Ахам, апсолутно хит се од лани во странство а почнуваат да се шират и накај нас. Ај што забегуваат странциве по гумениве (рибарски, чизми за на фарма како и да ги речам уште) ама гледам и хрвативе на форум сите ги посакуваат, а и видов неколку и кај нас ги носат низ Скопјево. Мене не ми е јасно што убавина гледаат во таа гумена чизма. Ама знаеш често ако нешто е мода па и било какво да е нека се носи, модерно е најбитно! Така да девојки би носеле ли гумени чизми? Што ве привлекува или одвлекува од нив?
Леле жива глупост ми се.... Единствено би купила вакви штосни да кажам... за на снег или ако има големи дождови... некако... не ми се по мој вкус.
Не ме привлекуваат овој тип на чизми. Гломазни, светлуцави, а за материјалот, да не правам муабет. Широки во горниот предел, неудобни за носење, шлапатарски. Не би носела нешто во што не ми е удобно, чисто ради мода. А и реакциите на околината ќе бидат ,,Кај оди оваа? По риба?‘‘. Мада, како што дождливите времиња не се за мене, направи еден чекор, вир, направи друг чекор, уште поголем вир, ќе треба да си набавам едни чизми за по риба-гумени чизми.
Rossonerka, сигурно го виде моето прашање во Дајте совет за чизми, и ја отвори темава. Можно е да ти ја префрлат во таа тема, зашто сепак станува збор за чизми, ама не знам, тоа модераторките... Инаку, и прашањето ми беше каде има во Скопје вакви чизми, и да, многу ми се допаѓаат. Не се работи за помодарство, туку за економичност и практичност. Интересни се, не се скапи, а се многу практични за во дожд, а и снег.
Слободно нека ја префрлат ако сметаат, ама не видов од тебе, баш случајно после видов и се насмеав коинциденција. Иначе мислам дека видов во Калиопе провери си. И не се ефтини мислам дека околу 2000 и нешто беа. А постојат гумени чизми и по 400 евра. И секако вкус е. Јас никогаш не би ги ставила на нога овие чизми!
не би ги облекла никогаш ... што знам зошто, едноставно не ме привлекуваат а и како што рече ангелче многу се гломазни и некако гумата свети .. аман бре луѓе, како може вакви чизми да се модерни!? па какви се тие светски дизајнери тие се само за таму каде што постојано има поплави и поројни дождови така да гумени чизми НИКОГАШ
Мислам дека нема потреба да се заклучи или префрли темава во друга. Мораме да имаме разновидност Мене лично не ми се допаѓаат чизмиве, пред некое време една пријателка си купи и ми беа апла рибарски Повеќе не се на мода, ама баш ми беа слатки тие чизмички со крзно, посебно ако беа розеви
И јас имам гумени чизми, ама за по лозјето и супер ми се, како ми се погодија чудо, не ми студе во нив кога работам, а летото малку се поте ногата ама нема врска . А за по чаршија нема шанси да облечам такви, а во Данска хит биле Гумени Чизми куси панталони и на точакот
Aх, колку и да се на мода овие чизми јас не би ги облекла, па и ако треба ногата да ми кисне. Некако ми се одбивни, нема нешто што ме привлекува во нив . Нема шанси да носам такви чизми, а за употреба можеби се добри, ама како што кажа некој пред мене дека биле 2000ден чизмите , нема шанси да даам пари за вакви чизми..No way ...
никогаш не би облекла, па колку сака нека се модерни, како прво се премногу широки и ќе си шлапам, ќе не можам да одам, се знае такви чизми се за на риби(ова според мене, не се лутете), имам видено како некои девојки носат такви шарени низ град, пред некој ден кога врнеше имаше некои носеа, ама мене гадно ми изгледаше
Meне воопшто не ми се допаѓаат. Другарка ми има вакви гумени и ептен грозно изгледа, ко да ќе оди на риболов! Никогаш не би облекла вакви.
Пошто јас како типично скопско дете кога видов гумени чизми викам штоо? нема по риба да одам,ама се стварно многу практични. Тука кај нас баш врне и си патики или некои платнени чизми ништо не се праи. И лани кога гледам сите со гумени чизми. И стварно има многу штосни гумени чизми бас денес ги гледав.. Во различни бои, со точки, со цветови, карирани... какви сакаш. Така да ништо чудо едни гумени да се најдат кај мене во плакар иако сум заљубена во UGG..
Аууу па татко ми модерен бил Има два пара вакви-темно зелени и црни. За на риболов со црните оди, а темно зелениве за по град си ги чува Шала на страна многу ми се гадни и никогаш не би ги облекла.
Еееее, старите опинци од бабите ни в село ги модернизираа веќе, сега се такозвани балетанки со некое цирконче плус, аха и плус во различни бои Исто и гумените чизми за на риби, за по лозја. Мора малку модернизирања. Грозни се. Вкус, никогаш не би ги облекла, освен на зима да си излезам за надвор на снег да си поиграм, што и скоро никогаш не се дешава пошто мразам снег. Сите викаат дека се грозни, а се кладам дека за месец-два пола Скопје ќе ги носи.
јас нема да ги носам никогаш... така како што не облеков ни балетанки ... (освен еднаш ама бев приморана на матурата сите носеа ) .... гродосие бре кај оди светов .... чизми нормални и едни до глужд и патики асолни се моите обувки за во зима ...
Јас ги сакам, има сега со секаков дизајн и доста ми се интересни а и практични. Имам едни ептен штосни, шарени, и кога си ги нарачав прв пат пред 3 и пол години и прв пат кога ги обув, доста луѓе ми упатуваа чудни погледи...битно сите тие беа мокри до коленици, а јас си шлапкав по најголемите бари без проблем Точно е дека бидејќи се од гума, прилично се тешки и малку напорни за премногу долго пешачење, ама кога врне многу, си ја вршат работата и те како.
Многу ми се интересни, а за на дожд се измислени Иначе лани имаше во SEWA така мислам се викаше продавницата, карши тренд во центар и не беа многу скапи. А годинава не сум видела..сигурно купени се сите
Не е исто.Ќе се створи мега тема и на куп ќе бидат сите мислења,ќе се губи поентата и ќе се лута по страниците. Добра е темата како ваква...нека не се спојува,моја сугестија. Нејсе... Ако ме видите со вакви некогаш,освен ако не одам да молзам крава,имате дозвола да ме убиете.
и да врне, и да вее, и бура да коси, лудото нема шанса гумена чизма да носи епа кога сакаме мода да тераме, ке се враќаме со мокра чорапа