http://www.fashionweeks.mk/ FWSK се отвара со изложба на фотографии од книгата на Иван Родиќ (Yvan Rodic) Face Hunter (Hardcover) во Националната галерија на Македонија, Мала Станица, во Скопје. Книгата на Родиќ својата светска промоција ја доживеа во париската концептуална продавница Колет (Colette) во јануари оваа година. Родиќ воедно е и гостин на FWSK и на 28 октомври тој ќе ја промовира својата книга и ќе оддржи предавање за поврзаноста на уличната мода и блогингот наменета за студентите од факултетите за арт и дизајн но и за сите оние кои сакаат одблиску да се запознаат со работата на овој млад човек чии фотографии денес можат да се најдат во светски познатите модни магазини ELLE, Vogue, Cosmopolitan, GQ а воедно се објавувани во Јапонија, Америка, Данска, Германија, САД и во други земји. Во Националната галерија на Македонија ‘ Мала Станица’ во Скопје ќе се одржат и две модни презентации на кои ќе се претстават колекциите на Belgrade Workshop од Србија-група на четири млади дизајнери кои во Скопје доаѓаат по модните ревии во Љубљана и настапот на Athens Fashion Week, како и модната презентација на Јована Филиповиќ. На ревиите кои ќе се одржуваат од 29-ти до 31-ви октомври во салонот на Ауди, Порше во Скопје презентираме млади и етаблирани дизајнери и модни куќи. Ревијскиот дел се отвара со ревија на студенти од факултетите за арт и дизајн поддржана од Пелистерка и доделување на наградата за најдобар млад талентиран дизајнер. По неа следи ревијата на новиот македонски бренд Стилисимо а вечерта ја затвора Елена Лука. На 30-ти ќе можат да се проследат ревиите на Емилија и Елена Давиткови поддржани од БиМилк, ревијата на Роберт Ивановски како и промоцијата на модната колаборација помеѓу FWSK, брендот HP и дизајнерката Олгица Ѓоргиева по која следува ревија на Ѓоргиева поддржана од овој бренд. Последниот ден се бидат презентирани модните ревии на Кокев-Кадриу, Александра Митковска и Росица Мршиќ. FWSK партнер за фризура е VITALITY'S (VITALITIS) а на настанот ќе бидат ангажирани тимови од фризерските студија Весна 501, Арт на Сретен Костиќ, Вог и Елена Лука од Скопје како и студио ПартиНова од Струмица и студиото Трезор од Кавадарци. Официјален партнер за шмика е Max Factor, официјални фотографи се AD Photography, моделите се од модната агенција Подиум како и од неколку други модни студија, пратнер за обувки е ГРАФИТИ.
FWSK МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ 26-31.10.2010 Конечно! Редно беше да има ваков настан и во Македонија! Мора да се оди. Штета што е само од 26 до 31. Сакаме повеќе.
FWSK МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ 26-31.10.2010 Најплатените македонски манекенки со интернационална кариера Мартина Павловска, Катарина Ивановска, Ана Клекачовска и Маја Сашек поради своите ангажмани на модните недели во најпознатите модни центри како Њујорк, Милано, Лондон и во Париз нема да продефилираат на неколкуте ревии на претстојниот Моден викенд што по третпат ќе се одржи во Скопје. - Во моментот во најпознатите модни центри во светот се случуваат најголемите модни недели, се снимаат каталози во кои учествуваат и нашите манекенки кои заработуваат големи суми по ревија и сигурно не би сакале да ги пропуштат овие модни настани - вели Данијела Симоновска организаторката на Модниот викенд во Скопје. Таа додава дека модниот викенд ќе биде збогатен со млади лица и неколку фриленс-модели, како Валентина Танушева и Ивана Гелева, која учествуваше на двата претходни модни викенди и се најде и на најавните плакати. Симоновска посочува дека на Модниот викенд ќе настапат околу 40 млади манекенки и 4 манекени од модните агенции „Подиум“, „Моделс ин“, кои во изминатите пет месеци посетувале курс кај познатата ексманекенка и кореограф Ирина Догаџинска. - Со модните недели што се одржуваат двапати годишно се обидуваме да создадеме една нова модна сцена што ја заслужува Македонија, и да го затвориме оној магичен круг на импровизирани или на отсуство на модни случувања - коментира Симоновска. Извор ШПИЦ http://www.time.mk/read/3d06c1ab68/4a06763bcf/index.html
Лед-бајка на Филиповиќ На отворањето на Модниот викенд-Скопје, во средата (27.10.2010) во "Мала станица", најмногу одушеви модната инсталација на Јована Филиповиќ, една од најнадежните млади дизајнерки кај нас. Внесе свежина и направи чекор напред со својата уникатна и смела колекција "ЛЕД дизајн". Поради употребата на електронски додатоци ќе има малку поинаква презентација. -Промоцијата беше замислена како изложба, односно еден вид светлечка инсталација, каде што се изложени моделите и модните додатоци. Моделите претставуваат продолжение на мојата дипломска колекција, од која ќе имам изложено неколку модели, а ќе има и нови парчиња како здолништа, фустани, шорцеви и слично. За разлика од претходната, оваа колекција е доста понослива зашто електронските додатоци ќе бидат независни од облеката и модните додатоци- вели Филиповиќ, која на 31 октомври ќе има свое претсавување и на Модната недела во Белград. Јована има дипломирано моден дизајн на "Академија Италијана", а зад неа се неколку презентации на годишните ревии на школата во Скопје и Фиренца.
