Деновиве треба да појдам на шнајдер и да си сошијам едно вакво .
Зедов дебела чоја во крем боја и уште една кафеава за јаката и долниот дел од ракавите.
Кога ќе биде готов ,обавезно постирам слика да се пофалам
Имам дома еден бел капут ,до над колена ,ама ретко го носам оти ме смрзнува (мака ми е што инвестирав во него ,беше прескап и баш таков сакав да имам ,ама што фајде кога не топли ,не ќе го носам во септември!).
Ај белким овој новиов ќе топли ,па да си го задоволам кеифот за капутче:D