На повеќето омилено парче облека кое може да се комбинира со различни видови облека. Секси, елегантни, заводливи , може да се носат на секакви пригоди . Тесни , широки, долги, кратки, со низок или висок струк, три четврти или шорт џинс , цефки ,сеедно кому како одговара и како најубаво му стојат. Можете да го изразите своето мислење за нив ,дали ги сакате, колку често ги носите и со што ги комбинирате?Кои се ваши омилени фармерки и колку пара имате? -Фармерките ги обожавам , се моето омилено парче облека и ги комбинирам најчесто со маички, блузи и џемпери па и со дуксерки.Со оглед на тоа што ми се омиелни имам 12 пара повеќето се со низок струк и цевки.Омилена боја ми е стандард џинс , може и светло сина и сива. Може и слики и
Супер се за секоја пригода и ако не знаеш што да облечеш за излагање-фармерки и некоја маичка сето тоа искомбинирано со штикли се совршена комбинација во која нема утка Имам некои 15 пара ама некои 6 кои ми се омилени и најчесто се цевка
Како и секоја девојка и јас поседувам фармерки. Во огромен број, во разни бои, различен материјал. Ги комбинирам со разни блузички, џемперчиња, туники.
Многу сакам фармерки. Удобни ми се, убаво се чувствувам во нив, ми ги истакнуваат нозете и задникот Ги носам во сите можни комбинации. Ги комбинирам како спортска или елегантна варијанта зависно од моделот, со соодветен топ и обувки. Буквално за секоја прилика. На патики, на штикли (чизми, сандали, кондури), ниски кондурчиња, балетанки... На се!
Сега за сега имам само еден пар фармерки, класична сина боја, и малце се подискинати (така намерно се купени ) и се цефка.
А бе фармерките мене ми се секојдневна гардероба Ги сакам, од нив никогаш доста, имам петнаесетина парчиња, сите ми се омилени, црни, сиви, светло сини, ама најмногу ги сакам оние оригинал боја И повеќето ми се цевка. Исто ги сакам и кратките тексасни шорцеви, имам едни со везано пеперутче, многу си ги сакам, и уште едни темни. Најпаметна, најубава, и најчесто секси комбинација
Па не верувам дека некој не ги сака и за секого (ама баш за секого) може да се најдат соодветни. Имам... (чек да избројам точно) ... 7-8 пара фармерки (4 од нив се црни) и ги комбинирам со СЕ. И се носат на се!