1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Како прво јас добро кажав дека од 1 месец секусално активна не е ништо страшно.....не може толку бргу да фати некоја страшна болест како што рече ти цин 1 цин 2.Второ цин 1 и 2 и 3 неможес да му го пренесеш на партнерот а исто така и вирусот хпв(освен СИДА).Многу добро сум информирана за тоа тоа не се пренесува.Најчесто од тоа заболуваат после пораѓај има х жени што не одат редовно на преглет откако ке се породат и заболуваат, а има и кај нас девојките кои од некоја јака инфекција кој може да се закачи од сешто а не се излекува на време да прерасне во хпв а потоа во цин...... сваќаш?
    А за тоа што велиш ти од каде јас знам дека дечко ми е чист...........извини постои и брис за машки!!!!!
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    ^^^^^^^Anelija
    За да се добие сексуално пренослива болест е доволно само еден однос ,а не месец или два .На гинеколошки преглед е најдобро да се отиде пред воопшто да се почне со сексуална активност за да се утврди дека се е како што треба(преглед со надворешно ехо) .Извини но навистина не треба да се фалиш и да советуваш некого од проста причина што ако ти не водиш сметка за своето здравје тоа не треба да биде случај и со другите .
     
    На bittersweet и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Гоооооолема чкртка за цел муабет.

    Може толку бргу да фати страшна болест, дури и со 1 сексуален однос, иако ЦИН1 не е страшна како што си ја пишала.
    ЦИН1 добиваш од партнерот и му пренесуваш, а кога ке ти се предочи дека е ВИРУС ке ти текне дека е нешто заразливо, т.е. преносливо. И си го чуваш во тебе, само прашање на имунитет е кога ке се активира. ЦИН 2 и 3 се следни фази, а почетниот стадиум ЦИН1 е тоа што го добиваш од партнерот, т.е. му го пренесуваш.
    Кај машкиот партнер не се воочува со оглед на тоа што имунитетот е повисок од на жената, а при добар имунитет, не се воочува присуство на вирусот. Не е дека го нема.
    И не е точно дека жени после породување најчесто добивале, зашто како што можеш наназад да прочиташ, или во другите теми (за ЦИН1), ке видиш дека жени кои немаат родено се плашат дали може да им влијае на плодноста и бременоста.

    И обемната информираност во негативен контекст ти оди.
    Јас после 3 месеци од првиот однос отидов на гинеколог и веќе си имав заработено ЦИН1, затоа фрли го во вода ова знаењево.
     
    На AIT и bittersweet им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^^^Леле девојче незнам дали да се смејам или да плачам заради ваквата твоја неинформираност,а уште полошо е тоа што тврдиш дека си информирана :x
    Од колку пати мислиш дека доколку имаш незаштитен однос ќе се заразиш?
    Одговорот ти е од прв пат
    ХПВ е најраширена СПБ на денешницата и нема никаква врска со породување,туку со незаштитени односи
    Брисеви се зема само доколку веќе се манифестираат симптоми инаку се праваат прегледи на крвтта.
    ХПВ нема никаква врска со ХИВ


    Не ќе е лошо малку да се информираш пред да шириш вакви дезинформации,тоа е за твое добро затоа што од ваква неинформираност се повеќе се шираат СПБ....
     
    На Marilyn-Monroe и AIT им се допаѓа ова.
  5. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    доброо луѓееее немојте да ме тепате ,,јас ова го имам слуснато од мојто доктор а вие пишувајте како сакатеее не ме итресеира.А јас не дека не водам сметка за моето здравје,туку ми беше страв и срам да одам усте на почетокот и затоа одев сега ......и секој има право да каже сто мислииии а ако не ви се допаѓа моето мислење.................не кажувајте дека не знам пошто јас тоа не го имислувам :) :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Тоа не е мислење за некоја банална работа, сериозни работи се во прашање. Девојките сакаа да ти укажат дека треба да се информираш, сепак за здравје се работи. А и тука шириш погрешни информации што некој може сериозно да ги сфати. Затоа подобро да си бидеш информирана, неинформираноста е болест ;)
     
    На Lacrimosa и bittersweet им се допаѓа ова.
  7. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Папа тестот може да го спаси вашиот живот. Со помош на овој тест може да се откријат најраните знаци на ракот на матката, рак кој е многу чест кај жените. Во случаите кога ракот на грлото на матката се открива во раните стадиуми, постојат големи шанси тој целосно да се излечи. ПАП тестот, исто така, може да ги открие и инфекциите и абнормалните клетки на грлото на матката, кои можат покасно да се развијат во канцерогени клетки. Лекувањето на инфекциите и на овие т.н. преканцерозни состојби на грлото на матката, можат да го спречат развојот на ракот кај голем број на пациентки.
    Ракот на грлото на матката најдобро ќе може да го спречите така што редовно ќе одите на гинеколошки прегледи, при кои, рутински се прави и ПАП тест.Честотата на правењето на ПАП тестот зависи од возраста на жената, како и од нејзиното здравје.Многу е важно сите жени да прават ПАП тест, во склоп на редовниот гинеколошки преглед, како дел од својата рутинска здравствена заштита.
    Папа тестот треба го го направите ако сте
    - наполниле 21 година,
    - помлади од 21 година, но сте сексуално активни повеќе од три години.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Мене ова ми падна во очи.
    Ко божем пред да имаме односи со момчињата ќе им бараме здравствена книшка :rofl:
    А кондомот е докажано дека не штити од ХПВ 100%, некои велат дека дури и 25% штити кондомот само кога станува збор за овој вирус, што е причина поради која е еден од најраспространетите сексуално полови болести.

