Што мислите за чипката? Дали ја обожавате или ја мразите? Носите ли чипка? Дали мислите дека чипката е добра само за долна облека?
Па чипката е во моментов вистински ХИТ во светот на модата, секако дека ја обожаваме... Не само на долна облека, туку и на фустанчиња, маички, па дури и чевли има со чипка... Ми се допаѓа, женствена е, елегантна и нежна
Ја сакам чипката но исклучиво ако се работи за некаков детал од чипка. Дали ќе биде машничка, дел од ракавчињата на некоја маичка и сл. Не сакам на пр. комплетна чипкана маичка. Долен веш да, но и тоа да биде умерено. На пример гакичките нека се цели чипкани но градникот само со чипнани детали на него. Не сум љубител ниту на чипкани хулахопки. Чипката ја прави гардеробата секси, но кога ја има повеќе одошто треба не ми се допаѓа. Имам чипкани гакички и получипкани прслучуња дури и венче со чипкана машничка ги сакам но баш заради тоа што се "дискретно" чипкани.
Ми се допаѓа многу , но како што кажаа погоре умерено да е . Имам многу од долната облека со чипка , имам шноли со машна и на нив има чипка . Друго мислам дека ништо немам
Па чипката се врати во мода и сега секаде ја има. Обожавам чипка на долна облека, многу ми е секси А на облека само умерано, на пример дел од облеката кој ќе го има овој елемент, без разлика дали е на чевли,ракавици, маичка, фустанче, ташна и сл. Како што гледав слики од нова година многу девојчиња се облекле од глава до петици се чипкано Мене ми е малку ефтино така,просто!! Без навреда
Сакам онака умерено ништо посебно. Зашто чипката е новата униформа кај нас, а ме нервира да искочам и јас и 100 девојчиња да сме чипкани. Неќам. Така да ништо чипкано не си имам купено во последно време. Сакам долна облека, хулахопки, а најмалку сакам чевли и ташни чипкани. Иначе до лани чипката важеше за смешен материјал на кој му поминал одамна модата. А одеднаш голем COME BACK имаше Чипката треба умерено да се носи, внимавајте. Претерано чипкасто е кичесто.
Па вака кога ќе подразмислам, освен долна облека, немам ниту едно парче што е чипкано. Знам дека е ин, ама кога бев да славам нова година преку 70% од девојките носеа чипка. Чипкани кошули, блузи, фустанчиња, чевли со чипкани машнички... Убаво изгледа, ама ако не се претерува, како на пример една што беше со цела блуза чипкана, а одоздола само градникот. Невкусно ми изгледа.
Јас имам долна облека од чипка и две болерца со чипкенки ракави. Значи немам многу чипкени работи и се согласувам дека многу поубаво стојат умерено, и нормално кога не се носат само врз долна облека
Mногу модерно и носено во последно време, според мене ептен женствено, елегантно и секси и многу ми се допаѓа како стои, а највеќе ми се допаѓаат чевлите со чипка или некои чипкани детали за во коса..мх мх
Ми се допаѓа али ме нервира те едно исто што се слушува кај нас - сите се како униформирани во чипка периодов! Фустани со чипка, болеро со чипка, ракавици..... аман бе луѓе не се следат трендовите слепо, внесете нешто свое во тоа, а не треди е па ќе го носам макар и да не ми стои.....а баш сакав да имам нешто чипкено сезонава. Ќе си почекам да стивне еуфоријата па може ќе си најдам идеално чипкено парче.
Ми се лоши веќе од толку чипка. Мислам дека цел женски род ја дочека новата година во чипка. На излегување сите ко униформа се со тие фустаните од чипка, и деталите со чипка. Има преубави фустани, блузички, штикли, се и свашта со чипка, стварно се убави и убаво стоат, ама коа ќе ги видам истите модели и истата чипка на секоја 2ра девојка ми се губи убавината. Ионака не е мој стил да носам такви ствари али во моментов пари да ми даваат не ставам чипка за мене. Освен за долна облека, тоа е сосема друго класика
Ако не е претерано и ако добро се искомбинира ми се допаѓа.Посебно ми се допаѓаат некои детали за во коса или накит што е со чипка.. Си немам ништо ново купено туку носам некои парчиња чипка што ги имам,претежно се од мајка ми.. Многу ми е секси чипкан долен веш.
Многу сакам чипкан долен веш ама дечко ми гледам не го пали баш повеќе сака латекс , ама јас пак си носам убаво си се осеќам така
Фустанчето е преубаво па и затоа не е ни чудно што го толку мн носат прекрасен склоп на нежност и елеганција па и назада да е вакво
И јас многу сакав вакво фустанче да купам, ама се откажав откако за Нова година кај што бев, видов 10тина девојчиња вака облечени