Во овој случај не бидејќи станува збор за две трансакции со различен број на нарачка. Доколку двете работи ти беа во корпа и ги платеше наеднаш ќе беа во иста пратка. Кај нас ќе ти ја царинат секоја пратка над 22 евра, нов закон. Втората пратка може да ја направиш и минута после првата, сепак ќе биде засебен пакет така да слободно порачај си го фустанот.
Артемишн, дај пушти линк од новиот закон(измена би требало да е во законот за Царина) баш ме интересира кога упсеа да го сменат, говна смрдени!
Всушност над 22 евра е само ДДВ, а над 45 евра ДДВ + царина. Како и да е се плаќа Извор: Службен весник на РМ (страна 2, член 2)
Мене пред некој ден ми стигна нарачка од 30 евра не платив ништо плус,па сеа ако е ова ептен ново нека кажи некој шо ке нарачат
Абе види и јас имам правено нарачки над 22 евра (сепак под 45) па не ми наплатиле ништо ама најверојатно зошто цариникот не бил запознаен со промените. Во глобала имаат право и треба да наплатат ДДВ ама сме имале среќа, да речам, па сме поминале така.
Еве јас ќе кажам дали ќе платам ДДВ за кондурите, мада искрено се надевам дека нема Ќе пишам штом ми стигнат
Не среќа аретемишн, ова не знам како да го наречам мизерија од држава, си праат како си сакаат и како им одговара, срамота стварно срамота. А ова е дифинитивно ново, од сега го немаше, али го применуваат селективно на кој како му одогвара или како ќему текне. Или за сите или за никој и никако поинаку.
Хипстер па и не е баш ново, од 10 декември 2012 е, ама не сите се упознаени со оваа измена. Селективно го применуваат зошто ниту цариниците знаат од која сума треба да оданочуваат, па затоа велам среќа сме поминале без дополнителен трошок. Ама не треба ни да не изненади доколку еден ден не пернат данок зошто имаат секакво право на тоа. Тоа ти е исто, 10 души претходно ќе поминат на место необележано со пешачки ама баш тебе ќе те застанат и ќе те казнат. Такво ни е државичето: за некого мајка, за некого маќеа.
Од Декември 2012? Епа дефинитвно не се нормални и не било ново,од тогаш сум нарачала минумум 5-6 пратки па не ме даночеле на ни една, ни една! Луда куќа, луда. Не знам што да кажам навистина не знам, спичлес сум.
Нарачката што ми стоеше подолго време како Received ја откажав, и повторно нарачав, сега гледам минус состојбата на картичката на стопанска. Двапати ми ги земале парите а ја откажав, што да правам? Плус на интернет картичка на стопанска може да бидам во минус?
После колку дена откако ќе ја откажам нарачката треба да ми бидат вратени парите на сметка? Синоќа ја откажав сеуште не се вратени парите, да им пишам или да почекам?
Рано е, чекај, барем 10тина работни дена треба да минат(или 14 дена сосе викенд) за да ти легнат на сметка. Ги враќаат не се секирај, имам 2 пати откажано нарачка и еднаш само не ми стигна и ми ги вратија до денар, малку каснат ама стигаат битно, нема да те зафркнат не се секирај
Девојки на пр. сакам на нарачам еден производ со цена 50 фунти, значи над дозволените 45 евра тоа значи дека ќе ми ја царинат порачката?
Да, ќе ти ја царинат порачката, со тоа што ќе треба да платиш 18 % ддв + попат некои дополнителни трошоци, и вкупно целата царинска постапка ќе ти излезе приближно 1000 денари. Се зависи од висината на цена на самиот производ, во твојот случај отприлика толку излегува.
Само да дадам еден апдејт дека денес ми стигнаа штиклите, точно на денот кога беше предвидено да стигнат и пресреќна сум, многу ми се убави Да кажам дека не платив ниту денар - ни ДДВ, ни царина, ништо (за среќа ). Чевлите чинат 23 фунти (27 ЕУР), ама ништо екстра не платив. Работава - секој со својата среќа Како ќе им прдне, така прават, ама ете, се најдов во среќничките овој пат. Прв пат ми е од Асос (и воопшто од нет) да нарачувам чевли, па ми беше малку страв, зошто нели поголем пакет, ова, она, ама ОК поминав. Спасив г'з И Артемишн беше во право, фустанчето не стигна со чевлите. По правило, треба утре да стигне, па ќе видиме
Хипстер, твојата картичката е од Стопанска банка? Поминаа веќе 16 дена сеуште не ми се вратени парите на сметка. Денес бев во Стопанска имам блиска личност и таа се јави во call центарот и кажаа дека парите ми се ставени како резервирани и требало да чекам намалку месец за да ми бидат вратени, ако во меѓувреме селерот не ги повлекол А овие од Асос еве што ми вратија. Не знам веќе што да правам, да чекам или пак да им пишам. Спојлер Thanks for getting in touch about your cancelled order 84120446. I've checked this for you and we haven't taken any money from your Visa account. When you place an order with ASOS, we get authorisation from your card issuer to debit your account. However, the funds are only reserved for us as we don't take the money until your order has been confirmed and sent to our warehouse. As your order has been cancelled, we've told your card issuer that we won't be going ahead with the transaction. Your card issuer will make the money available to you again - this can take up to 10 working days. I hope this helps. If you need anything else, please get back in touch.
Zdravo sakam da prasam nesto okolu narackive. Posledn den za pristignuvanj e denes no postarot go nema. E sega me interesira ako toj dosol dodeka sum bila izlezena dali bi ostavil livce ekakkvo? Ne znam sto da pravam swga . Dali da vekam uste nekoj den, ili da im pisam na asos ili ima nkoj broj vo posta da se javam da prasam nekade?
^^ Почекај уште неколку дена, барем да помине викендот, па ако не стигне прашај и во пошта. Ако не , ќе им пишеш на Асос па тие ќе ти кажат што понатаму.
Rainlover имам сметка на Тутнска, а картичкава ми е Виза електрон. Биди стрплива, им треба време за да легнат на сметка, јас првиот пат знам чекав и повеќе од 20 дена, не знам зашто се јавив и кај нас во банка и ми рекоа дека не е до нив до Асос е, и требаат вајда повеќе дена за да ги вратат. Стигнаа по 21 работен ден мислам дека првиот пат. Сега ко откажав нарачка последен пат ми легнаа за 15 дена, се изненадив и јас од брзината. Нема да те зафркнат не се секирај, спори се ама стигаат. А да појдеш у Стопанска и да прашаш заштп така ти викаат дека се во резервирани? Кај мене брзо се повлекуваат од резевирани за 2-3 дена, а после јово на ново праат трансакција за враќање на парите.