1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со помош на нутриционист

Дискусија во 'Диети' започната од majamaja, 2 август 2010.

  1. Phgirl

    Phgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Слабеење со помош на нутриционист?!?

    Здраво народе!
    Сакам да поразговараме во врска со диета,т.е начин на исхрана со помош на нутриционист. Се прашувам дали кај нас има некој вистински нутриционист, или сите се приучени, недоучени во врска со исхраната. Верувам дека знаат, имаат читано, посетувано конференции и сл. во врска со здравата исхрана и здравиот начин на исхрана. Но мене навистина ме интересира, како тоа прават диета спрема крвната слика? Спрема крвната група ми е разбирливо, ама крвната слика?? Што е со оние кои имаат нормални параметри, а сепак имаат вишок на килограми?
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Слабеење со помош на нутриционист?!?

    Jaс имам слушнато за вита диет од многу луѓе како го фалат па пробај таму ;)
    Јас никогаш не сум била,но повеќе почитувам кога сам ќе си воцедеш режим на исхрана и ќе фураш со него...кога сам ќе си стекнеш навики за одредени јадења,кои треба да ги исфрлиш,кои намалиш а кои да ги конзумираш повеќе кон сето тоа ќе додадеш активност,вежбање -тогаш е долгорочно...со нутриционист би можел да ослабеш,ама ретко која продолжува со таква исхрана и пак се враќа на старо ,стара килажа и стари навики..нутриционистот може а ти даде една насока,ок е,ама цел живот да го посетуваш и да фрлаш пари,не благодарам....секој организам функционира различно и мислам дека ние најдобро знаема што ни одговара што не..ако некој е решен да ослаби,ако има волја и желба ќе го оствари тоа и сам,бар денес има начини :)
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Слабеење со помош на нутриционист?!?


    Колку пари е еден преглед таму? А за цел месец колку треба да платиш? Немам многу пари а би сакала да одам. Ај чаре... :(
     
  4. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Слабеење со помош на нутриционист?!?

    Кај Тања во Вита Диет прво плаќаш 3000 ден за 3 месеци.Ако сакаш да одиш и понатаму од кога ќе поминат тие 3 месеци си плаќаш 1000ка од месец.
     
  5. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ве прашам оти спомнувате и Цеце и Тања. Двете работат на истото место? која е подобра, која да ја барам?
    И што мислите за Цвета Динева?
    Незнам каде. :?:
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Епа Цеце е уствари Цвета Динева :D Кај Цеце имаше повеќе деца, не даваше многу строги режими... на пример, никогаш не ми даде течен ден, дури ми дозволуваше да јадам и пица вегетаријана 8) ... мислам, еднаш во три месеца, ама сепак :D

    Јас одев кај неа пред 4-5 години,... и се беше супер, ослабев можеби 25-6 кг,.. него проблемот е што, кога престанав, мислам дека буквално за две недели ги вратив :o Туку, кај мене е поинаква ситуацијата, пијам и разни лекарства, ми се чудеа кога одев таму,... како и покрај лековите успевав да слабеам... не сакам да се фалам, верувајте,... пак си ги вратив сите откако престанав :( сега од јануари пак си почнав да ја држам - не толку строго, на истиот принцип,... овошје за ручек, протеини или јаглехидрати за ручек и за вечера салата/супа - и досега ослабев речиси 10тина кила...

    Многу често, луѓето мислат дека оваа диета се базира врз крвната група... значи, нема врска... бараат крвна слика чисто информативно, и доколку нешто треба да се зголеми/намали, го постигнуваат тоа со храната... гордо изјавувам дека со помош на Цеце, дел по дел ми ги симнаа лековите после отприлика година дена,.. ама откако престанав... и килограмите и лековите назад :tmi:

    Нааајтопло ви ја препорачувам, ама бидете доследни а не како мене,... :$ и променете си го начинот на исхрана... :)
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IvaMk

    IvaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Јас кај Цеце одев пред 2 години и за 2 ипол месеца ослабев 13 кг ама нејке само ослаби па удри после на јадење и кој престанав да одам си ја вратив килажата.. а од прилика памтам и што јадев како јадев
    Насабајле само што ќе станев сок од 1 цеден лимон со 1 лаж ленено масло, 1 цеден портокал во 300мл вода, 1 чаша млеко од соја, 1 јаболко, 1 банана и 5 суви сливи.. После до 16ч. можев уште 1/2кг овошје (портокали,јаболки) во 16ч ручек (нешто манџи даваше без леб со салата, па еден ден риба со салата и супа, пченкарно брашно со салата и супа, макарони ..) после ручекот овошје никако. Саат ипол после оброк несмееш вода да пиеш а дневно барем 1,5л вода треба да испиеш и за вечера имав пуканки, салата од морков и цвекло, 3 лаж. пченични никулци со млеко од соја и одприлика тоа е..

    На почеток е тешко ама после 1 недела се навикнуваш и супер ти е.. Освен тоа Цеце не само што ме излечи физички туку и психички пошто без многу искомплексирана
    А и ке заборавев за крвната слика што треба да ја однесеш.. Мислам дека тоа го бара чисто информативно како што кажа некој претходно за да види како си со крвот евентуално ако си слабокрвен да ти смени нешто горе доле за да ти се регулира крвната слика.. А ако си Океј мислам дека истиот режим се врти. Па мило ми е ако помогнам некому :)
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Тоа лененото масло и е изгледа омилено... на сите го дава.. ама погадно нешто од тоа - Н Е М А! :puke:

    Едит : ми текна дека има нешто погадно... млеко од соја без какао и кафен шеќер.... ууууууугхгххг :puke:
     
  9. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Doozy, Iva, јас сакам да одам за да се здебелам :$
    Работи цеце со случаи за дебелеење или само за слабеење? Мислам дека и ова го работи..пошто ипак нели, здрав режим на исхрана..
    Пошто гледам не само вие две, туку и други девојки ја фалат многу..и за дебелеење дека им помогнала..
    А Цеце или Тања е подобра?
    Јас планирам идната недела да одам
    Инаку да, направив крвна слика пред 2-3 дена..
    Спремна сум да се здебелам па што сака нека биде.
    Ако имате некој совет, искуство +, ве молам пишете :)

    едит.
    и да ве прашам, каде и е ординацијата на Цеце? И како се прави, се закажува за кај неа, се иде дирекно, како?
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Јас кога одев, беа Вита Диет, веднаш зад бисер мислам беше :^) сега разбрав дека се скарани, и башка си работеле... кај која и да отидеш, нема да згрешиш... и двете се професионални и сигурно ќе ти помогнат :)
     
  11. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Се скарале :lol: па најубаво секој сам господар..со партнерство не е баш лесно :)
    фала многу, а како да дојдам до информации за цеце? ај кај неа пошто со неа сите муабети почнаа..
    ?
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Епа се скарале, и цаааап... ја ваму, ти таму :D

    Имам еден број од времето кога ја одев, ќе ти го пратам по лп - ако ти сврши работа... ама тешко, затоа што е фиксен... мислам дека фиксниот телефон настрадал во кавгата :D

    Ех, секој со својата мака... колку би било убаво да има едно црево... па да си правиме на ти го, дај ми го... со салцево... во секое време, најкомотно ќе можев минимум пет кила да дарувам :rofl:

    http://www.facebook.com/group.php?gid=240065844151

    Еве ја фб страната на цеце... на тој нејзиниот клуб... ако смета, слободно нека ја избришат модераторите... нејм, само што ти ја пратив лп, го најдов ова :)
     
  13. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Мислам дека имам јас е-маил , ќе го побарам и ќе ти го пратам ( а ќе видам мислам и дека телефон имам )
    Иначе сум била и кај двете.
    Прво бев кај Тања, и нејзиниот режим ми беше построг (што лично за мене мислам дека беше подобро)
    бидејќи повеќе ослабев, а потоа кај Цеце одев и со нејзиниот режим ослабев , но помалце.
    Сега не сум во можност да одам на нутриционист, ама го држам истиот режим на исхрана бидејќи најважно од се, преку нив научив како здраво да се исхранувам , да не гладувам, а истовремено да слабеам.
    Но, доколку имате можност да одите , би ви препорачала бидејќи мене многу на психата ми делуваа :D
    И имав додатна мотивација :)
     
  14. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Женски ви благодарам најмногу за информациите и за трудот!!

