1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крвна Врска (Сидни Шелдон)

Дискусија во 'Книги' започната од RedDevilGirL, 10 март 2011.

  1. RedDevilGirL

    RedDevilGirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    Елизабет, убава, интелигентна девојка станува претседател на џиновска фармацевтска компанија - втора по големина во светот - по трагичното загинување на својот татко при едно негово искачување на Мон Блан.

    Девојката пробува да остане на своите нозе и да ја зачува компанијата од останатите акционери (нејзините роднини), а истовремено не знае од кого повеќе треба да го чува грбот.

    Тука е и човекот кој работеше со нејзиниот татко, кој беше со него до последен момент и знае многу работи кои ни таа самата не ги знае. Млад, успешен, привлечен, паметен и шармантен, но дали нему можеме да му веруваме во оваа бура од сплетки во која секој влече кон своите интереси.

    Тука е целата нејзина фамилија како дел од акционерите и сите сакаат да се продадат акциите на компанијата - секој поради свои причини, на секому му требаат пари, никој не се грижи за самата компанија која беше животот на овој човек - нејзиниот татко...

    Љубовни авантури, сексуални и други настраности, завери, коцкарски долгови и уште милион сплетки ќе направат да не можете да ја испуштите од раце оваа книга додека не ја прочитате.

    Се прашував по кого трагаме во текот на целата книга, се прашував кого бркаме, т.е кој ја брка неа или нас... Го менував мислењето од минута во минута, од страна во страна. Ги сакам овие книги кога целото изненадување е оставено за последната страна или две, те држи во неизвесност до последната минута.
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Прекрасна книга, навистина ја прочитав во еден здив, не можев да ја оставам.
    И јас исто не знаев за кој да се одлучам, кој од сите нив е најопасниот и крајот ме остави без зборови.
    Ја читав уште неколку пати, секој пат подетално и до ден денес сум под импресии.
    Обожавам вакви книги, мистериозни, таинствени, до последната страна ништо не се знае.
    Браво за Сидни Шелдон, ремек дело е книгава!
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мене книгава ми беше преубава- прва книга која ја прочитав од Шелдон, ја затекнав дома, почнав да ја читам и не ја оставив буквално читав мислам 7 саати додека да ја дочитам, толку ме копкаше како ќе заврши што немаше шанса за пауза :$

    Ја препорачувам на сите оние кои не се љубители на делата на Куељо :lol: и сакаат трилери ништо не е јасно до самиот крај на книгата ;)
     
  4. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Сега ја дочитав, прекрасна книга, до самиот крај незнаев што се случува.
    Цело време се сомневав во Рис, Алек беше најмирен но како што велат „испод мира триста вира“
     
  5. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Книгава една вечер ме остави без сон, ама не жалам. :D
    Јас пак за цело време мислев дека е Валтер Гастнер (мислам дека така се викаше, одамна ја имам читано), а најмалку Алекс, затоа што беше повлечен и и беше единствен вистински роднина (не дека другиве не и беа, ама не беа крвно поврзани со Елизабет). :) :)
     
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Остава без здив. Не ја испуштив од раце додека ја читав. :)
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Прекрасна книга!
    Нешто најдобро што го имам читано од Сидни Шелдон. Бајаги поголема од нејзините вообичаени, но сепак не жалам за потрошеното време. Дури почнав да ја читам и по втор пат. Одлична книга. Вреди да се чита.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.750
    Допаѓања:
    65.204
    Пол:
    Женски
    ^It's a HE, not a SHE ;)
    Книгава е првата од него што ја имам прочитано и ја прочитав во еден ден. Сосема ме изненади, има добри пресвртници, авторот те завлекува на погрешен пат цело време. А Рис Вилијамс, еееехех Рис :lol: :$
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Све мислев дека е женско, извини. :)
     
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Дефинитивно се согласувам со мнозинството. Одлична книга.