1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. white-chocolate

    white-chocolate Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Може некој да ми даде рецепт од торти?
    Лесни торти со повеќе фил а помалку кори?...(да не се премногу благи а да се многу вкусни)
    Благодарам однапред! :up:
     
    На лукајана му/ѝ се допаѓа ова.
  2. purpurna

    purpurna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    31
    Мразам да печам пандишпани, па еве една лесна и брза песок торта.
    5 пудинзи ванила
    со литар ипол млеко
    1 маргарин 20 лаж шекер во прав
    300 гр ореви
    300 гр плазма
    250 гр кокос
    1 шлаг за одозгоре мелени оревите и бисквитите ,пудингот го делиш на три дела и во во секој од нив ставаш во еден орев во друг бисквита и во третиот кокос
    долниот дел се реди со бисквити па кокос и на крај оревот се надевам дека ќе ви се допадне на здравје.
     
    На Pucanka, MilaP, femina0 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. zija

    zija Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Јас сум секој ден на темата за диети :D :D :D но исто така сум и голем гурман и ги сакам готвењето и тортите ,еве нешто лесно и одлично :D се надевам дека ке ти се допадне .1: бисквит овошен колаш :

    потребно е>500гр бисквити (најдобро вики)
    >2 пудинга од ванила
    >овошје:јагоди"малини "капини ,што имаш може и смрзнати и мешано( едно канче од кисело млеко)
    >2 ванилин шеќер
    >550гр шеќер
    >750мл вода
    припрема :водата и шеќерот иванилите се ставаат да вријат како шербет <
    настрана, овошјето ако е свежо се пасира малку ако е смрзнато не мора
    и пудинзите се разредуваат со вода и шеќер (како што се прави пудинг)
    бисквитите се кршат на поголеми парчиња во тава што ќе стои тортата ( најдобро е правоаголна

    кога ќе зоврие шербетот се додаваат овошјата и се остава пак да зоврие малку околу 10 мин па потоа се додава пудингот и се меша убаво ,добиениот фил се истура врз бесквитите и се меша добро за да има насекаде околу бисквитите се израмнува одозгора и се остава да се олади ,за поубав изглед одозгора се става шлаг или хопла а летен период и сладолед ,,,, :up: :up: пријатен апетит

    и оваа торта е лесна и брза < јаболка торта >

    потребно е :2кг јаболки (најдобро е киселки)
    :шеќер по вкус ( и малку цимет по вкус)
    :бисквити околу 500=600гр
    :2 пудинга
    :маргарин 150 гр
    :хопла мала 200мл или 2 шлага
    припрема: јаболките се лупат и се рендаат потоа се пржат на оган се додава малку зејтин да не подгорат
    потоа се додава шеќерот се меша и кога ќе биде готово се трга на страна (важно е да биде по сочно, но не премногу)во правоаголна тава се редат бисквитите врз нив се истураат јаболките се разредуваат низ бисквитите убаво па врз јаболките се редат пак бисквити, настрана се прави пудингот со маргаринот и изладен се става врз бисквитите и врз пудингот се става хоплата или шлагот а може и сладолед .

    се надевам ти се допаднаа моите рецепти и ако нешто не ти јасно прашај позззззззззззз до тебе и со среќа
     
    На Xana1318 и Street.chic им се допаѓа ова.
  4. white-chocolate

    white-chocolate Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Некоја овошна торта со многу фил и овошје? На пример со јагоди??? :mrgreen:
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Овошна торта
    -5 јајца
    -10 супени лажици млака вода
    - 10 полни супени лажици брашно
    -10 супени лажици шеќер
    - едно пециво
    - 15 супени лажици шеќер ( за шлагот)
    - јаболки 1 кг
    За тесто
    Се матат жолчките со млаката вода и со 10 те лажици шеќер т.е на една жолчка одат две лажици млака вода и две лажици шеќер) се додаваат 10 лажици брашно и пецивото, откако ќе се стави брашно не се миксира само се меша со лажица.

    Јаболката се лупат и се сечат на кришки, плехот ( во форма на круг ) се премачкува со масло и се обложува со жеќер и во така подмачканиот плех се редат јаболката , се ставаат доволно јаболки за да не се гледа дното од плехот.
    Плехот со јаболки се пече 5 минути на 200 степени , се вади, врз јаболките се истура смесата за тесто и се враќа да се допече уште 30 минути.
    Белките се матат со 15 лажици шеќер за да се добие шлаг.
    Кога ке се испече тортата се вади малку се остава да се излади и се превртува така јаболките да дојдат горе а тестото доле, се филува со шлагот.
    За да има поубав мирис може во јаболките да се стави цимет, сецкани ореви или да се искомбинираат со било кое друго овошје.
     