    Јас ни едната ни другата ја знам, али ај кала вика построга била Тања, па кај Тања да одам онда..
    Ми треба мене дисциплина. Дози таман ти најде фејсбукот на Цеце ја викам кај Тања ке одам :D хахах извини :wasntme:
    А Тања каде работи сега? Адреса, телефон нешто?
    Прашав и погоре, директно се оди или со закажување е?
    Кала уште едно прашање, зошто си била и кај двете? Или кога си идела ти, заедно работеле? :^) не ми е јасно
    ви благодарам многу уште еднаш :* :*
     
  15. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Кога почнав да одам , работеа заедно.
    Тогаш не ни бев свесна дека се две. :)
    Потоа, после година дена , бев повторна во Вита диет клубов , со намера повторно да бидам кај Тања, но бидејќи не сум од Скопје ми дадоа контакт од Цеце бидејќи ми кажаа дека таа оди и во други градови.
    Па , така продолжив да одам кај Цеце бидејќи не бев во можност да одам секоја недела во Скопје.
    Е сега, бидејќи тебе ти треба колку што сфатив да се здебелиш мислам дека ке ти помогнат многу.
    Имам една познаничла којашто си го поремети организамот, ослабе нагло до анорексичност се доведе, па почна да оди кај Цеце и ептен се нормализира потоа.
     
  16. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Ахаа значи така.
    Кала, ме испобуни уште толку!! :devil:
    ослабе нагло до анорексичност се доведе, па почна да оди кај Цеце и ептен се нормализира потоа.
    сега Цеце ми ја спомнуваш.. Ајде реши се и кажи која да ја барам, Цеце или Тања.. Од Цеце ми дадовте информација, од Тања незнам уште ништо но ке најдеме.. Кај која да одам сега? :)
    И јас искрено се надевам дека ке ми помогне, а и ке работам на тоа секако.. 60 кила да направам ке бидам препрепрепрепрепрепресрекна :D цел живот ке ми се смени на подобро, од секоја можна област.. ќе биде, се ќе дојде во ред :)
    само кажи ми кај која да одам?
    ве гушкам :hug:
     
  17. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Кај која и да одиш , нема да згрешиш. Двете се супер ;)
    Е сега, ако не си од Скопје , полесно ќе можеш да дојдеш до Цеце бидејќи таа оди во повеќе градови, ама не знам кои поточно.
    А Тања мислам дека само во Скопје работи. :)
    Иначе за ова со анорексичноста ослабе бидејќи не јадеше самоволно ништо , а не бидејќи одеше на нутриционист. Откако и се појавија проблемите почна да оди на нутриционист ;)
    Се надевам сега ти е појасно :D
     
  18. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Од Скопје сум. Незнам стварно каде да одам, не сум одлучна особа вака кога станува збор за бирање :D
    А за тоа подоле, не сме се разбрале, сфатив зошто го кажа тоа..туку го пишав тоа бидејки погоре ми пиша дека Тања имала построг режим, а Цеце полесен.. па ја после реков тогаш кај Тања ке одам..и потоа ти го спомна тоа со познаничката дека Цеце и помогнала и дека девојчето се довело до нормала..со тоа ме збуни, иначе го сфатив ја :D
    Ајде Тања ке ја барам, само немам никаква информација..доколку имаш пиши ми адреса или телефон :)
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    А бе, Нејм... не се тупи многу многу... ;) и двете работат на ист принцип... јави се и прашај и кај едната и кај другата... и сама одлучи си каде ќе одиш... ние само ќе те збуниме со тоа оди ваму оди таму... кај и да отидеш сигурно нема да имаш негативен резултат,... затоа што и двете се барани и признати! :)
     
  20. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Oк. благодарам :)
    само уште немам информации од Тања..