Ако има ваква тема и ако не привлекува дискусиа заклучете ја. Што е вашиот избор бело или жолто злато, скапоцен накит и кои ви се омилени скапоцени камења или бижутерија? Не сакам ниту бело ниту жолто злато и немам омилен скапоцен камен.
Помеѓу белото или жолтото злато би го одбрала белото. Мои омилени скапоцени камења се рубин, дијамант и гранат и ако многу ретко ги носам.
Омилен скапоцен камен? Сафир, смарагд и дијамант Спој на ова и се добива совршенство како: Ахххххх Да си се вратам во реалноста, си сакам и бижутерија и ја имам во изобилие. Во избор помеѓу злато и бижутерија сега за сега одам на втората варијанта. За понатака ќе видиме
Секогаш сум за вреден накит. И мајка ми и баба ми секогаш ми велеле: Подобро дади повеќе пари на луксузен накит, утре тој само ќе ти остане. Така да и јас се држам по тоа. Сакам злато и златен накит било да е жолто, бело или розово. Исто така и среброто го сакам. Омилен камен ми е аметистот бидејќи тој ми е камен заштитник и имам многу накит со аметисти. А дијамантите, па шта да ти причам. Не за џабе Мерлинка пее: Diamonds are a girls best friends. Имам такво хоби, собирање на скапоцени камења. Имаат посебна енергија едноставно, има нешто посебно и мистично во нив. Многу го сакам и хризолитот, има некоја енергија што ми дава инспирација. Е така, нема ништо повредно од убав накит иако и меѓу бижутеријата се наоѓаат убави парчиња само да знаеш да избереш.
Да не се лажеме, нема кој неќе скапоцени камења, или било каков вид на скапоцен накит Но се зависи кој колку може да си дозволи. Сигурно секој од нас има по некое парче скапоцен накит....но јас искрено повеќе користам бижутерија а тој скапоцен накит премногу ретко го ставам. Инаку рубинот и сафирот ми се Nо.1 Исто така од камењата жад и месечевиот многу ми се допаѓаат.
во ептен спрецијални прилики би носела нешто по вредно.. а за по родендени секој ден да го збогатам изгледот бижутерија секако, имам еден куп бижутерија.. ама заљубена сум во скапоцените камења...
Бижутерија дефинитивно.... имам преку 60 пара обетки , 30 пара гердани , 100 каиши и 30 ташни , да не испадне дека се фалам , само сакав да кажам дека преферирам бижу..
По вреден накит носам само на свадби,матури,родендени и сл. А бижутерија имам многу, од прстени, обетки, алки, ланчиња па што уште не.