  6. slagana07

    slagana07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Торта со хопла и овошје (лесна и брза за правење)


    1 литар хопла Цремале (така пишува на паковањето) користете ја исклучиво неа за торти
    4 јајца
    4 лажици шеќер
    1 конзерва ананас
    1 тегла компот од вишни
    2 банани
    2 киви
    2 портокали
    1 пакување бисквити големо
    2 паковања шлаг пена
    2 кесички желатин


    Прво се матат 4 јајца со 4 лажици шекер се додека не се растопи убаво шеќерот.Во друг голем сад се мати хоплата убаво да се згусне а потоа се додаваат изматените јајца се мати уште малку за да се соедини. Овошјето односно ананасот и вишните се цедат од течноста и се додаваат во хоплата ,бананите и кивите се лупат се сецкаат и се додаваат во хоплата. Портокалот се цеди зашто сокот е потребен за да се топат бисквитите.
    Оставете малку од секое овошје по малку за декорација
    На плехце за торта редите хоризонтално 5 парчиња бисквити а вертикално 4 парчиња бисквити не заборавајте секоја бисквита треба да се топи во сокот од портокал.Кога ке наредите Ставате од филот да биде висок околу два прста,повторно ја повторувате постапката со бисквитите секоја бисквита се топи во сокот од портокал и се реди врз филот 5 бисквити хоризонтално 4 вертикално пак се става врз нив фил и пак врз него бисквити .Со преостанатиот фил ја премачкувате целата торта.

    Настрана во тенџере го ставате сокот од вишните а во подлабоко тањирче го разматувате желатинот со малку вода,тенџерето со сокот го ставаш на оган додаваш 3 лажици шеќер и го додаваш растопениот желатин вариш се додека не ја добие потребната густина значи да е густо како сируп го тргаш тенџерето од оган .Во друг сад го матиш шлагот,од кога ќе го изматиш ја премачкуваш целата торта со тенок слој, а преостанатиот шлаг го ставаш во готварски шприц и одозгора на краевите од тортата ги украсуваш а овошјето што се остава за декорација се става во средината на тортата одозгора ,а спремениот желатин го истураш врз овошјето .
     
  7. bofi

    bofi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Здраво женски. Еве една лесна торта зашто мразам да печам пандишпани,инаку тортата се вика "мрзлива жена" :D
    Потребно е: 400грама бискоти, 6 шлаг крема ,200грама чоколадо за готвење и 800мл кисела вода. Бискотите се кршат и во нив се става 3 шлага изматени со 400мл кисела вода ,од нив се формира коцка или каква сакате форма ,се матат 3 шлага со 400мл кисела вода и внатре се ренда 100гр чоколадо,и сето се става врз бискотите ,исто така одозгора се ренда чоколадо и се остава малку во фрижидер. Пробајте лесно и многу вкусно :up:
     
    На okcenzi и Enchanted им се допаѓа ова.
  8. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    а то е работава да се бие шлагот со кисела вода
    ?????? затоа што прв пат слушам јас :oops: а иначе нема многу работа во тортава ќе си ја пробам деновиве :P
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Мачмало
    6 жолчки се матат со 1 чаша (од вода) шеќер.Потоа се додава 1 чаша мелко 1/2 чаша зејтин 1 чаша брашно 1 ванила 1 пециво 2 лажичи какао и се пече
    Посебно се мати : 6 белки со 18 лажици шеќер се додава на тестото и се пече уште малку

    Торта со сусам
    1Јајце
    1 филџан (за кафе) зејтин
    2 филџан (за кафе) шеќер
    2 филџан (за кафе) пресно млеко
    4 филџан (за кафе) брашно
    1 лажиче сода бикербона
    3 лажици големи мармалад од сливи и одозгора се поставува сусам и се пече на тивко
    Тавче бр. 32

    Овие 2 торти најмногу ги јадам па попосле ќе пишам уште некои рецепти :D
     
    На Osamena devojka, Dzulija* и cvetanoska им се допаѓа ова.
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    И да допишам некои торти

    Киндер торта
    6 белки
    6 лаж. шеќер
    2 лаж. зејтин
    2 лаж. брашно
    2 лаж.презла
    1 пециво

    Кога се пече тестото се става хартија таа се подмачкува со 1/4 од маргарин а врз неа се ставаат сецкани ореви

