Вака, имам едни темни фармерки, темно плави накај црни, ама зимава сум ги пикала в чизми и сум ги подгазила, и таму каде што е подгазено ми избелела бојата сега ако земам боја има лек за ова зошто нагоре се како што треба, само на тоа едно место и дали ќе ми успее дома сама, зошто читам овде ги носите да ви ги фарбаат а мене ми е малтретирање да ги носам за толку малку и на какви места можи да ја најдам бојата? На пазари ја има или само во посебни продавници?
Каде да си купам?... Па и на попуст плус Незнам кај да го поставам прашањево па си викај ај тука Дали некој знае каде бојат фармерки ?
Се утепав дур ја најдам темаваа...незнаев дека постои Сакам да офарбам едно розово сако во црно. Сакам дома самата да го направаам и сега од продавница за бои треба да прашам дали имаат за текстил така? Аа како се вика продавницата за бои од која купивте боја за облека??
Има дуќан за тоа, каде може да ти ја офарбаат облеката. Се наоѓа на Стара Чаршија (Кога ќе кренеш од Бит Пазар, по Стара Чаршија, значи право одма на првата уличка од десно ќе кренеш по неа, и одма таму се наоѓа таа продавничка, целата е дрвена и таму се наоѓаат теписи. Мислам дека нешто се викаше Хембој, ама не ме фаќај за збор). Инаку можеш да фарбаш што сакаш, од фармерки до бунди и капути
ги читав одговориве и гледам сите викаат дека паѓа бојата на перење. имам во план фармерки да фарбам со црна боја но ме интересира дали дали е можно при носење и блузите да ми се офарбаат..знае ли некој??
^ Мислам дека е можно. Јас немам искуство со фарбање на облеката, но имав едни црни фармерки кои премногу пуштаа боја и сите блузи ми беа офарбани па дури и нозете некогаш ми беа сини ако се испотев. Така да, штом паѓа бојата на перење мислам дека е можно да ти се офарбаат блузите.
Дали знаете дали можам да офарбам платнени патики од бели,црвени.И каде да ги однесам.Или па каде можам да купам боја за текстил па сама да ги средам ако успеам.
Нема одговори на темата но и мене ме интересира каде може да најдам црна боја за текстил за фарбање на пантолони кои се нови но од 2перења одма изветвеа
Здраво, дали некој знае каде може да избојам платнени патики (старки), ми кажаа дека имало на стара чаршија ако некој знае да ми каже поточно
Здраво девојки, сакам да ве прашам дали досега имате бојадисувано фармерки во домашни услови ( поконкретно мислам тексесната боја да се доведе до некоја бела нијанса) ? Ако имате некое искуство ве молам споделете со што може тоа да се направи? ви благодарам
Здраво девојки , сакам да ве прашам дали знаете од каде може да се набават темперни боички (незнам како се викаат) за алишта?Сакам да поправам едно лого на една маица.И дали сте имале некое такво искуство и дали успева?Благодарам однапред.