Сите си имаме желби во однос на облека/чевли/акцесорис кои за жал не може да си ги исполниме од одредени Х причини. Најчесто пари (да не речам во повеќето случаи), некогаш ги немаме во Македонијава тие работи, некогаш сме ги нашле во продавница немало бројче за нас, некогаш сме виделе нешто во излог и го мислиме со денови итн. Па си ги гледаме на интернет, си се лепиме на монитор и си ги сонуваме Па кажете кое парче облека го посакувате во моментов и кое посакувате да е на закачалка во вашиот орман или чевлите да се ставени на полицата во ходникот. Не ставајте цели колекции што посакувате, туку она што во моментов го сакате најмногу. Да си почнам јас. Патикиве! Од Isabel Marant откако ги видов вљубена сум во нив, секогаш пекам за штикли, ама овој пат сакам патики! Но знаејки ја цената од над 500 долари, само ќе си ги сакам и гледам на монитор. Ама убаво е да се сака Совршени се мајке ми Спојлер
Го посакувам ова ... Браво за темата Росоњерка! Може три работи да ставам ? 1. Тетоважа на грб! Колку само ќе ја имам . Само да наполнам годинки. 2. Овие душички 3. Фустанов е од грд погрд го нема, ама неможам да го преболам тој на едно рамо што го купија пред мене
Го посакувам ова ... Ихаа, во моментов многу работи посакувам. Ама еве, овие две парчиња ми се први на списокот. Си го гушкам екранов од што ги сакам. Дуксеров. Едноставно ми е прекрасен, иако е сосема обичен. И машки. И патикиве, кои долго време си ги меркам, ама во Скопјево никако да најдам вакви. И овие, слични се, многу.
Го посакувам ова ... Многу ми се допадна ова едноставно, а убаво ланче на H&M кое веќе и го нема во колекцијата , додека мене ми стигне ќе биде ретро парче. Инаку се продаваше по некоја багателна сума од 10$, кај и да е, ќе ми стигне и ќе си го имам. И едни вакви чевлиња, доволни ми се едни, скромно дете сум си јас. Оваа сезона веќе ми кидна, ама се надевам ќе начекам на попуст црвено капутче, баш ваков крој како на сликава. Со такви ракавчиња и таа должина. Копчињата мање-више небитни.
Го посакувам ова ... Неможам да најдам адекватна слика, но нешто налик ова. Сакам да има грубо извезени крупни монистри - дискови.
Го посакувам ова ... Посакувам обетчиња, знаете оние, Love, Hate, I, You, што се продаваат по Тера Нова, Евроазија. Слични на овие се. Посакувам штикли, секакви, за сега само едни можам да издвојам, бидејќи ако почнам .. Посакувам патики Многу ми се слатки.
Го посакувам ова ... Одамна посакувам еден пар совршени црвени штикли. Пролетва конечно тргнувам во потрага
Го посакувам ова ... Добра тема Нема да ставам парчиња што можат да се најдат кај нас, исклучиво нешто од мојата фантазерска wishlist Можеби некој ден во иднина ќе ги имам, кој знае... Почнувам со клише, ама многу сакам да ја имам. Hermes Birkin bag! Louboutin. Едни, црни. Класика. Balenciaga-ва исто. И тоа ваква, црвена И едно сако, со преубав крој од Valentino. Марамата на MCQUEEN И часовник од Michael Kors, ова ми се некои основни парчиња за во зенски гардеробер и да сум во можност сигурно би си ги купила сите.
Го посакувам ова ... Lanvin за H&M Kостим за капење од Victoria's Secret Сакам вакво палто, со широка јака Најобични црни шпицасти штикли Џими Чу Мала чанта во боја Сите тука што се.