Мене ми се крајно грди. Јас вакво нешто на моја нога не ставам. Најмногу мразам кога ќе видам убаво средена девојка и на нога балетанка
Обожавам балетанки, повеќе и од штикли. Сакам да ги имам во сите можни бои, во сите можни дезени! Најудобни ми се, а и најлесно можам да ги искомбинирам со облеката.
Постојано си носам балетанки , толку ми се удобни и лесни за носење ...но понекогаш ако се многу тврди можат да ми направат плускавци и затоа секогаш кога купувам гледам да не се многу тврди и да не се високи од позади
Има многу вакви коментари, многу девојки мразат балетанки. Мене ми е чудно зашто има толку убави балетанки, толку убаво стојат и толку подвидови на балетанки, не сваќам што е до толку грдо кај нив Ај да се грди оние копитана што ги носат од 20 сантими, ај да се грди некои топуци, ај да се грди мартинки, ај да се грди оксфротки, ај да се грди чизми високи, да се грди некои штиклишта ко за порно, ама балетанки не бе не е можно Јас имам дома многу балетанки и ќе имам. Нема подобра чевла за пролет, лето и есен. Прво се крајно удобни, второ се многу лесни и трето многу убаво стојат баш на се од фармерка, сукња до фустан. А и трето може да ги носиш во школо, факултет, на работа, на излегување, на прошетки, секаде. Никогаш доста од балетанки, никогаш.
Не ги сакам, неможам со нив, грди ми се. Се чувствувам како да одам боса. Ги осеќам сите камчиња на земја. Не ми се згодни. Ме болат нозете за многу кратко време. Кој може нека си ги носи, јас неможам
Обожавам балетанки. Сакам да го имам секој можен пар Ама едно е да се сака,а друго е да се може... Најслатки ми се тие со машничиња напред
Јас не ги сакам. Се осеќам како боса да одам. Сакам вака отворени ама обавезно со пола пета па марак била и 3-4 сантими. Ова ми е нешто како помодерна варијанта на опинок. Мајка ми еднаш ми купила, ама си ги присвои сестра ми. Јас единствено до продавница ги носам, да не одам со папучи распафтани.
Послатка и поудобна женска обувка не постои Ги обожавам Многу побаво ми е кога ќе видам девојка во балетанки одколку девојка во патики. Прекрасни ми за скоро секоја пригода и скоро со се моеже да се кобинираат и со фармерки, панталони, суќни, фустанчиња... Алал да му е на тој што ги измислил
И јас така викав, ги мразев неможев да ги гледам исто како Лакримоса мислев дека како боса да одам не ми беа удобни. За матура сите си уживаа и се вратија дома здрави нозе, јас се вратив со крвави стапала и со милион плускaвци Има сто различни модели, еден вајда ќе ти се бендиса, барем за мене така беше. Првите балетанки ги купив пред година ипол и од тогаш има 5 пара купено други И преудобни се, со часови можеш да играш нозете да не те заболат и најдобро од се, одлично стојат со фустанчиња и супер замена на штикли се во некои ситуации. H&M имааат фантастични валетанки за многу ниски цени Оние нежно розевите ме потесеќаат на балерина, а нема ништо понежно, поженствено за мене од балерина. И така некако ептен за срце ми се фатија И јас ги сакам тие со машнички многу пренежни ми се. Колку ми е криво што не си земав едни цели со светки црни многу симаптични ми се. Спојлер
балетанките се прекрасни,баш ги сакам....има разлика од балетанка до балетанка....но ако знаеме добро да процениме-сигурно нема да ни се неудобни пред некој ден си купив едни кремави...и знам дек алетово во нив ќе го поминам
Зависи и до удобноста на балетанката.Некој премногу се ниски па така де осеќаш како да газиш на земја и нозете те болат кога ке ги извадиш.Имам и од удобните и од неудобните балетанки но се наносив на нив ова пролет. Еве некој прекрасни балетанки.
Јас многу ги сакам балетанките. Немам дома многу пара, но тие што ги имам често си ги носам. И многу ми се удобни.
Јас многу сакам балетанки, ама многу гу кинам. Имам само 2 пара, црни со машничка напред и бели со ситн цвеќиња.
Oкеј ми се балетанките, ама не се мој тип на обувка. Пре би носела патичиња а кога е потопло римјанки, сандали.. А не е дека ги мразам, ама се нервирам најмногу зашто не можам бројче да си најдам, се ми испаѓа меѓу бројче да сум а и кога ќе најдам точни, отпозади ми се многу ниски па ми се вади ногата. Убави ми се оние со ластик, барем така знам дека нема да ми се вади ногата. Многу ги сакам оние cap-toe, или пак половина една боја, половина друга боја, оние како плиш материјал и голема машничка од напред. Убави се, ама некако не се мој стил, јас сум повеќе за старки или пак римјанка.