Здраво на ситеее.. Па вака би сакала да ве замолам сите ако може некои да ми помогне рецепт за тиганици да го напишее... Однапред ви благодарам Човекот никогаш не е толку несреќен колку што мисли дека е, ниту толку среќен колку што се надева дека ќе биде.
Рецепт за ТИГАНИЦИ ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 10 грама Шеќер * малку Сол * 100 милилитри Масло * 1 Квасец * 1 килограм/и Брашно ПОДГОТОВКА: Квасецот се раствора во една чаша млака вода. Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 гр. брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода). Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои на топло за да нарасне. Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло. А потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат. Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото. http://www.kulinar.mk/recepti/Mekici.html
ние во ох ги правиме од истото тесто кое го месиме лебот, мајками секогаш има навика кога има месено леб, да ни направи, значи брашно, квасец, вода, малку сол, и се замесуваш, и го оставаш да скисне, па правиш топчиња колку сакаш големи и ги растегнуваш со рака па ги пржиш во загреано масло ех како би каснала сега некоја
Јас пред некој ден правев и излегоа превкусни, а ги правев без рецепт односно го модифицирав рецептот: -половина кг. брашно -3 јајца -половинка квасец -малку млака вода за да се замеси тестото. Се меси, се остава да кисне и се пржат во загреано масло. Од оваа смеса излегуваат околу 10-ина тиганици.
Рецептов го пишав и во темата Мекици, па нека биде и тука. 1кг брашно; 1 квасец; 1 лажица сол; 1 лажица шеќер; 400мл млеко (млако); 200мл јогурт; 2 јајца; 1 пак. прашок за пециво; 2 лажици ракија (за да не прима масло). Квасецот се прави со малку млеко, шеќер и брашно (на страна), и се замесува тестото со сите намирници, средно меко, па по потреба се додава млеко или брашно. Се остава околу половина час да отстои, па се прават мекиците и се пржат во врело масло.
ммм April87 овие сум ги правела супер се и многу испагаат. еве еден рецепт и од мене Често ги правам бидејки се брзи ставам од око пола кг.брашно,две јајца,малку зејтин,малку сол,малку шекер,пола пециво,една мала лаж.сода бикарбона и се месат со јогурт. Тестото со сите намирници се замесува,средно меко,па по потреба се додава млеко или брашно.Се остава 5 мин.па се прават мекиците и се пржат во врело масло.
Јас го имам овој рецепт за тиганици: 1 јајце пола квасец сол шеќер зејтин млако млеко млака вода брашно Кога ги правам тиганиците, ставам кило брашно, 2 и пол лажички сол, 1 лажичка шеќер, 1 голем филџан млеко. Водата ја ставам по потреба. Тестото треба да биде меко (да не се лепи за рацете) и да стасува 1 час (на топло).
јас тиганиците ги месам со брашно,вода,2 до 3 јајца квасец зависи колку ке правиш,шекер малку сол и зејтин и ги оставам да стасаат на топло не гледам на саат додека стасаат,и ги размесувам и пак ги покривам уште еднаш да стасаат,и кога ке стасаат правам мали топчиња намачкани со зејтин и после ги правам на загреано масло и додека се пржи едната страна јас цело време горната страна ја попрскувам со зејтинот топол
1 лаж. Сув квасец (инстант) 2 лаж. Шеќер 2 чаши вода 4 чаши брашно Квасецот и шеќерот ги ставам прво во вангла 5 мин да отстојат со млака вода , после ги додавам брашното и солта и месам со лажица бидејќи тестото е по лепливо и оставам да стаса околу 45 мин. Рацете ги намрсувам и вадам од тестото растегнувам и пржам . Ако ви остане може да го ставите во кеса за замрзнување или само да ја покриете ванглата со фолија и да си ги допржите утре уште повкусни ќе се
Со колкави чаши мериш? Никако да го погодам тестото за мекици. Кога ќе ги изпржам човек тврди се како чекан стварбо не знам каде грешам.
Имав проблем со кавсецот па цело време ми излеваа тврди ко железо. Купив квасец од друго место и ги направив по овој рецепт: Состојки за тиганици/мекици/питулици/пишии не знам како све не ги викаме: 1 лажичка сол 2 лажици шекер 20 гр. свеж квасец или 1 супена лажица инстант 2 чаши вода 4 чаши брашно Тестото многу убаво се месе, се остава убаво да си нарасне. Се пржат во повеќе зејтин, може малку сало, зејтино многу загреан, па после се намалува јачината. Мене шпоретот ми е прастар до 3 имам. Зејтинот го загревам на 3 и за пржење намалувам на 2. Спојлер: Линк од страната со рецептот Рецептот го најдов овде: https://moirecepti.mk/post/тиганици
Ова ми е најубав рецепт, тестото стои во најлон кеса во фрижидер и можеш да го користиш за мекици, пица, пастрмајлија, пирошки идр...Се вика лудо тесто... -коцка квасец -1 јајце -250 мл.вода -250 мл.млеко пола лажиче свинска маст или 2мали.лаж.зејтин -- 1 мало лаж.шеќер -1 мало лаж.сол -1 кгр. бражно. Се замесува, се остава да нарасне, правиш што сакаѓ а другото тесто ако ти остане го оставаш во врзана најлон кеса..кога ќе ти затреба, вадиш од фрижидер, го премесуваш малку и пржиш мекици или правиш пица....преубво и меко тесто.