Море како де иде да знаеш колку ми се поудобни овие отколку тие што не се ни мали ни големи.. петите ми ги кинат Сакаш верувај сакаш не, многу ми се поудобни повисоките
Анонимна каде со вие бе? Многу се грдички. За вечерни излегувања. Поудобни се затоа што имаат помал пад, со оглед на тоа што и од напред се доста високи
Би ги утепала од носење. Мене ми се прекрасни ако не ги сакаш давај ги Со тесна фармерка или хулакопки во боја би изгледале феноменално. Ој која среќа да најдам вакви некаде.
Ааах... полудена сум по вакви чевли, кога би ги имало на нашиов пазар некоја добра имитација без размислување во секоја боја и дезен би си земала
Се слагам со твојата констатација за елегантна кондура, ама да те разочарам малце, пред некој ден бев низ град да си најдам некои од ,,нормалниве,, кондури и си дојов со празни раце дома. Па тоа е ужас, сите се на огромни платформи, и со препревисоки штикли. Вени да ти попуштат на нозе...
Спојлер Една третина од претставничките на понежниот пол признаваат дека чевлите се единствено нешто на кое не можат да му одолеат, па ги купуваат без разлика дали можат да си ги дозволат или не.
Јас се извинувам ако прашањево не е баш за тука ама мислам дека тука е најсоодветно да прашам Доколку не сум во право преместете ме Дали знаете каде се изработуваат чевли по нарачка ? ААА и немојте бе женски аман болна ке легнам сите ги сакам