На англиски знам дека се викаат ROMPERS, не знам кој би бил преводот на македонски, јас ги именував вака ако имате подобра идеја, сменете го насловот. За вакви мислам... Мене многу ми се допаѓаат, посебно со ептен високи потпетици. Постирајте слики со модели што вам ви се допаѓаат.
Исцели кратки панталони Премн ми се допаѓаат, слатки се и лесни за комбинирање голем тренд се оваа година, и предходната мислам И оние кои се со долги ногавици, не кратки панталончиња
Исцели кратки панталони Аааа.. епа во тој случај е добро, причина плус да се шмугнеш со дечкото у јавно wc. Редактирам: можда одоздоле има дупче на патент или лепенки. Тие што имаат вакви пантоланки нека не известат.
Исцели кратки панталони Ќе се соблечеш цела . Јас ги обожавам кај нас ги нема да си купам. Лани на одмор кога бев си најдов прекрасни бели, ама немаше број и сега со сликите ме потсетивте и ќе си умрам од мука уште ми е криво .
Исцели кратки панталони Сеа ми текна, практични се коа се брзаш, не мора да мислиш кои панталони со блузава или која блуза со панталониве. А коа се враќаш дома, врц соблакање за секунда и одма се убацуваш у тренерки. Значи поддржуваат само намбер ту.
Исцели кратки панталони Леле преубави се! Немам ниту еден пар но пролетва обавезно ќе си купам ромпери Еве неколку што ми се допаѓаат ептен
Исцели кратки панталони Сум ги видела и кај нас, и лани мислам во Еко/Елит, ги има сега во Манго. На одмор во Грција кога бев вриеше од вакви. Во Солун и летото и сега кога бев исто имаше многу вакви. Ќе ги има и пак кај нас летово 100%. Кратките јас само летно време за до плажа би ги носела, а долгиве хммм има чат пат некое моделче што ми се допаѓа. Ама не верувам да би купила, може од кратките летоска со еден пар да се почастам И само корекција попознати се и под поимот Jumpsuits
Исцели кратки панталони Многу ми се убави, се почастив со вакви прекрасни ленени, кратки во Зара пред две - три години, и ги изгубив некаде на патишта Многу ми беа удобни, ама тоа е! А за у wc, тргате едната ногавица на страна и се обидувате да погодите, ако не - бељата се гледа Пффф колку непрактични работи носиме ние жениве, па сеа за едни комбинезонки панталони! Летово пак ќе трагам по вакви. Мене ми се убави и опуштени, особено за во лето. Ги облекувате, ставате римјанки на нозете, сламениот шешир на глава и ајт на шетња.
Исцели кратки панталони Ми се допаѓаат и мене. Многу лесни и свежи ми изгледаат, посебно ако се ленени... и со шешир, ко што спомна Пирамидата... абе го намирисав морето веќе Спојлер мислам дека исцели како збор во македонскиот јазик има друго значење (исцелување), а во темава би требало да стои целосни.
Старфиш е горд сопственик на неколку пара Имам едни од времето на мајка ми, совршено сочувани, кој многу ме израдуваа кога ги најдов забутани во плакарот. Еве вакви: Може треба да проверите во плакарите на вашите мајки, зошто во нивно време ова било тренди. Може ќе се усреќите Други така по долги имам на сиво. Особено ги сакам тие летоска што ги купив од пазарот во Анталија, со некој ориентален мотив, кашмир, малку како шалварести. Ги љубам!! Кратки имам едни од Фиори(купени пред две години)за некоја смешна ценичка. Кратки, некоја кафено-маслинеста боја, од мног лесен материјал, така кошулест. Овие ми се многу проблематични за во вц, зошто се со копчиња од вратот до половината, а имаат и врвка за машничка. Цела процедура. Вака нешто се: За во маало имам еден пар цветни на кои маста им ја извадив Заkлучок, дека многу ми се допаѓаат. Кога се мислам што да облечам, ги зимам овие, и за две минутки сум готова. Сепак така полетни се, глупаво ми е да ги облечам во зима макар и долгите. Ама многу спасуваат во кризни ситуации, зошто се комбинираат и елегантно и кежуал. Еве уште неколку убави модели, кои би сакала да ги имам:
Многу ми се допаѓаат, и многу се удобни.Имам слични на овие во боја на праска со цветови. Мора летово барем уште еден пар да си купам
Се сеќавам предходната година беа актуелни. Ајде сите купија, јас да не останам покусо и јас си купив. Искрено ги изнаносев цела сезона, не дека беа нешто многу комфорни, ама беа штосни и во тренд. ^^Кога ке ја изваднам летната облека, ке ги сликам и прикачам на темава!