    Фил:
    1 пудинг
    4 лаж. густин
    6 лаж. шеќер
    1 кг. млеко

    Се вари

    посебно се мати 1 маргарин 250 гр шеќер и се меша заедно со пуднигот и 6 жолчки. Филот се дели на 2 дела во првиот се става 100г. кокос а во вториот 100г. чоколадо.Кората од тестото се премачкува со еуро крем и потоа се става првиот дел па вториот
    Одозгора со хопла се декорира по избор


    Торта со јаболка
    Јаболки се сечат во тавче и се става малку шеќер да се потпечат потоа се додава пандишпанот:
    6јајца
    6лаж. шеќер
    5лаж. брашно
    а одозгора се декорира со шлаг
    тавче број 28 или 30

    Сладолед торта
    5 јајца
    5 лаж. шеќер
    2 лаж. брашно
    10 лаж. мелени ораси
    1/2 пециво
    тавче број 30
    Фил:2 белки
    3лаж . шеќер
    1/2 кило млеко се варат 2 пудинга од ванила и кога ќе се олади се помешува со белките
    1 маргарин
    250 гр шеќер во прав
    2 винили
    се додава на белките и се филува тортата

    Касата торта
    150 гр. путер се мати со 10 лаж. шеќер во прав и се додаваат 3 жолчки.Потоа се додава:
    300г. ладно млеко
    100г. сецкани ореви
    100г. желе
    100г. суво грозје
    500г. бисквити
    и рендано чоколадо
    одозгора се премачкува со белка (1 белка - 4-5 лаж. шеќер )

    Јогурт торта
    4 јајца
    6 шолји (од кафе) шеќер
    заедно се матат (јајцата и шеќерот)
    3 шолји (од кафе) зејтин
    3 шолји (од кафе)јогурт или млеко
    1 пециво
    1 ванила
    6 брашно
    Откако ќе се испече се посипува со шеќер во прав

    Посна торта
    6-7 јаболки рендани
    23 лаж. ладна вода
    23лаж. гриз
    23 лаж. шеќер
    23лаж. брашно
    3 лаж. зејтин
    2лаж. содабикербона
    1-2 сецкани ореви
    Сето ова убаво се мати и се остава да стои 1 ипол час и потоа се пече во тавче бр 34
    Шербет: 750 гр. шеќер и малку вода колку да се покрие шеќерот и 2 ванилин шеќер

    Торта
    10 белки се матат со 300гр. шеќер се додава малку пециво 250 г.ораси сецкани и 300г. суво грозје и се пече бо плех.
    Фил:
    10 жолчки се матат со 10 лаж. шеќер во прав и 200г. чоколадо се става на пареа да згусне.На цела оваа смеса се додава само маргарин добро изладен и се филува

    Дупка торта
    4 јајца
    1 шолја (за млеко) шеќер
    1 шолја (за млеко) зејтин
    1 шолја (за млеко) млеко
    1 шолја (за млеко) брашно
    1пециво
    1 ванила
    Се остава малку од тестото се додава какао и се шара одозгора

    Бела кралица
    10 белки се матат со пола кило шеќер.Со постепено додавање на шеќер.Кога ќе се изматат се става 1 лаж. оцет и се пече еден час на 150 степени во плех
    Фил
    Пола кило млеко,100гр шеќер да врие
    5 лаж. густин измешано со 12 жолчки се мати и се става во зовриеното млеко. Се остава да зоврие како пудинг.Се мати маргаринот со шеќер во прав и се додава во ладниот пудинг. се додава 100 гр. мелени ораси или лешници
    Печената торта се филува со шлаг пена

    После ќе допишам уште некои раце ме здоболеа од чрапање
     
    На AS93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    А кој знае некој рецепт од чоколадна торта? ммммм обожавам такви тортииии :D
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Чоколадна торта


    фил:
    200 ml вода
    200 gr шеќер
    100 gr какао
    1 путер, омекнат
    250 gr шеќер во прав
    8 жолчки

    тесто:
    8 белки
    200 gr шеќер, или малку помалку
    4 лажици презла
    3 лажици брашно

    прво направете го чоколадото: во мало тенџерче измешајте ги 200та грама шеќер и какаото од филот, ставете ги на шпорет на средно и постепено, со мешање додадете ја водата, па мешајте сето тоа малку да се згусне и шеќерот да се растопи. тргнете го на страна да се олади.

    за филот: изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете, па додадете го и чоколадото, оладено.

