Сигурно сте слушнале за единственото машко кое се најде на листата на 100 најубави жени за 2011 година. Тоа е Андреј Пејиќ, андроген модел кој успешно се трансформира во машки и во женски лик. Роден е во Тузла, Босна и Херцеговина на 28 Август, 1991 година од мајка србинка и татко хрват. За време на војната неговото семејство се преселува во Австралија каде што тој сега работи како Австралиски машки модел. Специфичен е по неговата долга платинумска плава коса и изразено полни усни и многумина му предвидуваат успешна кариера. Што мислите вие за него? Дали кога би живеел на овие простори би бил успешен? А еве и неколку слики за оние кои не го виделе... Спојлер Проверив и немаше слична тема, но ако сум утнала и е дупла, КАНТА!
Да бидам искрен,навистина личи на жена. На кој не му е атрактивен како женско,сигурно ве излагал. Но со самата помисла дека таа типка со плава коса и секси усни е уствари Спојлер тип со мандало ми се гади! Наречете ме конзервативен,старомоден како сакате,но за мене ова не е нормално И мислам дека ако дојде на овие простори,ќе му биде огромна конкуренција на Бокита!
Многу е убав/а Моја генерација а Шала на страна, како што изгледа или како што може да се трансфотмира од приложените слики дефинитивно може многу да понуди. Тоа е на светската модна сцена, овде за такви слики би го линчувале.
^ Тоа де,овој барем има пријатна фаца,Бокица баш е карикатура. Еве слика на која стварно личи на женско. Кога дознав дека е машко буквално вака бев:
Успешен е и се повеќе ќе биде баш заради тоа што има ненормално голем потенцијал за трансформирање, а тоа е тоа што е бара. И е ептен фотогеничен. И добри црти има. Штета само,да си ја скрати косата би бил еден врло згоден машки примерок. А не вака, на сликите каде што е депилиран и замазнет со сјај ми е многу гадно
Жално што природата така си поиграла со овој човек. Навистина личи на женско. Абе он и за женско си бил планиран и во последен момент си се предомислил, па еве што испаднало. Инаку што се однесува до неговата кариера како модел сметам дека ќе постигне успеси. За разлика од другите од типот на Боки13 и бугарскиот Азис кои се машки и пробуваат нешто да изведуваат женски овој навистина личи на женско, дури е симпатичен/на и привлечен/на. Има што да понуди, ретко кој има вакви црти црти , а воедно е и машко.
Мене ми личи на сите слики на машко, можеби дека знам дека е машко па затоа... Што знам има некои јаки црти, има и такви девојки не викам не, ама едноставно не можам да го смешам со женско на ниедна слика. Читав еднаш едно негово интервју дека воопшто не му е гајле што кој ќе каже, он од ова вади многу пари и ќе продолжи се додека го ангажираат за ревии, фотосесии, реклами, што е сосема лично право и супер ако навистина не се замара кој што кажува. Јас лично не го мразам Боки и за мене тоа што тој го прави е исто со ова што го прави Андреј (заработува на еден несекојдневен начин), само што нели се што е наше мора 100 пати да се преплука
Искрено, прв пат го гледам. И некаде да сум го видела никогаш не би помислила дека е машко, ама бидејќи тоа е и целта да се трансформира, сигурно му престои успешна кариера... Малце језиво ми е што гледам жена, а уствари не е ама негов проблем, чим си успева вака негово е дали е маж, жена или и двете А вака симпатичен лик е. Околу тоа дали би успеал на овие простори, поготово кај нас па и не ми се верува баш, (не сме ние толку open minded ) пре би рекла би пропаднал кај нас.
Имам читано за него, и знам дека и големите дизајнери го ангажираат на ревии, само немам видено слика од него како маж, а дека личи на жена тоа не е спорно, ама навистина е гадно бе да го гледаш со такви нозе намачкани со масло, а знаеш дека е маж Еве гледам и овде имало статија за него http://www.femina.mk/новости/шоу-бизнис/фото-андреј-пејиќ-е-невестата-на-готије
Да се истрижи, да ги турни тие кармините и сенките, баш убаво машко е.Онака нежно, но има и такви некој..на пример Хајден Кристенсен.А пак да премини во девојка, пак ќе биди преубава.Нека се одлучи веќе еднашшш
Епа од тука јас прв пат сум слушнала за него. Јас можев да познавам дека е машко, ама и како женско изгледа уааау! А да живееше тука, баш би сакала да го видам во живо. Супер за него, успешен е како манекен и како манекенка, а дрим кам тру! Кој знае колку работа има, посебно поради неговиот изглед и мултифунксионалност. Типов е уон оф а кајнд.
Одма се познава дека е маж, значи му се познава на лик, а особено во телото. Според мене нема ништо женствено, се гледа дека е ептен исфорсиран, и антипатичен е Ми се гади од вакви луѓе, па кој што сака нека рече, била ја старомодна во овој поглед, со предрасуди, бил тој успешен во кариерата, баран, сеедно, одвратен е чоеков. Гаден си, нејќам и не можам да те глеам. Чао.
Мене ова не ми се допаѓа.Вистина е дека на многу слики изгледа како права жена но кога ми текне дека е машко,одвратно ми е.Секој треба да биде она што е.Ако си жена биди жена,ако си маж биди маж,не разбирам стварно која е целта . Секоја чест на трансформацијата но сепак не ми се допаѓа.Не е убав/a.
Кога косата би му била пократка (не велам нуларица да се ишиша) и без тие шминки пудри и све и свашта би бил добро парче кое со задоволство би го поминала... Али вака ептен ми е жена... А дека има убави црти има
Нејке да е на арно.Останав просто без зборови.Едноставно ликов да беше во Мкд ке го гагаа со јајца и домати знаејки каков е менталитетов овде.Па ке го ругаа кај ке стигнеа.Но да признаам дека како женско му одлично стои ама како кажа Џокси личноста со вакви усни е тип со мандало
Баш и не личи како жена, се познава по цртите на лицето и телото.. Да се облакаше како машко, да имаше кратка фризура и да не се шминкаше ќе беше убав али вака
Eпа вакви луѓе, шоубизнисот, и модниот свет едвај чека да се појават. Кај нас, баш и не. Може и полошо од Бокица да си помине. Али ете на дечкото му текнало, или некој му дошепнал, дека има женска ѕвезда у него, и место да си ја затуца судбината во неговата родна Босна, која се повеќе и повеќе тоне во сиромаштија, и ете си успеал човеков. Не ми е за пофалба некако потегов, али ете успех некој. Ма да, што убавина гледа човек во вакво изобличување на машкиот род, јас мајке ми не знам.