    Не е воопшто срамота да не знаеш, никој учен не се родил.
    Ама лошо е да мислиш дека знаеш, а шириш дезинформации. Подобро да те поправат него да си во заблуда. Можеби мешаш ХПВ со ХИВ. И јас до пред некој месец немав поима за ХПВ освен најосновни информации, додека не ми рече гинекологот да дојдам за 6 месеци за да направам типизација зашто можеби го носам вирусот а јас не сум знаела. Дури не ни знаев дека се пренесува исклучиво преку полов однос, ама сега знам :) Така и ти со текот на времето ќе дознаваш се повеќе информации, тоа е нормално, на почетокот сите сме неуки. ;)
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Како тоа не се добивало сексуална болест од еднаш?
    А зошто тогаш се препорачува секс СО КОНДОМ обавезно ако имаш секс за една вечер?? Ако беше за така, воопшто не ќе беше опасно да имаш секс за една вечер на пример, фурај без кондом ајде, од еднаш не се фаќа болест. |(

    Затоа што може да фатиш некоја инфекција, вирус , бактерија инт инт.

    А ако тоа што го кажа ти, ти го има гинеколог кажано, (што се сомневам, али ај така нека е), тогаш под итно да му се одземе дипломата.

    Цин 1 се добива секогаш, а во поголеми случаи баш после пороѓај исчезнува. Меѓутоа хпв вирусот си го имаш во тебе за цел живот, и при намален имунитет ќе ти се појавува цин 1. Што и не е "страшна болест" како што кажа.
    Цин 1, 2 и 3 не се пренесувало? :x Кога веќе одиш на гинеколог убаво распрашај се и слушај кога ти објаснува.


    Штом девојка стане сексуално активна, препорачливо е одма си почне со прегледи. Ако одолговлекува, може потоа касно да е кога ќе отиде. А од еден сексуален однос, верувај се пренесува одма се. А не постепено, како што мислиш ти. Барем прифати го ова што ти го кажуваме, и признај дека си згрешила и не инаети се дека си во право.
     
    На Annath, bittersweet и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap:
    Чичко гугл послужил за нешто корисно |(
    На гинеколошки преглед не се оди само за ПАП тест,се оди за многу работи.
    Искрено не сакам да си го трошам времето да информирам некој кој очигледно несака да биде правилно информирана туку да биде во право.
    И за на крај да те оставам со една информација секоја девојка без обзир дали е сексуално активна или не треба еднаш годишно да си направи гинеколошки преглед може да и го спаси животот.Јас бев 20години и не бев сексуално активна кога ми открија тумор на јајникот,немав никакви симптоми туку се откри при редовната посета на гинеколог.
    Ти и понатака мисли си дека си во право
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Која е само логикава ако почнеш да се сексаш на 18 год. правиш ПАП тест на 21 год. после 3 год.
    Ако пак почнеш да се сексаш на 21 год. правиш веднаш? Зошто не после 3 год?
    Изгледа зошто тогаш си полнолетна по американските критериуми, ова од некој американски филм да не го презеде и тоа жанр (траги)комедија :D ?!
     
    На parrot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.089
    Rules are rules ... си знае девојчето убаво.Вие постари,ја најдовте неа помала и ќе ја играте сега...срамота.
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Не е за тепање работава, ама слушај паталец, а не гаталец.
    Значи нема пак да те тепам, нема да боли ова, ама како тоа по амерички закони сме дискриминирани ние на 18 години што станавме полнолетни? :^)
    Епа да ти кажам овие старосниве граници што ги имаш направено, да ги спуштиш подолу. Не се ретки случаите поради неинформираност мали девојчиња (логично под 21) да влегуваат во сексуални односи од многу рана возраст, па додека дојдат до 21 ке поминат многу партнери и ке заработат што ти не. И да треба 3 години да чекаат за преглед, а денешницава е кризна, па сите практикуваме МИНИМУМ еднаш годишно да одиме???
    Си има таму и сексуална култура бе, ама кој да ја почитува. Ако сакаш добар секс, и мирен а не стресен - добро едуцирај се како да го спроведеш, а да уживаш на чисто.
    Сексуалната активност си носи и потреба од гинеколошки прегледи, како за женското така и за машкото. Воопшто не е срамота на партнерот сама да го натераш да оди на уролог.

    Инаку за овие дефиницииве за ПАП-тестот и неговите благодети, каков е и за што служи, верувај, ги знам добро. Затоа ти посочувам, ако не не читаш нас низ што сме поминале, читај барем стручна литература, заштво твоите сознанија не се коректни.
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    гинекошки преглед е ок(одамна не сум била , треба да отидам)
    ама ПАП тестот не да болииииии ;( :sweat:
    леле мамичке(кога го правев лани, мислам дека еден дел од вагината ми земаа на испитување , ме болеше УЖАСНО) :sweat: ;(
     
  15. pleomax

    pleomax Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    дали доколку се има заштитен однос со кондом може да се добие некоја инфекција ??
     
  16. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Епа добро, веќе кога сите си го кажавте вашето познавање од медицина, можевте барем и да ми одговорите на прашањето кога сте веќе тука :rofl:
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    сигурна сум дека ке ти одговориме ако кажеш од кој град сакаш доктор??? :?:
     
  18. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Скопје :D
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    хехе епа тогаш очекувај одговор, ама можеш и тука да си читниш, во оваа тема сигурно ке најдиш нешто ;)
    zdravstveni-problemi/dobar-ginekolog-t466/ ;)
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pleomax

    pleomax Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    може некој да ми каже?