ехееее од кога само јас носам чипка од кога си знам за мене сега пак излезе во мода (не ни опаднала ама поинтензивна е сезонава) и знаеш другарките одма copy-paste не ја слекуваат од на нив кога излегуваме секој викенд ипак прв си е прв мме кој прв почна хихихиххи иначе ја ОБОЖАВАММММММ
Ја сакам чипката само како детаљ на некое парче облека. Цела блуза или фустанче од чипка ми е некако премногу
Немам моментално ништо чипкано но видов едно фустанче цело со чипка црно, позади со гол грб, многу ми се допагаше и не беше многу скапо околу 1600 денари. За жал немаше број. И шетам низ продавниците денес и гледам во еден излог чипкани чевли на висока штикла со црвен ѓон беа имитација како овие лубутинкиве. Ама исти исти исти исти беа. И нели не сум многу баксуз јас, па немаше број. Ништо од чипкастата комбинација.
оваа сезона е прекрасна, во поглед на облеката е прекрасна светли весели бои , цветни дезени и секако ЧИПКА. навистина многу скам чипка и одамна не била толку голем хит, имам многу чипкани работи , дури и матурскиот фустан има чипка. сепак има различни типипови на чипка , сепак треба да се внимава при изборот бидејќи има и чипка која повеќе личи на перде отколку на чипка за фустан сепак не можам да замислам различна чипка комбинирана, на пример фустан со еден тип односно еден дезен, чанте со друг дезен, и чевли со трет, па макар чипката да е само детал. најповеќе ми се допаѓа розевата и црната чипка, и ги носам со големо задоволство.
Нешто што најмногу го пали мажот ми се моите чипкани гаќички и чипкано прслуче кои се толку секси што никогаш не останува рамнодушен и секогаш ме грабнува. Покрај долната чипкана облека во мојот плакар може да се најде и некое парче чипкано дали е на блуза или на фустан.
Сакам чипка и се чувствувам многу привлечно и секси кога носам некое такво парче облека. Најмногу сакам чипкана долна облека и рамбовки од чипка.
Сеа стварно е ХИТ ова чипката. Јас ја едноставно обожавам, сеа на штиклички, на сукњиќки букк. на сеимачипка..
еее вакви многу слични штикли си купив, можи на истите мислиш и ти, бела основа, со чипка одозгора се, и со црна панделка, а ѓонот им е црвен.
Обожавам чипка во секој поглед ама во последно време некако почна многу да ја носат и во се да ја ставаат така да неккако периодов апстинирам од носење.
сивото фустанче ептен ми се допаѓа иако не сакам чипка за облека. за долна облека да, ама инаку не. може на интернет да се најдат убави комбинации од чипка за фустани блузи дури и за оние кои не ја обожаваат многу многу ама кај нас не сум видела ништо интересно. се ми е некако кичесто и ко за на свадба.што знам....
Имам чипкани парчиња облека и модни дотатоци и многу си ги сакам од балетанки до венче за коса (од глава до пети), преубави се
Јас носам ,од долна облека,чевли,маички,фустанчиња едноставно зрачи со елеганција и женственост и поради тоа и ми се допаѓа,а и сега гледаме дека е и на мода така да секако дека носам чипка
Отсекогаш сум ја сакала, но сега откако е префорсирана и сите ја носат, ја бојкотирам. Ми се одмилуваат работи по кои сите скокаат. Чипка и бисери, that's my thing. Ќе си почекам да и' одмине модата, па ќе си ја носам раат.
Преубавко ми е, од мала сум со чипка ама почнаа сите. Гајле ми е пак си носам, ќе им помине нив меракот мене не