писмо, го симнавме тоа што ни го прати, податоците знаеме да ги потполниме, ама после тоа?????? Па ако имаш во превод прати ни го да можеме да го потполниме. Благодарам.
     
  12. administrator89

    administrator89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ве молам да ми помогнете да напишам успешно мотивационо писмо, затоа што многу сакам да ја добијам работата за која ќе аплицирам, а не сум многу креативна во пишувањето. Благодарам однапред.
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    на првата страна имаш убаво објаснето како се прави. Сконцентрирај се и почни, за едно мотивациско писмо треба да се познаваш себе си за да се опишеш во вистинско светло.
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    напиши на гоогл и ке ти излезат мн примери на мак и на англиски, имаш речиси за секоја работа ;)
     
  15. freund

    freund Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1

    Здраво Ирена и Милче,

    Дали може да ми пратите германски образец за работа во Германија. Досега барав преку агенција , сега контактирам со едно казино , ама потребно е да пратам документи .
    Фала ви однапред.

    Поздрав
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Ајде некој што пишувал нека ни прати како изгледа од почеток,....првпат треба да пишувам а цв имам...Значи почнувам со претставување на себе,име презиме нели од каде си,образование...раб искуство имам само едно,дали да напишам дека имам курсеви по англиски италијански,компјутер такви ствари?
    Аххх гледам дека ќе се изнамачам незнам ни како да почнаммммм :sweat:
     
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
  18. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    Еве малку помош од моја страна од прилика како би требало да изгледа мотивационото писмо:


    Почитувани,

    Се пријавувам во врска со вашиот оглас објавен на ден.... во Службен Весник на РМ за работното место правник.
    Завршив на правниот факултет во Скопје Јустинијан I при универзитетот Св.Кирил и Методиј, насока правни науки, а потоа и постдипломски студии-правосудна насока. Имам работно искуство од една година како правник а притоа и двегодишно стажирање кај адвокат. Ова работно искуство ми помогна моето знаење да го применам во најдобро светло.Одлично го познавам англискиот јазик и го владеам работењето на компјутер како word,excel,internet.
    Многу верувам во себе, во моето знаење и способност. Лесно се прилагодувам со околината и поседувам голема одговорност во врска со исполнување на работните обврски и задачи.
    Воодушевена сум од вашата работа и тоа на каков начин ја извршувате истата.Навистина сакам целокупното мое знаење и потенцијал да ги применам во вашата фирма бидејќи многу верувам во себе и сигурна сум дека нема да ве разочарам.
    Однапред ви благодарам на можноста да бидам повикана на интервју, на кое самите вие ќе можете да ја утврдите мојата способност, флексибилност и знаење.
    (во прилог можете и да оставите е-маил адреса и телефон на која ќе можат да ве контактираат)

    Со почит,
    ХХХХХХХ

    Се надевам дека малку ви помогнав...поздравче :*
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    Фала ти многу BurstBerry, писмово навистина ми се допадна. А дали треба форматот да биде во word, pdf, или можеби нешто друго? :*
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Kaкo изгледа пропратно писмо

    До Фирма

    адреса

    Место, Датум

    Почитувани дами и господа,

    Се јавувам на конкурсот кој го распишавте за работно место име на позицијата, за кој дознав од дневниот весник име на дневен весник на ден датум.

    Моето име е име и презиме, по струка. Образованието го завршив во место, град,држава пред број години. Тоа беше почетен импулс да се ориентирам кон име на бранша. Со текот на годините се усовршував, посетував различни специјализации и обуки.
    Подетално за ова во приложената биографија.

    Имам учествувано во голем број на проекти и најголемото достигнување ми е поставување на интерент портал за нашите производи наменети за извоз на англиски и италијански јазик. Времето во кое го постигнавме ова беше доста кратко, но резултатите се покажаа како одлични во однос на зголемување на продажбата на
    фирмата за преку 23 проценти.

    Имам одлични познавања на англискиот и италијанскиот јазик кој се должи пред се на постојаниот контакт со деловните партнери од овие земји, како и моите напори за време на летниот период да има јазичен престој во овие држави. Од Ms Office ги користам Windows, Word, Excel, Интернет.

    По природа сум ведра и комуникативна личност. Имам позитивен став кон работата и лесно се прилагодувам на тимска работа.

    Сметам дека моите квалификации одговараат за работното место за кое конкурирам.

    Верувам дека Вие им нудите можност на младите луѓе да ги покажат своите способности и потенцијали и затоа се надевам дека ќе бидам повикана на интервју .

    Во прилог на овој допис е мојата биографија со опис на активностите и искуството од мојот досегашен професионален развој. Се надевам дека ќе биде позитивно разгледано и затоа однапред Ви се заблагодарувам.

    Со почит,

    Име и презиме

    Своерачен потпис

    Прилози:

    · Биографија

    · Препораки

    Текстот е добиен од http://www.csglobal.com.mk
     
    На glosipgirl, howdoyoudo и sunfemina им се допаѓа ова.