Тема, за модата и стилот, есен-зима 2012/13 Бојата на есен – зима 2012/13 „трула вишна“ Веќе е факт дека новата есенска боја е онаа што ја нарекуваме „трула вишна“ или бојата на црното вино. Во игра се повеќе нијанси, дури и темновиолетовата, меѓутоа дефинитивно ова е основната боја околу која ќе се вртат сите есенски комбинации. Спојлер
мене ми се допаѓа оваа боја би ја носела како додаток или чевли и колан и ташна па дури и чзми би биле убави или пантоломчина, за блуза не знам баш специфична е бојава не би одговарала за секој модел на блуза, а туника може и др. а темно виолетова не би носела не ми е убава ама ич. и се знае секогаш кафеното ми е совршено за во зима
На последната слика последните чизми ми се врв Ако налетам на такви, обавезно купувам. И се согласувам со Стефаани, би ја носела бојава во комбинација еве пример со црна облека, а ваков каиш или марама, со вакви чевли. Можат да се прават некои комбинации, сепак не е некоја дреч весела боја.
А баш на почетоков на летово се шегувавме со другарките дека зимава актуелна ќе биде трула вишна,на сметка на тоа песната од Цеца хаха Да не сме некои трендсетери ? Убава боја e,како што имам бел тен и сакам бургундец боја кармин,прекрасно стои. Капут во ваква боја и некое блузиче и скокам од радост
Немам облека ваква боја, не ни сум имала, незнам ни дали ми стои убаво . Немам ни на што да ми одговара. Mногу сакам вакво некое , за сеа есен-зима
Хмм ...па немам ништо вакво али дефинитивно ќе шетнам по продавнициве да си земам некое вакво парченце.
Многу ми се допаѓа. Зимава треба да си купам ново капутче и баш планирав да е нешто на загасита црвена боја... Одлична трендовска боја за оваа есен/зима колекција
Модни трендови: Есен/Зима 2012/13 Летото полека си заврши, еве го пристигна Септември, а со него си носи и обновување на есенскиот плакар со алишта. Било да се тоа нови обувки, палта, пантолони или капчиња секој сака да си се поднови и да си купи нова гардероба. Еве неколку колекции од познатите модни брендови. Ви се допаѓаат? Темава нека биде за коментирање на актуелни модни трендови и поставување на нови... Актуелни бои за оваа сезона ќе бидат носење на црни, пастелни бои и многу темна црвена боја, кожа (еко или вистинска), златни додатоци, леопардски принтови, пуфкасти јакни и исто така ретро стилот е повторно во мода и винтиџ како инспирација. Kohl's (Колекција на Вера Ванг) Спојлер Victoria's Secret Спојлер H&M со Лана Дел Реј Спојлер cles/3858/01.jpg[/img] Blanco Спојлер
Модни трендови: Есен/Зима 2012/13 Прееска слушав на радио дека: -Капутите во боја ќе бидат на мода -Леопард панталони За сезонава се предвидува носење на црни, пастелни бои и мнооогу џиш црвена боја, кожа (без разлика дали е вистинска или еко кожа), златни додатоци. Потоа тука ги имаме и леопардски принтови, кои мене лично не ми се допаѓале никогаш, но што е тука е. Пуфкасти јакни или како што најдов. Потоа ретрото е повторно во мода т.е vintage како инспирација.. Мислам дека темава е супер и дека одлично ќе функционира !!! поззз Еве ова го најдов само..
Обожавам лак во трула вишна дефинитвно. Немам облека во оваа боја, а би сакала да имам барем една чанта. Обавезно ќе си купам лак во ваква боја. Мислам дека и кафеавите нијанси би требало да бидат во тренд и оваа есен. Не за друго, дека имам кафеав капут
Исто, есенва актуелни ќе бидат и темнозелените тонови. Вакви отприлика. Јас сепак мислам дека не само трула вишња, или зеленава, ами во мода ќе бидат и сите бои во такви потемни нијанси. Загасито темно жолта, мастило боја. Како и да е, мене ми се допаѓаат и радо би ги носела. Обожавам бои, иако до пред некое време не сакав да видам ништо друго поразлично од крем и нјуд, нежните нијанси. Среќа што го променив мислењето и среќа што на време сфатив дека на мојов блед тен му треба боја.
Многу се радувам што ,,потемните'' нијанси ќе преовладуваат сезонава, бидејќи бев презаситена од оние colour block комбинации. Трула вишна, војничко темно зелено или пак мастило боја, шта год, само да нема повеќе бои што очи бодат. http://www.youtube.com/watch?v=5xCJHb8XmmY http://blog.stylert.com/2012/04/14/kenz ... ylert-com/ Јас веќе се опремив со некои потемни нијанси на бои, чекам сега да присоберам некој денар и да си докупам уште некои работи. Во Боди лајн, ако сте заприметиле имаат донесено панталони мастило боја и трула вишна, 1400 денари се.
Повеќе би одела на додатоци во овие бои, отколку парчиња облека. Може само едно капутче во бордо боја да ми заврши работа Ако се враќа леопардскиот принт во мода, значи марамите ќе ги има на секој чекор, а јас се убив од барање цело лето и не најдов Значи се фрлам јас во потрага во темно црвена ташна, марами и накит кој значително ќе се зголеми оваа сезона.
Да си земам и јас едни фармерки во нијанси на мастило и трула вишна добро би било. Ми фаќаат око, а и темно зелената е добра. Ми се допаѓаат есенските бои годинава. :up:
Еве ја и машката колекција од ХиМ, да не бидат машките дискриминирани H&M машка колекција есен '12 Спојлер Во боите на есента, најновата колекција од H&M за мажи е спој на секојдневен опуштен изглед со класични парчиња облека. Портокаловите нијанси на есента се насекаде. Модните детали по се изгледа и оваа сезона ќе бидат задолжителни во секоја комбинација. Плетените капи, машките марами, каиши и кожни ракавици се повторно ин. Облекувањето во слоеви е уште една карактеристика на оваа колекција. Маици кои се гледаат под џемперот и кошули со подвратени ракави над сако или џемпер се еден од примерите како може да постигнете изглед на маж кој ја следи модата. Спојлер
Супер имам мантилче и фармерки во таа боја ,лани ѓи купив но ретко ги носев иако црвената боја ми омилена од новите трендови се ми се свиѓа само анимал принтот не,не можам да се замислам во него..
Мм вишна боја колку е убава. Моментално ми се лакирани ноктите во оваа боја. Сестра ми има капутче од Бершка бордо,многу и’ е убав. И јас сум за нов капут, сакам да биде некоја потемна нијанса на портокалово. Имам и малку потемно црвени панталони, всушност како хеланки се, ама се убави. И портокалово розе наметка. Вакви бои многу сакам, зашто баш асоцираат на пролет. Леопардски принт ич не ми се допаѓа. Ја сакам и темна зелената, едни такви фармерки добро би ми дошле. На времето имав панталони во војнички стил, ама дека беа широоки и со големи џебови не сакав да ги носам. А сега гледам модерни се. Леле ако ги најдам ќе ја терам мајка ми да ми ги преправи.