Имаме порачано 4-5 пати, и сите ги имаме стигнато, може да се задржат неколку дена ете четките за нокти што ги порачав ми стигнаа за 15-20 дена
Мене денес ми стигна блузава, ја порачав на 7ми мај. Со тоа што, јас ја купив за 5 евра. Сега гледам ја поскапеле. Бројчето сум си го погодила, само што бојата на основата не е чисто бела, туку малку мава на крем. Ама прочитав такви коментари во фидбекот, така што очекував светло кремаста. Инаку материјалчето е убаво, лесно, очекувам да ја изнаносам летово
Денес ми стасаа старките, истите како шо ги порача Мишела. Многу се убави, бројчето ми е супер погодено. Ќе си порачам сега зелени или тегет, џабе пари се дефинитивно. Спојлер http://www.aliexpress.com/item/Dorp-shipping-13-Color-All-Size-35-44-Low-Style-high-Style-STAR-chuck-Classic-Canvas/1655199942.html
Пред една недела направив порачка. Па ќе видиме дали,кога и што ќе стигне. Ма да многу многу не се надевам.. :/ ЕВе ми ја порачката..
^ Оф топик - Зошто да не се надеваш? Мислиш дека нема да ти стигне или? Мене лично сè што сум порачала, ми стигнало. Започнав со ситни работи - накит, па се охрабрив и почнав и облека да порачувам и не сум имала проблем до сега. Исто така не ми се случило да купам од сомнителен селер, па да го блокираат и слично. Ако прв пат порачуваш, разбирливо е да имаш сомнежи, ама не се секирај до толку. Исто така, една феминка пиша (а се однесува на следење на пратките) - колку повеќе ја проверуваш, толку побавно ќе ти стигне. Буквално порачај и заборави дека си нарачал, за да се изненадиш кога ќе стигне Те молам не се опседнувај и ти со следење, зашто напорна е малце и таа тема, постојано се вртат истите прашања, кои се многу пати одговорени, буквално губам волја да пишувам едно исто по сто пати. Не се однесува ова на никој конкретно, така ми дојде во моментов, ќе се пронајдат и тие кои ги одговараат истите прашања цело време Се надевам дека ќе ти стигнат производите како што треба, па ќе ги фалиш во темата за онлајн критики
Ова ми е втор пат Првиот пат порачав евтина бижутерија да видам баш дали ке ми стигне.И стварно како што беше кажано од прилика за колку време ќе стигне,навистина стигна.Исти беа како и на сликата. Така да ова ми е втор пат,па затоа и повеќе работи порачав. А за тоа следењето како што пиша јас сум таква што несакам да знам како кога до каде, сакам да ме изненади чичко поштар Па се надевам ке се фалам за едно 2-3 недели
сестра ми нарача марама првиот пат, колку за проба да види дали ќе стигне, и не стигна. од тогаш немаме нарачано ништо.
Јас го порачав прстенот што е на предпоследната слика, денес ми стигнал во МК ке го добијам деновиве и ке ти кажам дали е убав
Порачувајте од проверени селери, гледајте колку нарачки имаат за тој производ и обавезно читајте фидбек. Мене се што сум порачала досега ми стигнало, исто и на дечко ми, а он скоро секој ден порачува по нешто. Од сталак за гитара, преку светла за точакот, до пумпи за аквариумот. Ако случајно не ви стигне нешто, барајте поврат на средства и ќе ви ги вратат парите.
И јас неможам да се пожалам од Али, со правени порачки скоро секој ден, ако не преку ден. Со порачување на сва и свашта. Сепак важен е фидбекот на селерот, колку е повисок толку подобро. Досега немам порачено од селери кои немаат никаков фидбек. Не сум имала некое лошо искуство, секогаш парите оделе назад при некој проблем. Обично чекам да ми ја лоцира пратката и после ја оставам и си ја чекам да стигне. Престанав да бројам, да следам, да барам до каде е , и така ништо нема да ми промени. Голема зараза е али, преголема, веројатно оти не плаќам на рака , па мислам дека не трошам , а сметката си се намалува. Читајте ги коментарите од купувачите, најбитни се. Јас најчесто се базирам на нив. Иако имам порачувано и работи кои немале фидбек, но продавачите биле со висок рејтинг.
Има неколку девојки што купиле купаќи, вклучувајќи ме и мене. Можеш да видиш тука, тука, тука и тука (имаш 2 пара на оваа страница) Можеби пропуштив некои, не е голема темата, 20тина страници, можеш да ја пребараш подетално Онлајн производи (искуства и критики)
На Али има големи попусти од 3-5 јуни (LOVE THE SPORT) и не само на спортска опрема туку и на други работи колку што разгледав прееска на брзина најмногу на попуст има од накит па дури и над 60%
Девојки во дестинација ми го пишува оваа Macedonia(Modify) Not Found, можно ли е да има некој проблем со адресата?
Ова го пишува се додека пратката не ти стигне во Европа, но понекогаш знае и покрај тоа што е стигната да го пишува ова. Јас го имав овој "проблем", но наредниот ден се си беше во ред. Почекај, може ќе ти се среди, а ако не пиши на селерот.
Јас сум порачувала саати, облека и стигнаа, но познавам некој кој порача 2 мобилни телефони Самсунг, ама не му стигнаа, нашиве од царина ги вратија назад, а се ми се чине дека уште не му се вратени парите. Не знам зошто му ги вратија, ете и дечко ми порача моб. тел. од страната, ама не некоја позната марка и му стигна.
Оваа ми го пишува уште од 28 мај, а и на селерот му пишав ми рече дека пратката ќе ми стигне најдобро ќе ми биде да си прашам утре во пошта...
Ме интересира дали имате некој порачувано мобилен телефон од АлиЕкспрес? Се мислам да нарачам ама страв ми е да не си ги дадам за џабе парите па да не ми стигне, или па да не чини.. што знам ...дали ќе имам дополнителни трошоци, царина треба да се плати .. .? Иначе за овај телефон се размислувам http://www.aliexpress.com/item/MPAID-80 ... 77291.html
Девојки пред неколку дена нарачав од оваа страна некои ситници па би сакала да ми ја објасните постапката за следење на пратката? На која страна беше и како да ја следам? Поздрав