Пелистерка нова форма! Пелистерка, Трето Уво и Бекстејџ отпочнаа интересен проект. На 10 млади неафирмирани креатори, студенти на факултетите за дизајн им беше доверена задача да создадат вечерна тоалета инспирирана од новото шише на Пелистерка. Тие беа презентирани на овој моден викенд Спојлер и победникот Алмир Ибраим
STILISIMO Спојлер Парчиња гардароба за секојдневна употреба. Ништо ново, ископирано, пола работи веќе ги има низ сите продавници. Тие чевли што ги носат јас пред 2 години исти такви црни со машна ги купив од Биана Не дека не ми се свиѓаат моделиве, ми се допаѓаат за секојдневно носење, ама јас сепак под нова колекција сметам дека треба уникатност. Ова е веќе видено...
Мора да ги доставам последните слики од ревијата на Елена Лука Спојлер СЕКОЈА ЧЕСТ Над 100 креации содржеше ревијата на Елена Лука.
FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010 Преубави се креациите на Елена Лука,неколку пати ги погледнав,навистина одлично,ми изгледаат баш светски. Мене ми е криво што неможев да отидам денес на ревијата на Олгица Ѓоргиева.
ДУМА Близначките Елена и Емилија Давиткови, кои работат под името „Дума“ ја отворија втората вечер (сабота) со колекцијата The Beginning Of Modern-Day Gomorrah - инспирирана од најпопуларните вечерни забави во 70-тите и раните 80-ти години. - Појдовна точка ни беше времето на познатото „Студио 54“. Тој локал го сменил начинот на кој луѓето се забавувале. На едно место собирал славни уметници и ексцентрици, што беше предизвик за нас. Колекцијата содржи впечатливи модели наменети за вечерни излегувања. Тие даваат андроген и смел секси изглед - велат тие. Спојлер
Robert Ivanovski "R" Талентираниот дизајнер Роберт Ивановски кој веќе се наметна на модната сцена со својот готски имиџ. Овој пат инспириран од 80-тите години ќе се претстави со колекција наречена „Р“. Како и на претходното издание на Модниот викенд нуди модели во доминантна црна боја. - Станува збор за младешка урбано-бунтовничка колекција за двата пола. Инспирација ми беше музиката и готската супкултура од 80-тите години, како и смелиот и експериментален начин на облекување на младите од тој период. Застапени се разновидни форми и материјали: памук, плетенина, еко-кожа и друго. Доминираат кожените реси и металните нитни како главни детали - вели Ивановски. Спојлер
Олгица Ѓоргиева Вечерта се заокружи со колекцијата на креаторката Олгица Ѓоргиева, која е поддржана од „ХП“. Линијата е наречена „Нешто лично“ и е составена од 20-ина парчиња, во кои има применето техника на рачна доработка. - Моделите се уникатни, моќни, енергични и се наменети за личности со силен карактер, свесни за себе и за своето место во средината. Ја задржав, за мене, препознатливата чиста форма, облагородена со детали или со некоја доработка на материјалите - вели Ѓоргиева. Спојлер
FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010 Браво за темава Росонерка!! а воеедно браво и за настанот Преубави ми се моделите на Елена Лука и на Дума ми се допаѓаат... Овие другиве некако веќе видено као што викаш за Стилисимо.... Роберт добро готика стил не е нешто али поминува... А на Олгица руските шапки не ми се допаѓа ама баш ич....