    за тестото: измешајте ги сите состојки за тестото и додадете им 4 лажици од филот. тестото се пече во најголемиот плех од шпоретот, подмачкан со зејтин и побрашнет, или на хартија за печење, која не е лошо дополнително малку да ја намачкате со зејтин. на почетокот се пече на 200°C, 20тина минути, а потоа на 160° уште 5-10 минути, зависи од шпоретот, проверете од време на време.

    кога тестото ќе се подолади исечете го на 3 ленти, по должина или по ширина, во зависност дали сакате потесна подолга или поширока пократка торта. првото тесто намачкајте го со фил, а добро е ова да го правите на тањирот на кој ќе ја послужите, врз него ставете го второто тесто, намачкајте го со фил, па третото и сега премачкајте ја целата торта со филот, и од горе и од страните.
     
    На sikica7 и BlackXSs им се допаѓа ова.
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Пандоспан: 6 јајца,6 лажици шеќер,брашно и прашок за пециво..
    Приготовка: Во еден сад се капат и се додава 6 лажици шеќер тоа се меша со миксер и потоа се додава брашното и прашокот за пециво и се меша со една таква лажица незнам како се викаше рачката е дрвена атоа што се меша е како федер кругови......И после се става во плех....Во плехот се става зејтин и малку брашно за да се создаде кора за да не запече пандоспанот.....Кога е готов пандоспанот врз него се мачка со мармалад....и се сече на коцки и врз секоја коцка се става фил....многу едноставно брзо но вкусно..позз :)
     
  14. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Најдов една интересна шема за правење зајче торта. Мајка ми ми ја правеше како мала, па сега ми текна и ја побарав.
    Не е битно тестото и филот можат да бидат од вашата омилена торта, овде само обликот како да направите слатко зајче. :)
    Две теста се печат во кружен плех и се сечат како на сликата. Едниот круг е главата, а другиот се сече според шемата за ушите и машничката на зајко :)
    Потоа се местат во таа форма, се филуваат и украсуваат.
    [​IMG]
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • cakepattern.gif
      cakepattern.gif
      Големина на фајлот:
      2,6 KB
      Прегледи:
      4.823
    На fallenangel, Saraa и nenuska им се допаѓа ова.
  15. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Ролат со јагоди
    * 500 грама Шлаг
    * 2 Шекер лажичка/ки
    * 1 голема лажица Шеќер во прав
    * малку Прашак за пециво (1 лажичка)
    * 1 Кора од лимон
    * 2 Густин Лажички
    * 30 грама Брашно
    * 500 грама Јагоди
    * 6 Јајца/це
    Жолчките заедно со шеќерот изматете, па во таа смеса додадете брашно помешано со прашок за печиво. Во смесата додадете густин и ситно изрендана кора од лимон, па сè добро промешајте.

    Смесата ставете ја во тепсија врз кујнска хартија и печете ја околу 20-тина минути на температура од 180 степени. Кората заедно со хартијата на кој се печела, малку наквасете ја со вода па оставете ја да се олади.

    Подготовка на филот: Јагодите добро измијте, исчистете и ситно исецкајте ги. Половина од јагодите измиксајте ги, а другата половина оставете ја исецкана на парчиња. Изматете гo шлагoт со шеќерот во прав и исецканите и измиксани јагоди, па сето тоа премешајте го и оставете да отстои околу 20-тина минути во фрижидер.

    Оладената кора премачкајте ја со масло, потоа на неа нанесете фил, па внимателно завиткајте ролат со помош на фолија. На крајот ролатот премачкајте го со шлаг пена, а на врвот на ролатот како декорација додадете неколку цели јагоди.

    Кокос торта со малини
    * 1 голема лажица Шеќер во прав
    * 200 грама Шеќер
    * 1 Прашак за пециво
    * 200 грама Малини
    * 50 грама Кокосово брашно
    * 250 грама Брашно
    * 300 грама Блага павлака
    * 4 Јајца/це
    Белките изматете ги со 2 лажички шеќер и кокосово брашно.
    Жолчките изматете ги со остатокот шеќер, па измешајте ги со брашното и прашокот за печиво.
    Смесата која ја добивте со мешање на белките. шеќерот и кокосовото брашно измешајте ја во смесата со жолчки.
    Сето тоа сипете го во калап за торта премачкан со масло и печете околу 1 час.
    Кога ќе биде готов бисквитот, оставете го да се олади.
    Малините поделете ги на две половини, едната половина кратко варете ја со 2 лажички вода и добро исцедете ги со цедилка.
    Во нив вмешајте 2 лажички шеќер во прав.
    Слатката павлака изматете ја со остатокот шеќер во прав, па со тоа премачкајте го бисквитот.
    Потоа сетоа тоа прелијте го со сосот, а тортата по желба украсете ја со малини.

