Ако евтино пазарувате во Тејли Веил и Еуро Азија,ондак од вас го правеле просекот за плати во Македонија,сте биле среќни да влезете во (не)репрезентативниот примерок за истражување...Ништо лично,сакам да кажам дека не се евтини продавници,барем не до тој степен да може било кој да влезе и да купи.
Мала дигресија,чисто колку да си кажам,кошулка која сега ја распарталиле во Еуро од фини 1000 ден,ја добив од татко ми од Италија пред две години која во тоа време ја донесе за некои багателни 7-8 евра(да ме прашувате мене и ова не е багателно,но во однос на нашево и во однос на тоа дека тогаш важела за нова колекција...)...па вие како сакате.А и панталони кои ги имам гледано во Солун пред 3 години (ќе ви доловам и кои,избледено розе,обичен модел,нема шанси да ги утнете)исто така од Бершка,сега се изложени за 1030 или 1300 не се сеќавам точно,а тогаш се сеќавам дека беа тема на разговор со мајка ми,абе купи ги кај ќе најдеш кај нас за 7-800 денари,плус се носи бојава...Ужас...а не велам дека нема убави работи,навистина има,но цениве им се безобразно напумпани за нешто кое е од стара колекција,па уште купено на кило.Грабеж...на легален начин.
Инаку купи евтино и павија,сега биле едно та исто,јас од порано муабетов,па погрешно сум ви кажала.Инаку има и позади нова железичка,кај еднонасочната улица скоро што ја направија,во новата зграда,веднаш на почетокот.И да и во Беверли има,точно потврдени се и двете!Јас бев по мантилчето што ви го зборев и секако немаше веќе во ниедна од трите продавници.