Што мислите вие ? Мене ова ми се допаѓа многу ! Редно беше и во нашата држава да се воведат чартер-летовите! Баш гледав 25 евра до Венеција-па луѓе тоа е за џабе само ме интересире дали картите се повратни или во еден правец ? Ајде да развиеме дискусија,мислам дека нема друга таква тема,ако има клуч!
Во два правци се. А дури и да не се, пак не е скапо. И имам прашање. Каква дискусија може да се развие околу чартер летови?
Aбе жени 50е е до лондон и до венеција не 25е... сигурно 50е повратна, јас баш читав, некоја турска компанија е тоа, направиле нискобуџетни летови, мада и ова не е нискобуџетно за нас, ама да не бараме преку леб погача, зашто реалните цени се изгор
Да преку Пегасус се тие нискобуџетни карти арно ама да ја букираш или платиш неколку месеци однапред. За Венеција ќе леташ за 25 евра повратна карта ама во Февруари а сега да ја купиш. Познат маркетиншки трик на авио компаниите. Инаку редовните линии т.е редовни летови ќе си платиш со редовна цена. http://www.flypgs.com еве тука може да се види што и како има моментално
Луѓе дали знае некој колку е повратна карта за Париз? и ако знаете кажете некој линк...Значи зборувам само за билет, не за сместување и целокупен ангажман...
Имаш ефтини летови од Софија за 40 евра во 1 правец... Инаку за нискобуџетниве компании... Супер се, кога точно знаеш каде сакаш да одиш после неколку месеци, и можеш да се спакуваш во 1 мало куферче (значи за кратки дестинации)... Многу се заштедува и навистина ми е мило што почнаа и од кај нас да летаат, иако не е толку развиено како од соседните градови. Разликата во цената во споредба со обичните авиокомпании е заради тоа што не ти даваат храна во авион (а и што ќе ти е за 1 ипол саат лет), слетуваат на помали аеродроми кои најчесто се подалеку од градот (ама сите аеродроми во Европа се поврзани со градот преку автобуси, метроа, возови кои не се воошто скапи) и тоа што за да имаш 1 куфер плус се доплаќа најчесто 10евра повеќе. Ама ако заштедам 100 евра, па и ќе одам со 1 мало куферче