1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    На повеќето од нас секојдневно ни се потребни состави со најразлична тема, семинарски... За да не му ја мислиме постојано, да споледуваме едни со други наши дела и да си помогнеме.. :)
    Еве нешто од мене :)
    Ви ја откривам смислата на животот

    Животот е премиера, нема реприза. Тој е премногу краток, заминува в миг, затоа живеј го својот живот и бори се за своите цели. Животот нè учи на грешките, да не тагуваме по изгубеното, да не жалиме за спомените. Животот е еден и единствен. Понекогаш е суров и тежок, полн со предизвици и искушенија. Непредвидени ситуации во кои сме учесници, неми сведоци или обични смртници. Животот е како прочитан роман, но со голема разлика, во романот можеш да се вратиш на најубавата страница, а во животот не можеш да се вратиш на најубавиот ден.Животот нè учи да го сакаме она што го имаме, а не она по кое мечтаеме. Да живееме реално и вистинито, да ја откриеме смислата на животот низ среќа и радост... таа е целта на секој човек.
    Животот е убав со убави доживувања, со искрени другарувања со радост и смеа. Треба да се радуваме на животот и на новото изгрејсонце. За некој смислата на животот е вечна борба меѓу доброто и злото, војната и мирот, болеста и здравјето, радоста и несреќата. За мене смислата на животот е да бидеме секогаш гордо исправени пред секоја препрека, насмеани и полни со љубов. Да се живее, значи да се постои. Да се радуваш на успесите, да не тагуваш многу по несреќите и да бидеш оптимист. Живејќи треба да им помагаме на блиските, да делиме љубов и добрина и да очекуваме таа да ни биде возвратена.Да се бориш за своите идеали, да имаш своја цел во животот – таа е смислата на животот.
    Со сета своја сила треба да се бориме за животот да ни биде убав. Не треба да се препуштаме на судбината и да се помириме со неуспесите.Треба да бидеме трпеливи и упорни. Верувам во судбинското, но сакам да ја изменам судбината кон подобар и посреќен живот. Во ваквата борба е мојата смислата на животот. Животот е премногу краток за да бидеш сит, искористи го секој миг, годините се само бројки. Не сонувај го животот, живеј го својот сон .

    СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО СЕ БЛИЖИ ПРАЗНИКОТ 8 СЕПТЕМВРИ,БИ МОЖЕЛЕ И НА ТАА ТЕМА ДА ПИШУВАТЕ,ВАШИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА ЗА 20 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ;)
     
    На Ricky^^, Iva Ilievska, Hristinaaa8 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Ѓи чувам сите состави што ги пишувам (секогаш за во секој случај) но незнам кај сум ги ставила,кога ќе ги најдам ќе ви ги пишам ;)
     
    На Stefche, Pufchence и angelovaaslavica им се допаѓа ова.
  3. Milica145

    Milica145 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Феминки ми треба есеј на тема ,,Култура во комуникацијата помеѓу луѓето". Доколку имате ваков сличен состав или сте во можност да ми помогнете, ве молам пишете ми.
     
    На angelovaaslavica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Девојки ми треба воведен дел за љубов, до 50 збора, но не ми смета ако има повеќе или помалце..
    Ако можете пишете ми во ЛП. Немам никаква инспирација за пишување |(
     
    На angelovaaslavica и Here им се допаѓа ова.
  5. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Знае некој некое составче за самовили :^) Глупости се ама за сестра ми ми треба ;)
     
    На StefiForeverD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. boki24

    boki24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Еј ајде ако имате некој состав за екологија или пак на тема книгата непресушен извор која го напојува човештвото..такво нешто. :) фала однапред
     
  7. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    1. Клетници
    - човекот на дното на општеството (клетниците во романот)

    2. Странствувањето на Чајлд Харолд
    - главните одлики на романтизмот во поемата

    3. Страданијата на младиот Вертер
    - Вертеровата чувственост и неговата позиција на неснаоѓање во светот, а самоубиството е само конечен чин во серијата неправедности
    - границите меѓу човековата љубовност и бесплотната љубов меѓу мажот и жената

    Xeлппп...Ако има некој што има некоја од темите ве молам во ЛП.. :)
     
  8. marija159

    marija159 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Знае ли некој состав за детската фантазија?
    фала однапред :)
    можеш да напишиш: Љубовта не е нешто со кое се раѓаме, таа се раѓа и развива во текот на целиот живот. Таа едно од ретките нешта за кое се верува дека е неопходно за живот. На љубовта не треба да се штеди. колку повеќе љубов даваме толку повеќе љубов добиваме, на љубовта не треба да се гледа како на извор кој не може да пресуши, за секоја љубов за која не сме сонувале доволно долго и не сме мечтаеле доволно силно може да се распрсне како меур да сапуница...
     
