Еве вака: ставаш 2чаши маст,2ипол чаши шекер и добро ги изработуваш. Потоа додаваш една чаша млеко,4јајца и брашно по потреба, 1пециво, 1лажичка сода и 1 рендан лимон. Тестото треба да е ниту многу меко, ниту многу тврдо.. Правиш топчиња како бомбици и ги ставаш на тостер.. И ги вадиш по 2-3 минути поздрав формата ја добиваат самите.. т.е тостерот ги обликува
Кити а може бе маста да ја замениме со нешто. , овде нема теорија јас да најдам маст. Или некоја друга смеса за тостерки нема?
Имам и др рецепт за тостерки без маст само. Ставаш 5 јајца,400гр шекер се меша и се додава 250 гр млеко,250гр зејтин,800гр брашно,1пециво,2венилици и ги ставаш на тостер.
Јас правев вчера по вториот рецепт и прсти изедовме мммммм. Многу убави испаднаа, ама многу смеса тоа, па многу време и ги правев ама се убави. Само се благи многу со 400гр шеќер, ако правите по тој рецепт 300 ставете. Инаку Ти благодарам за рецептот.
Јас денес можеби ќе направам А со што ги украсувате мислам само ги ставате во тост вадете и се става нешто? Со што се декорират?
Јас вчера пробав ама не успеав Ја напоравив смесата и го вклучив тостерот,почекав да се загрее и ставив една лажичка од смесата и почекав...Од долната страна се испекоа мислам и загореа а од горната ништо Изгледа не ми го бива тостерот Кога видеов дека не може ја ставив смесата во плех и ја ставив во рерна и направив пандоспан и одзгоре ставив прах шеќер и на коцки А има ли некое видео за тие тостерки?
Незнам како не ти успеа, мене ми успеа на прва. Ќе чекаш убаво да се загрее тостерот, земаш лажиче и ставаш на повеќе места и го поклопуваш тостерот и не отвараш едно 2-3 минути може и повеќе. Кога ќе отвориш ќе внимаваш да не ти се залепени, ако се залепени така со малку отворен тостер земаш нож и ги одлепуваш и пак затвараш уште 1 минутка да се залепат убаво и ги вадиш. Ама од долна страна секогаш испаѓаат талви ко изгорени, а не се, а од горна се посветли. Не се грижи ако добијат темно кафена боја, не се изгорени, пробај една и ќе видиш.
еве и од мене еден рецепт: - 6 јајца - 400гр шекер - 50мл млеко - 250гр маргарин - 1кг брашно - 2 ванили - 1 пециво Само ова е пола доза јас стално си ја правам и ми испаѓаат доволно позз
Moжеби си го отварала тостерот многу често затоа не ти испаднале.. Пробај да не го отвараш тостерот две три минутки од кога ке ја ставиш смесата
Не воопшто не е тешка за 10-15 мин најмногу се приготвува смесата и 1 час да ги ставаш на тостер само и да ги вадиш, а се премногу вкусни.
Ги имав јадено само оние со маст што се мајками правеше и сга кога ги видов оние без маст јас зедов да ги направам вчера и за 5 мин ги снема толку што беа убави и кога ги вадев од тостер им ставав над нив шекер на некои а некои со еурокрем