Што според вас е безвременско? Кои се парчињата облека што може да се носат без разлика на модата во моментот?
Епа ај да си кажам за мене. Бела кошула нормално и мало црно фустанче -кожна јакна -црни салонки ................
Фармерки обични, цевка,ѕвонарки,секакви... Црно обично фустанче Бели бисери знам дека многу девојки не преферираат но мене ми изгледаат прекрасно Обична бела кошула за секаква пригода Обично црни високи штикли без ништо на нив мислам дека овие парчиња биле модерни пред 50 години и ќе бидат модерни во следните 50 години
За кожна јакна не би се сложила, зашто еден период никој не носеше, беше сељачка јакна Иначе би се согласила со дел од наведените и да дополнам црно кратко фустанче црни салонки на штикла фармерки бела кошула секси чипкана долна облека волнен капут бисери и машки а и женски костум
-кожна јакна -фармерки -црни салонки -плетени блузи и џемпери Mодата е иста тоа што носеле родителите кога биле деца и ние го носимe тоа (со мали измени) таа се врти во круг
Па горе-долу ги имате набројано, ама еве ги според мене: Едноставен,класичен црн фустан Фармерки Една црна и една бела кошула Класично црно здолниште Црни салонки Палто, односно капут Класична старка -converse Бисерни обетки(бисерен накит) Плетен шал Кожни ракавици Едноставен црн кожен каиш Црн долен веш
црното кратко фустанче и црните штикли - класика...нешто што е секогаш во мода. исто и конверс патиките за фармерките не сум толку сигурна...да тие секогаш се во мода...но моделите се менуваат...денес се носат цевки, порано се носеа широки со дезени...:/ а да...и белите кошули...уште една класика
Мала црна елегантна ташничка Ете, видете и во „модни критики“, сите ја имаат, секаква, од мајки, баби, нивна, стара, нова, секаква Безвременско практично
Јас тука би ги додала и обичните еднобојни маички на прерамки, или познати како рамбовки... *Според мене се безвременски, може да се комбинираат на илјада начини (а сами по себе се наједноставни)
Се сложувам со се што наведовте,но би додала и спортса облека како Адидас тренерки,кои дефинитивно се безвременски
Класика, класика, класика! Мал црн фустан, токму оној на Коко и Одри Хепберн. Бисер боја или црни хулахопки / подвезици. Црни класични штикли без футуристички примеси (по можност лаковани) Бисери...на Коко и Одри повторно, а и Лејди Дијана ги носеше често...