Мислам дека ваква тема нема ако има извинете може да ја избришате. Епа еве вака одите ли во Шутка да пазарувате, јас би можела да се излажам да отидам некогаш да си купам фармерки а нешто друго не би купила..
Дали пазарувате на шутка? Еднаш само сум пазарила.Си купив дукс(што сега моментално го носам),боди,пижами,чорапи,боксерки,една блузичка и каиш.
Дали пазарувате на шутка? најискрено да - Имам отидено неколку пати и имам купено некои работи од таму некои фармерки,дукс, блузичка некоја.... Нешо така око шо ми фатило...
Дали пазарувате на шутка? Маја во Шутка има некои парчиња облека која е иста како во бутиците.Само поефтина.Од таа причина отидов јас да купувам.Зошто да платам поскапо кога можам поефтино!?
Дали пазарувате на шутка? Досега не, не ми се допаѓа местото воопшто, една другарка беше со тетка и и го украдоа новчаникот, а и облеката ништо посебно, и во некои продавнички можеш истите работа за ефтини цени да ги најдеш.
Дали пазарувате на шутка? ПАЗАРИМЕ и многу ни е убаво Да бидам искрена кошулата што си ја купив од таму за 400ден скроз истата ја имаше во ГТЦ во дуќанот малиот за фармерки што е и беше 1200ден, штиклите што си ги купив од ГТЦ за 1400ден, на Шутка беа 800ден(будала, не отидов прво таму, се зезнав тој пат и уште ми е мака), балетанките од 600ден што си ги бендисав во Бисер беа 1400ден, банални работи пример боди таму е 80ден, а скроз истото на зелено пазарче е 150ден, па како да не одам на Шутка. Е само за ваша информација голем дел од работите кои ги има во Vasidora ги има и на Шутка, ова од лично искуство. Зошто да не одам на Шутка ,тоа воопшто не е понижење за мене, ем ќе си најдам доста ствари што ми требаат а сигурно ќе потрошам само третина од сумата која би ја потрошила кога би ги земала од бутик. Повеќе ќе се осетам како идиот доколку имам нешто купено од дуќан многу поскапо, а некој да ми каже дека истото го имало и на Шутка па и цената да ми ја кажат ќе си пукнам од мака.
Дали пазарувате на шутка? Нема ни зошто да ти е понижување,за твои пари кај сакаш ке си купуваш.Инаку јас моето боди 60 ден го купив и јас велам тоа,зошто да платам поскапо,само затоа што е од бутиик???А исто е...
Дали пазарувате на шутка? вака значи, во шутка искрено не сум била, ама никогаш не викам никогаш. можеби и ќе отидам некогаш, кој знае, и тоа од чиста причина што сите бутици скоро земаат од таму облека, макар и обувки. еве еден пример, значи, една моја другарка оди во шутка и си бара чизми... не знам на кое место , во некој дуќан таму пробувала и тој продавачот ја прашал од каде е , оваа кажала... истиот ја прашал дали го познава тој и тој (газдата) од тој и тој бутик во нејзиното место, таа кажала дека го познава. и дотичниов господин и кажува дека тој всушност од кај него ги зема обувките , а воедно кај нас тој салон за обувки е најскапиот разликата во цената, од тие чизми што другарка ми ги купи и истите кај нас (значи истиот модел, во тој бутик) беа околу 100 ден . е па зошто да не отидам до шутка бе? можеби не е професионално и тој што го кажал господинот кој е и што е , и од кај зема обувки... сепак на сите ни е јасно тоа, дека бутиците се преплавени со таква гардероба и обувки. , или пак ги дистрибуираат директно од бугарија (некои на кг... офф лелеее, сестра ми што ми има кажувано) секоја чест на исклучоците.
Дали пазарувате на шутка? Сум била неколку пати, сега веќе одамна не сум отишла натаму, од проста причина што немам воопшто време. Може да се најдат интересни парчиња по многу евтини цени. Посебно вака за секој ден, фармерки, маички и некои џемперчиња. А факт е дека некои исти работи ги има и во Гтц и Бисер едно 3 пати поскапи. Но, не сите. Нормално. Не ми е понижување да одам во Шутка, обожавам пазари, кога имам време си тркнувам до Зелено пазарче и Бит пазар и уживам во целата пазарска атмосфера. Можат да се најдат интересни работи таму каде што најмалку очекуваш.