Eдно големо за сите ревии. Елена Лука имаа убави модели (леле колу од нив си бендисав ), од Пелистерка фустаните ми се допадна еден што е зелено со темно сиво како крижен долу. Еве и некои модели на Александра Митковска Р.Ѕ кој се осмели да краде идеи Боже ако немаш идеја не учествувај !
FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010 Браво за настанот! Јас ќе си кажам мое мислење. Стилисимо колекцијата е просечна. Нема нешто посебно да издвојам, кое би го носела јас или млада девојка. Можеби едно или две од капутчињата, ама другото ми личи да го носи мајка ми која е во доцните 40ти. На Елена Лука не сум фан. Не знам дали инспирацијата ја црпела од ренесансата, ама убаво е што многу се живописни и полни моделите. Креативно е, ама не нешто што се носи. МИ се допаѓаат долните делови од облеката, поточно има интересни панталони и здолништа. Балските фустани на крајот ми се сосема непотребни. “ДУМА„ имаат интресни парчиња. Футуристички моменти и доста кожни работи, доминира црното. Некако е монотоно, и видено претходно, особено шпицастите рамена. Сепак е различно и ми се допаѓа. Robert Ivanovski "R" има интересни женски модели, ама машките се доста дискутабилни. Слични ми се как претходните, со кожа, црнила и реси, ама како претставник на готикот, тоа и може да го покаже. Олгица Ѓоргиева ми е фаворитот дефинитвно. Особено ми се допаѓаат лесните материјали кои ги косрити за фустанчињата. На повеќето модели има доста убава структура и текстура што се забележува лесно. Црвеното палто е прекрасно, а и крзнените шапки се ептен шик. Би сакала да видам повеќе слики. Ако некој најде нека ги прикачи овде. Во секој случај убав настан! Здравје Боже, до година може да го посетам.
И за крај еве слики од вчерашните ревии Aлександра Митковска Дизајнерката Александра Митковска одржи мини-ревија со модели во авангарден стил - препознатлив за неа. - Се обидувам да го спојам конвенционалното и авангардното, нешто што ќе внесе малку енергија во тмурните зимски денови. Во однос на досегашните колекции оваа ќе одговара за секојдневна употреба. Инспирацијата ја најдов во независната жена. Застапени се природни материјали - 100-отстотна волна и кожа. Ќе понудам капути, панталони и здолништа - вели Митковска. Спојлер
КОКЕВ - КАДРИУ Тандемот Тања Кокев и Мила Кадриу во новата колекција ги задржуваат едноставните форми на свечените фустани и венчаници, со акцент на квалитетни и луксузни материјали. - Овој пат нема да понудиме вообичаени, бели венчаници, туку тоа ќе бидат модели со нежни тонови. Тоалетите, пак, ќе се движат од светлобеж до темномаслинеста боја. Заедничка нишка во целата колекција е плетенката - изјави Кокев. Спојлер
Росица Мршиќ Модната недела беше затворена со ревија на познатата дизајнерка Росица Мршиќ. Колекцијата, чиј работен наслов е Different View, има 25 парчиња. Моделите се инспирирани и преработени во духот на 50-тите и 60-тити години од минатиот век. -Иако е женствена и естетски приспособена на периодот, колекцијата носи нова, урбана идеја на изгледот, која е потенцирана со детали што се вметнати како контрасна слика на самата облека. Преовладува силуетата а ла песочен часовник, препознатлива за 50-тите. Моделите се изработени од памук, волна, а употребено е и кадифе - вели Мршиќ, која открива дека периодов е фокусирана на пласирање на своите модели надвор од Македонија, од кои некои веќе се продаваат во Дубаи. Спојлер
FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010 Конечно и во нашата мила, мала Македонија да се појави настан кој што има критериуми на ниво. Мислам дека конечно манекенките ке добијат работа како манекенки, а не како хостеси. Во секој случај, браво за сите креатори, сепак сите ги покажаа своите креативни идеи. Најмногу ми се допаднаа Александра Митковска, Росица Мршиќ и Јована Филипович, нека продолжат со добра работа.