Дали сте имале вошки? И како се справувате со нив? Веќе три години се мачам никако неможам, се имам пробувано..!
ПОМОШ:: Леле само што прочитав,се зачешав. Како бе 3 години?! Па има шампон и чешел,за кратко се чистат.Нема човек што немал,ама за вака постојано,мора да имаш извор од некаде од каде што се полниш цело време. Леле беља ми направи,почна цела глава да ме чеша.Кога бев мала фатив вошки и после се плашев да не ми ги видат во автобус или на гости,цело време и викав на мајка ми,мамо види,ми се гледа,дури и кога ме исчисти.Се опседнав со вошките!
ПОМОШ:: Шампонот Милион ли како се викаше не знам не запамтив добро, ама иам слушнато дека многу не помагал. Значи, хидрогенот ги уништува, ама потоа остануваат суви гниди по прамените и тоа ќе ти требаат нерви да ги извадиш зошто се залепени на влакното, ама барем знаеш - мртви се. Мој предлог, офарбај се барем најблиску до твојата природна и стави само во коренот, не мора и влакната зошто тие нели во коренот се моткаат. Со среќа!
ПОМОШ:: Шампон, чешел и ако не успее тоа нека те седне некој и нека ти ги вади од коса . И јас се зачешав. Пу пу пу скраја било, далеку било :geek:
Како бре луѓе? Ова возможно е ??? Ишишај се кратка коса и земи си од оној шампонот против вошки и специјалниот чешал и нема шанса да не ги истребиш. Се сеќавам како мала 2 пати фаќав вошки. И уште тогаш имав долга коса и мајка ми ќе ми се измиеше со оној специјалниот шампон, и на земја ќе постелеше бел шаршав и така со мокра коса ќе ме наведнеше и ќе започнеше да ме чешла. Имаше дожд од вошки тогаш мајке ми, кога ќе се сетам !
Има еден гел, се вика М-ГЕЛ. Го има речиси во сите аптеки, Се става на коса, убаво и рамномерно насекаде. Треба да стои 24 часа. Нема да ти биде никаков проблем и да излезеш бидејќи не се приметува дека нешто имаш ставено. И после чешлање. Гелов се користи и превентивно кај школски деца кои најчесто се изложени да и донесат на мама полни раце работа Арно ме потсети да направиме една превенција пред првиот час. И налет!!!! Ме одкорна главава од чешање. п.с. многу ме вадат од кожа родителите кои се прават на тошо и мува не ги лази што децата им се како подвижен инсектариум кој има тенденција да се прошири и во соседното главче.
леле ме насмеа истата сум и јас кога бев мала повеке пати се имам напунето вошки и после и коа ги исчистам пак ме чеша од тогаш со никој “глава у глава' си ја слушам мајками инаку фајде не знам се секавам мене ми ставаа една смрдлива вода забораив како се викаше (да нне беше етер или не ) не беше за коса ама фајде имаше И вошките неможеа да ја поднесат смрдлавата и ти така 3 години си ги чуваш а алал да ти е , арно главата не ти ја изедоја
Абе човек и да се исчисти џабе е ако другите не се исчистат. Ние имавме таков проблем како деца. Чисти, чисти, а еден не се дочистил и пак сите. Уф кога ќе ми текне на периодот Само шампони, чешли, натаму-наваму. И тама пораснала косата ајде ножиците пропратено со плачење Лошо, лошо... Ама среќа период беше.
Ама најкомично беше кога и мајка ми ќе ја префатеше и ко мајмуни дома,она мене,татко ми неа,онака вовче,а мене ми спие душата,а она чисти ли чисти.Ма ни шампон,ни чешел не помагаше кога ќе се умножеа ради негрижливи родители кои не си ги чистеа децата. И така еден сончев ден на мајка ми и прекипе и собра родителска у маало да им каже на родителиве дека ситуацијава е неподнослива зошто имав и инцидент на едно јавно место ни крива,ни дужна (уствари и така почнав да прашувам дали ми се гледа нешто на глаата ),а башка што и она фати,вика одам на работа,колешките ќе ги напунам,само јас имам мало дете во канцеларија,плус само шампони едно цело лето се купуваа.Видоа-не видоа,засрамени по дома и си ги спастрија децата,ама јас го изедов стапот наречен јавен срам заради малите гадови наречени вошки!
