Прееска поминав од тука и видов дека изградбата на трговскиов е прикрај, па ми текна да прашам тука. Знаете ли кои брендови ќе ги има? Ќе има ли Скопје уште една Zara, Bershka... можеби конечно и едно Starbucks кафуле? Кога ќе биде отварањето? Можете да споделувате информации за нови работни места, промоции, распродажби итн. Инаку Capitol Mall се наоѓа во населба Аеродром, на бул. Јане Сандански спроти Т.Ц Бисер. Се надевам темава ќе користи.
Ме интересира и мене кога ќе го пуштат трговскиот иако се при крај мислам дека сакаат да го пуштат во 2014 година. Ајде нека пишат тие што живеат во близина, сигурно знаат.
Па помина 6ти ноември, зарем уште не го отвориле? Во близина ми е, ама никој се нема уште пофалено дека бил натаму и дека го отвориле. Ќе дознаев, мајка му стара.
Одлично! Мене станот ми е во близина, па кога ќе се преселиме во ск, ќе имам место за шопинг на педесетина метри
Според изворов: „Од раководството најавуваат дека свеченото отворање на „Капитол“ ќе биде кон средината на декември.„ - се мисли на декември 2013 год. Дали некој знае кои ресторани ќе ги има и дали ќе има кино сала? City Mall во Карпош 3 е доста разновиден во тој поглед...
И јас прочитав дека официјално отварање ќе биде на 12ти Декември, инаку целиот назив е Capitol Mall And Residence што значи ќе има и апартмани за купување во самиот трговски.Со сигурност знам дека ќе има Ramstore маркет иако повеќе се надевав и сакав да е Carrefour.Инаку за брендовите нигде не пишува ни на официјалната фејсбук страна ни на нивната веб страна. Би можело да ве интересира работното време: Понеделник-Недела Fitness Center, Stores, Children's Center , Fast Food: 10am – 10pm Restaurants: 10am – 12am/1am Hypermarket: 8am – 10pm
Јас знам дека се истите газди од Рамстор и дека истите продавници што ги има таму ќе ги има и тука.Така ми кажа другарка ми, сега не знам колку е точно.
Аман бе, не им беше доволно на турциве пола век што не држеа под ропсто и сега пак со моловите, турските серии, зградите итн...
Не гледај толку негативно на работите. Ќе се отворат 400 нови работни позиции. На некој таа плата ќе му биде добредојдена.
Искрено речено, не верувам дека ќе имаат којзнае што ново што го нема на пазарот, а да би било многу актуелно. Очекувам ред турски брендови, нешто од скапите, можеби и ново (ама на нашиот пазар Шанел &co не се многу интересни, немаме ние куповна моќ дури ни за разгледуввање во тие продавници )
Јас сум ЗА да се отвараат молови, но пак ли само турци ќе ни инвестираат во земјава. Нека донесат други.