Дали пазарувате на шутка? Робата ја земаат од Кинескиот пазар во Солун, на кг. Ми кажа продавач на тезга на Шутка. Многу од бутиците и директно од таму одат да зимаат, само што ставаат поголеми цени дека плаќаат кирија за дуќанот(нормално). И од пазар (зелено, бит пазар) некогаш знаеме да купиме нешто па не ни е чудно. Незнам зошто од Шутка да е поразлично... Исто и за Ил камино, знам дека зимаат од таму само после ставаат нивен печат(од сигурни извори). Моментално 97% од робата низ земјава е кинеска, така да може само да гледаме на кој начин да заштедиме, а квалитет дека нема тоа е факт.
Дали пазарувате на шутка? да знам да отидам и да си купам нешто ,па зашто да не кога истата роба ја има и у гтц и у рамстор и нез кај само шо е тродупло поскапа ...
Дали пазарувате на шутка? Дааа одам. Тоа е еднаш до два пати годишни, ама знам да отидам и да си купам мнооогу поефтини работи од ГТЦ и Бисер, а верувајте истите се! Мене искрено една работа ми е интересна. Лани купив еден долг сив џемпер и кафено џемперче со каивче, а годинава една наметка која што верувајте СИТЕ ме прашуваат од кај ми се. Некад ќе дадам 2000 за блуза од Манго, која никој нема да ми ја пофали и се нервирам така. А овие се по 400 денари и сите ме прашуваат Иначе на повеќето им кажувам дека ми се од Шутка, е само една цура да не ви кажувам како изреагира кога и кажав дека од Шутка ми е. Како што го пипаше џемперчето се тргна ко шуга да има и од тој момент не и беше убаво! Глуп народ! А да мора да признам дека првите 2 пати кога бев во шутка ми беше некако гнасно, ништо не купував. Баш ништо! Тоа е пред 6-7 години. Па еден период не ни одев. Ама сега е некако посредено од тогаш, и секако одење само преку недела. За викенд таа гунгула не сакам да ја видам повеќе. Така да сега знам како да пазарувам низ шутка.
Дали пазарувате на шутка? Порано одев почесто, ама едно време не можев ништо асално да најдам и само се нервирав таму. Е бев сега пак пред некоја недела и ми се погоди денот па се изнакупував. Кошулчиња, џемперчиња, чизмички, фармерки и се вратив дома со кусур Не знам зошто луѓето се фалат ако кажат леле ја купив кошулава 2000 од не знам кај. Мене баш ми е поубаво кога ќе ми ја изнафалат облеката и ќе си кажам за колку евтино така убаво сум се облекла Па нека се изедат живи
Дали пазарувате на шутка? Како бе на Шутка? Испаѓа ко да се качувам некаде на некоја планина Мене пологично ми звучи во Шутка, ама ако според литературниот македонски јазик треба на, тогаш добро. Инаку, да, понекогаш си купувам по нешто од таму, иако одамна не сум била. Кога бев студент, со братучетките одевме некогаш за викенди, ама мене гужвата ме нервираше, па едно време престанав да одам. А може да се најдат добри работи за малку пари. Кога знам дека робата во продавниците е истата (со некои исклучоци), оти да ја плаќам поскапо? Барем за тие пари плус нешто ќе си купам
Дали пазарувате на шутка? аууу, сум заборавила една нула 1000 ден се мислеше (да си се самоцитирам јас ) а и да насловчето - на шутка?
Дали пазарувате на шутка? Хехе,и јас мислам дека е ВО Шутка.Нема везе...Еј девојки сега личиме на она Мартинчето кога тупеше за vip оператор ако користиме vip ке ни останат пари за фармерки.Ете така сега,ке си пазариме во Шутка,па ке ни останат пари за два пара фармерки плус.
Дали пазарувате на шутка? Одам често, некогаш за мене, некогаш со другарка, дечко ми, сестра ми. Практикувам да одам преку недела, затоа што има многу гужва преку викенд. Пред некоја недела бев и си изнакупив се и сешто, од облека до чизми, а потрошив некои 3000 ден, со кои во центар може да купиш 2,3 праталчиња. Фармерки речиси секогаш купувам од таму затоа што има од 300 до 700 ден. Чизми исто од таму,ако таму се 1200, 300 во центар се дупло.
Да, пазарам. Еднаш годишно најмалку идам Скопје специјално за во Шутка оти јас не сум ок Ск 200 километри сум подалеку, а кога би живеела во Ск секоја недела би одела таму стварно многу е певтино се и има убави работи
Уште некој пост да прочитам ке ме убедите и мене да одам Инаку даааа , имам слушнато дека многу крадат, така да за тој шопинг носење пари само колку што планирате да трошите, и мобилниот - дома