Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Јас вака ја направив : една чаша за чај шеќер,1/4 истата чаша вода,1/4 сок од лимон,ама оние од продавница,готовите. Потоа додаов уште малце шеќер дури вриеше пошто ми изгледаше мн течно. Сите состојки ги ставив заедно,не лимонусот покасно или лимонот,шо и да е.На почеток мешаш поќе додека се раствори шеќерот. Вриеше едно 20-тина мин. и почна да добива медена боја и пробав настрана во финџалче со ладна вода дали ко ќе капнам со лажицата ќе испадни како капка и кога ја земам од финџалчето можам низ прсти да ја моделирам.Ко беше таква,ја дргнав и ја оставив да се олади,и беше ок.По некое време си земав по малце и ја тегнев за да добие како бледо жолта до бела боја и се нанесува лесно потоа. Се надевам да ви успее :)
     
  2. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    еве и јас денеска прв пат правев и беше успешна само што направив малку колку за проба и беше доволно само за рацете а ја правев рецепт што го најдов некаде на почетните страници
    9лажици вода
    9 лажици шеќер и 2 лимонтуси супер испадна одсега редовно ке си правам :D
     
  3. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Јас сега ќе превам баш сакам да ми успеј :rofl: ве читав од првата до последната страна и гледам дека има многу задоволни :) и многу сакам да ми успеј ај држе те ми среќа па ќе кажам дали ми успеала :lol:
     
  4. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Девојки ако има некој да ми кажи каде грешам се ја погодив смесата бојата ми е како што треба како на клупчињата од јутуп ама кога ќе земам да правам топче и да месам цела се лепам и се меси ама цела сум излепена :envy: не знам каде грешам ај ако можи некој да ми кажи фала однапред :)
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Хахах епа лепи,не можи да не лепи,ама важно да можиш да направиш топче и да го тегниш,а рацете цело време ќе ти се лепкави :D На крај ќе си ги измиеш,иначе не фаќај ништо околу тебе и тоа е :) А ако ти е многу течна остави уште малце да се излади.
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    а добро то што рацете ми се лепат ама ми останува и на тело мислам на местото каде што треба да се депилирам а иначе не е течно таман е и ладно е скоро а не знам зошто ми остнува на тело :(

    Shaila пробав со лажица но никако не оди секаде кај и да ставам ми се лепи и морам да одам да се мијам :envy: изваде некои влакна не викам не ама не сите :( не знам зошто дали на сите вака му се прави или јас нешто неправилно правам не знам само знам дека цела сум излепена :lol: и баш се радував дека си најдов супер депилација и сега се пропадна во вода ;(
     
  7. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Вака .. Више по 7 пат е правам пастава ... И секогаш сум ја месела ова она.. АЛи сеа чекам да се подолади и лепам и тргам.. Многу е поефикасно одколку да ја месиш ... Нанесувајте со лажица бидејќи ладна е и коа ке тргаш ( а исто така тргајте со лажицата) не се лепи одма излегува :) :)
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Тогаш незнам зошто,јас напишав погоре како ја направив и ми успеа,незнам како ти ја правеше шо не успеала...Зависи и од количеството на составките изгледа.
     
  9. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    и јас не ја месам пробав ама шо знам се откажав одма и пробав така без месење и супер е депилира убаво и ги вади сите влакненца. Дури и интимата успеав да си ја средам. Значи пробај без да ја месиш мене така ми успеа
     
  10. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Па вака јас ја правам 11 лажици шеќер 10 вода и 1 лимонтус доби крем-кафеава боја и се убаво се месеше се на почетокот не ми се допеше ама после јас пробувам да ја месам а таа ми се топи во рацете :( и ми се тегни или пак не се топи во рацете ама кога ќе ја ставам на нога се лепи и не се вади не знам зошто :?: Вие како ја правите да не треба да ставам 2 лимонтуси ? :^) сакам да направам пак ама не знам дали овај пат ќе ми успее
     
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    ^ Епа очигледно си ставила вода повеќе од што требало. Обиди се пак, а јас денес ќе пробам, знам дека е ефикасен, еднаш пробав, ама не ја направив јас пастата, а сакам да се научам, па држете ми среќа. :)
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Готово решив да ја правам ама изгледа уште од прва многу вода бапнав.
    Кога почна да врие почна да се пени, не можев ни да видам каква боја ќе добие, сега го трнгав, има боја на чај и многу е течно па ајде да видам дали ќе ја биде.
     
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Чувајте ми среќа, деновиве планирам да го правам ова чудово наречено шеќерна паста, се надевам дека ќе успеам :lol:
     
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    и велите безболно е? :wasntme:
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.094
    Абе малце се нервирам кога некој ќе пише,ама течна е...а тоа не му е ни оладена.Вистинската густина на пастата се гледа откако ќе се олади.Кога е жешка секако дека е течна ко масло.
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Операцијата успешна-пациентот мртов...
    Смесата ми се погоди како што и гледав на you tube и на боја и на густина но не 'фаќаше' баш како што треба,не ги вадеше сите влакна...
     
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Јок, изладена е и густа како мед. Знаев.
    А да ја вратам пак да ја варам ќе ја биде ли?
     
  18. katrin96

    katrin96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    еј јас успеав..
    малку сум несмасна за некои работи ама ејјј! се средив сеа сум мазничка :lol: не баш скоз ама болје е него црна се шума зададе ним да помислите дека порано не се депилирав :!: таман работа ќе бегаа сВите од мене :rofl: а пријателкава моја доле не знам како ќе ја средам а сакам многууу..ај догодина :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ова со шеќеров е стар рецепт......Ама на една другарка и се појавија капиларчиња,па премина на топол восок.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.094
    Не може да е баш од пастата.Составот на пастата сигурно не е,а топлината и е ко онаа на телото,на почетокот нешто поладна,но тоа баш напротив не предизвикува пукање на капилари.Не влечела како што треба,а капилари и подливи баш од топол восок повеќе се појавуваат.