Ми стигнаа сенките. Ептен се израдував да ви кажам. За 13 и нешто долари добив 120 сенки, па и обетки ми пратил селерот. Беа баш добро запакувани, доставата фати некои 4 недели речиси, ама една сенка е прав направена, каj и да е, кога ќе почнам да ги користам ќе се истури, тоа сигурно. За квалитетот неможам да кажам многу, на рака пробав неколку, ми се видоа пигментирани и лесно се размачкуваат. Има мат и малку сjаjни. Еве мои слики од нарачката. Спојлер Ќе ми ги извините несредените нокти
Ме израдува. Не е проблем ќе почекам, како не. Оваа ми е прва нарачка и сум хепи мн. Да видиме што ќе испадне од сето ова. Па кога ќе ја примам ќе пишам како е и во која состојба ми стигна производот.
читајчи низ страницивие на темава, прочитав кај само една феминка дека и биле украдени пари од сметка , а се сомневала дека се од алиекспрес, па ме фати страв. Дали и на некоја друга и е нешто слично случено? Плис одоговрете...
Девојки денес ми стигнаа старките, се израдував ама кога ги пробав испадна дека сум згрешила со бројчето..Носам 37 а добив 39 (иако се изнамачив со бројчињата US/EU) Некоја од вас да не е заинтересирана да и ги продадам, нормално за 22$ колку што и ги земав.(Се извинувам што малку сум офф ама вака мислам дека ќе биде поедноставно отколку да ги враќам во Кина) Едит:Ако има некој заинтересиран можам да ви дадам уште некоја фотографија да се уверите дека се до детал исти со оригиналот, пишете ми во ЛП (инаку од Скопје сум).
Од толку страници што има пишувано за али само една членка го има спомнато и мислам дека не и се украдени од али затоа што таа спомна дека парите биле повлечени од банкомат од некаде колку што се сеќавам. Барем до сега на друг се нема случено да украдат пари. Затоа ќе си извадиш посебна картица што ќе ја користиш само за плаќање на интернет и ќе си ставаш пари колку што е потребно. Реално постојат мн хакери по интернет па неможеш да знаеш то може да се случи. Вака сигурно ти е, нема што да ти украдат ако си имаш картица наменета само за тоа.
Дали некоја од вас има користено купон за попуст од селерот? Гледам баш сега, од селерот што сакам да нарачам, неговата продавница нуди промотивен купон за попуст од 5 долари, па ме интересираше дали ги земаат в предвид при нарачката?
Немам искористено купон до сега, ама пред да платиш има опција да искористиш купон. Доколку имаш таков и сакаш да го искористиш го внесуваш кодот. Ама обично купониве со попуст се за поголеми нарачки од неколку десетици долари Јас да прашам, на страниве за следење на едната пратка како конечна дестинација ја пишува Италија, а на сликата што ми ја прати селерот од паќетот стои точната адреса. Дали ова е проблем или нема место за паника?
Па, тоа што сакам да го нарачам чини 27 долари, па попуст од 5 долари супер би ми дошло. Ќе пробам, па ќе споделам искуство.Сепак, благодарам за одговорот.
Во врска со износот од 45 евра што нема да го царинат-ако порачам да речеме 10 нешта од по 10 долари, ама да пристигнат одделно, дали ќе го сметаат заедно износот или таа сума се гледа само на пратката која ја примам? Малку го заплеткав објаснувањето, ама се надевам ќе ме разберете.
Ако разбрав убаво што сакаш да прашаш, на пример ако порачаш 10 работи одделно, цената за сите си е посебно и посебно ги плаќаш нема да ти ги пресметаат заедно во никој случај.
Да, на тоа мислев. Значи тие 45 евра се однесуваат на еден предмет или на неколку ако заедно ми ги пратат
Ако ти се од еден продавач и ако заедно ти ја праќа цела пратка. Таа цена се однесува на едно парче кое има вредност од над 45 евра или на пакет од парчиња кои ја достигнуваат таа цена. Значи сепак гледај да не ти се од ист продавач и да не ти ги испрати сите како еден пакет во исто време.
(Се извинувам за офтопикот) Поштава наша е трагикомична Од минатата недела имам порачка од Али во Скопје, со помината царина и се, и си чекам да ми стигне картонче ама тоа пустото никако не стига. Сега само што го сретнав поштарот, направив муабет со човекот и отворено ми вика порачката е стигната арно ама нема кој да го пополни картончето (на одмор биле).
А ова со картичкиве не ми е многу јасно.Сега треба да се стави колку ти треба на картичката и тоа се уплаќа во денари така?