    Јогобела торта
    * 2 кесичка/ки Прелив за торта
    * 200 грама Шеќер во прав
    * 2 Округли кори за торта
    * 3 Желатин
    * 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
    * 150 грама Јагоди
    * 1000 милилитри Јогурт
    * 1000 грама Блага павлака
    Во овошниот јогурт додајте ги шеќерот во прав и ванилниот шеќер, па измешајте.
    Изматете ја слатката павлака и вмешајте ја во јогуртот.
    Исецкајте ги јагодите па и нив вмешајте ги во смесата од јогурт и слатка павлака.
    Желатинот ставете го во еден сад со 60 гр. вода, па садот ставете го на оган со ниска температура за да се истопи желатинот.
    Внимавајте, не смее да зоврие. Истопениот желатин полека вмешајте го во смесата од јогурт, павлака и јагоди.
    Во соодветна тава ставете една кора па истурете го филот.
    Израмнете ја површината и ставете ја втората кора.
    На врвот наредете исечкани јагоди и полијте со подготвениот прелив за торта.
    Оставете ја тортата убаво да се олади и послужете.
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Банана торта

    1 пакетче бисквити
    6 банани
    3 шлага
    1 чаша млеко

    Во длабок сад се пасираат бананите, потоа се матат со миксер и се додаваат ќесичките шлаг, тоа се мати 5 мин. Земате послужавник (јас најчето на тоа ги редам) и бисквитите ги топите во млекото и ги редите, на нив ставате од смесата со банани, па 2, па 3 ред, од едно пакетче би излегле до 4 , 5 реда, зависи колку висока ја сакате. Внимавајте и на последниот ред да имате од филот. Ако сакате може одозгора да и изрендате и чоколада.Ја ставате во фрижидер.
    Секоја недела ја правам и превкусна е, а многу лесна.
     
    На okcenzi, Saraa и ikicaa им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Кој го знае рецептот за тортата Грета Гарбо молам да го пише... :?:
     
  18. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Грета Гарбо торта

    Пандишпан
    -5 белки се матат со 10 лажици шеќер, па се додава 1 лажица зејтин, 1 жолчка, 1 лажица брашно, 100 грама сечкани ореви, 50 грама сечкани смокви(урми), 1/3 прашок за пециво. Се печат вкупно 3 кори. (времето за печење прилагоди го на твојот шпорет)

    Прелив
    -300 грама чоколада, 125 грама путер(може и 100) и малце млеко. Со ова се премачкуваат корите.

    Фил
    -500 мл млеко се вари со 25 лажици шеќер(ако е многу благо за вас, намали шеќер).Во 250 мл млеко се раствораат 3 пакетчиња пудинг од ванила и се додаваат 12 изматени жолчки. (значи вкупно 750 мл млеко). Ова се вари во млекото како крем. Кога ќе се олади се додава еден изматен путер и се спојува со кремот. Се филува кора-фил, кора-фил, кора-фил и се декорира по желба.
     
    На loveforever и bic5 им се допаѓа ова.
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Торта со еурокрем :inlove:
    Пандишпан:
    5 јајца
    15 лажици топла вода
    15 лажици шеќер
    10 лажици брашно
    1 пециво
    10 лажици мелени ореви
    *се мати со миксер како за пандишпан. Убаво се изматува и се додават 10 лажици брашно(пецивото се става во брашното), 10 лажици мелени ореви. Се пече во четвртаст плех од шпоретот. Кога е готово се сече на 3 ленти.
    Фил:
    Се вари густа каша од 4 лажици брашно, половина литар млеко и една 200гр. шеќер. Посебно се мати со миксер 250гр. маргарин со 200гр. шеќер во прав и две ванили. Се додава матејќи 300-400 гр. еурокрем и 100гр. готварско чоколадно, претходно омекнато во микро или во рерна. Се' се измешува заедно кога белата каша убаво ќе се излади. Тортата се филува.
    п.с. тортата е ептен убава, лесна и евтина :lol: ако на некој нешто не му е јасно, нека пише ;)
     
    На Saraa, cvetanoska, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    A може да ми кажете во колкаво тавче се пече пандишпанот???? :)
     
    На jovanajove му/ѝ се допаѓа ова.