    На Iva Ilievska, <3 Anllea <3 и Unknown.Girl им се допаѓа ова.
  9. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Абе а некој знае некој состав на тема Сторив хумано дело ? Кој сака да ми помогне нека пиша во ЛП ;)
     
  10. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    Да се зборува на сите јазици,да се кажува со илијадници зборови е премалку за да се искаже чувството љубов.
    Не постои ни едно нешто што може да ја опише љубовта.Се е толку убаво додека љубовта е возвратена,но кога не е тоа е како над тебе да се срушил целиот свет.Се затвораш во себе и ништо нема да бида како што било порано.Постојано ќе си тажен,нема нешто што може да те развесели.Баш тоа ми се случува мене.Се чувствувам како да сум во затворена просторија,сама меѓу четири ѕида.Колку и да ме тешат и да ми кажуваат убави работи ништо нема да ме развесели.Чувството кога ќе помислам дека сака друга е толку неубаво,никогаш повеќе нема да биде мој,него му е убаво си го живее животот не се грижи дали некоја го сака или не.Јас,а што јас? Личност која на секој две минуттки помислува на него.Го сакам премногу,но изгледа ќе треба да се помирам со тоа и да сфатам дека животот оди понатаму.Кога го пишувам ова,солзи го обливаат моето лице,кога ќе го видам помислувам дека сме заедно ..но за жал тоа е ден пресладок сон од кој треба да се разбудам и да погледнам напред кон реалноста.Се се случува еднаш во животот.Колку и да се трудиш,одново и одново никогаш нема да го имаш тоа чувство како да си Три Метри Над Небото.Тоа е тажната страна на љубовта,а јас една будала која искрено сака и залудно се надева!:/
     
    На The Drifter, Iva Ilievska, <3 Anllea <3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LadyGaga7

    LadyGaga7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    23
    Доброволец за пишување состави ? :)
    За подеталните теми, во ЛП :)
     
  12. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Женски
    некој од вас знае состав за костантин миладинов и неговата поезија, за лермонтов и неговото дело евгениј онегин и за сердарот и григор прличев?
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    За Константин Миладинов тука
    а за сите останати писмени, состави и сл. ќе најдете многу тука, има за разни теми и од разни години
     
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Луѓе а дали некој знае француски да ми помогне да есеј :)
     
  15. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Неколку реченици за дарежливост, ама да бидат иронични. Есејот ми е напишан отприлика, ми фалат неколку реченици за да е комплетен. За утре ми треба, а никако не ми текнува. |(
    Секоја помош е добредојдена, пошто стварно немам инспирација. :)
     
  16. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    140
    Луѓе задутре правам писмена на 2 теми:
    1) Рафаел де Валентин-богат без право на богатство, вљубен без право не љубов, живее без право на живот
    2)Федора и Полина-два различни света, два различни сензибилитета
    И двете се теми од Шагринска коша, а јас не знам како да почнам. Ве молам помагајте кој може!!
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Еве ти солиден почеток (инаку го преземав од сајтот „Сакам книги“)

    Фатална ноќ на незадоволство, револт и ретроспекција... млад, надежен интелект носи одлука да изврши самоубиство.

    Непосредно по одлуката, едно магично парче кожа станува негова амајлија, му носи низа бенифиции низ животот, но крие една страшна компензација...

    Живот на лукс ниво, благородни случувања, богат културен живот, но и полноќни посети од една бездушна жена, за сметка на наивната афекција од страна на Полина...

    Будење. Со секоја желба, шагринската кожа се крати, што е метафорички симбол на животот на Рафаел... умирање, на рацете на Полина.

    Балзак, преку шагринот (франц. chagrine - тага) ги третира предностите од доброто до злото, од хармонијата до моќта, од рајот до пеколот - сервирајќи универзална поента... несомнено, животот е најскапоценото нешто што го поседуваме.
     
  18. simona.pecanova

    simona.pecanova Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    :clap: Еј ајде ако имате некој состав за тема книгата непресушен извор која го напојува човештво ве молам ми треба брзо
     
  19. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    Сакам, за да бидам сакана
    простувам, за да ми простуваат.
    Говорам, за да знаат за мене,
    творам, за да останам запаметена,
    слушам, за да почувствувам дека постојам.

    Никогаш ништо нема да научам,
    никогаш никој нема да ме запамети,
    никој нема да знае дека сум постоела.
    Се ќе мине со времето.

    Еден ден кога моите коски ќе гнијат длабоко,
    кога ќе се присетат и тагуваат за се она
    што го пропуштиле во животот,
    некој, некаде, ќе пишува за себе, за животот,
    за смислата на битното и небитното,
    ќе пишува уа денот кога и тој ќе се изгуби со времето
    и ќе остане само една нишка од немиот простор,
    од глувото време. Нишка за која
    никој никогаш нема да се сети
    дека била дел од општото,
    дел од овој свет.
    еве место состав песна
     
    На Vrljanoska.e, Iva Ilievska, Stefica5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не би да мудрувам,ама ако на вакви општи теми не знаете да напишете состав, јас незнам како ќе полагате матура.
    Темава е толку проста и едноставна што не ти треба ништо посебно,освен мала креативност.
    Да беше за некое дело, па да не си имала време да го прочиташ ајде де,ама за вакви глупости да барате состав.
    Anyway, мала помош ако сакаш сама да го напишеш.
    Во воведниот дел пишувај општо за книгата, поврзи ја со мудроста на човештвото, со историјата дрн дрн јариња.
    Потоа пополека навлегувај во главниот дел, за што ќе зборуваш конкретно.
    И понатаму, пишувај конкретно зошто книгата е тој непресушен извор, зошто е потребно луѓето да читаат книги.
    На крај, заврши го составот со твој заклучок и субјективно мислење, што е за тебе книгата, како ја гледаш ти книгата.

    И ова верувај е многу поголема помош, отколку готов состав.
     
    На airotkiv и jovanajove им се допаѓа ова.