Има различни шампони кои би ти помогнале.Но и чешел,и тоа специјален,се купува во аптека со тесни и многу запци вистина е поскап,ние пред неколку години го земавме 800 денари али сега не знам колку е.Тој е многу ефикасен ги ваѓа дури и гнидите.
Со било кој шампон за вошки тие се чистат, меѓутоа гнидите не се уништуваат и тие пак стануваат вошки.Најефикасен лек против гниди и вошки е ракијата „Мастика“.Значи се втрива длабоко во коренот и низ целата коса,потоа се става најлон кеса на главата и врз него се мота стар пешкир.Така намачкана главата треба да стои 2 часа и потоа да се измие. Работам со деца и постојано се соочуваме со овој проблем,а ова е пробано и докажано.
Ау јас ова не сум го знаела со ракијава. Мада мислам дека татко ми на времето не би ја трошел ракијата за вакви работи Ние дури по некое време откривме кое е девојчето што не го чистат. Па после се реши проблемот и конечно се отарасивме од нив.
Како бе три години имаш вошки, па јас досега на лекар ќе одев! Со хируршка интервенција ако треба ќе си ги извадев. Три години, човече, па не е малку. Мислам, како сфаќам дека не се предвидува ова, но донекаде е и твоја вина. Три години, се запрепастив. Имаш шампони, чешли, триста чуда. Ај сфаќам да живееме пред сто години, се драпале сите, ама денес барем се имаш. Ќе се измиеш убаво со шампонот. Ќе се исчешлаш. Навлаки од перници менувај секој ден, тоа гнидите паѓаат таму. Некој нека те треби секој ден, мајка, сестра, татко.. Не се оставај така. ОДИ на лекар бре, нека ти даде нешто. И ишишај се, жити се. Немој да речеш дека имаш долга, руса коса... Божее. Ц ц ц, стварно. Стварно на газ паднав од темава. Не сакам да ти се потсмевам, немој да ме сфатиш погрешно, но три години да живееш со гости на глава....
Па немам потреба да се справувам ако се земе во предвид фактот дека не ги оддржувам многу многу... Иако, периоди вошливи имало... И ми навлегло во психата и нејќам сеа да ми буричка некој во глава.
Не сум имала неколку години, пу пу, да не се урочам, од кога ја отворив темава мислам дека имам стадо вошки на глава. Инаку мама им ја зимаше мерката.
Јас со вошките се запознав по неполн месец,од многу луѓе што иде да ме гледаат,и имал некој и она се залетала во мене а јас 5 влакна имав на косата,и постојано сум носела капчина и сум почнала да се нервирам да се гибам на глава и си мислеле моите дека ме нервира капата и мајками кога ми ја вадела видела дека имам една вошка,само една била и ми ја извадила,а друг пат имам последно фатено кога бев забавиште,тогаш сите во школото фаќаа вошки,дури и на вести кажувале,ова беше пре точно 9 години,од тогаш фала му на бога немам фатено. А иначе да кажам како се справив со нив,мајками купи од аптека шампон за против вошки и чешел,прво ме чешлаше за да паднат неколку и после ми ја изми косата со ѓампонот и стави најлон на глава памтам да ми постои шампонот и по некое време кога ја миев косата сами паѓаа вошките. Спојлер Каде ја видов брее темава сега ме чеша главата
Потврдувам. Како мала често фаќав вошки од градинка, а имав долга коса и не давав да ми ја чепнат. Не шампони, не прашоци ништо не ги уништуваше скроз. И тетка ми тогаш работеше како воспитувачка во градинка и кажа на мајка ми за мастикава, стварно делува уште одма. На ќесата имаше памтам умрени вошки Како и да е сега ме зачеша, фала!!! Инаку редовно ја терам мајка ми да ме проверува, и стално се мршти али се возам по автобуси едно др шубе ми е!