аууу Глоси-Гирл ти се залјубив во панталонитеее и јас кајко блуепарадисеее ме инересира каде ги зема иначе јас би ги искомбинирала со некоја пастелна боја на мајца и и светло плаво сако или може и светло зелено јас имам нешто слично како овие само што имат појаки бои и ги носам баш така како што ти објасниш па пробај ако ги имаш тие делови на облека.
Подолго време ги имам овие но не ми фаќа умот со што да ги искомбинирам.Хулахопки не се,личат на „хеланки“ ама се далеку од хеланки.Не знам стварно со што да ги искомбинирам,ако не ќе ги фрлам и ајт со здравје...Еве ги сликнав малку оти неможев на нет.да им најдам соодветна слика.
Ако си имаш како оние рокерски чизми што ги викаат.. и онака ќе залади времево Или можеш со старки да ги носиш исто и нешто поедноставно фустанче. Исто така ако имаш искинати фармерки или сама искини си.
Земени се од Охрид, не знам точно која продавница и на кое место, ама можеш да ги најдеш низ трговски (ако ги има, треба да се разгледа, не набрзинка како мене) . Маичката ја гледав, кога бев предходниот викенд, ама не ја купив, затоа што уште ги немав земено овие, па си реков нема со што да ја искомбинирам. Ама, имам слична таква дома, па ќе си ја искомбинирам со овие. За накит, имам, е сега сакам да си најдам такво ланче со буф, ајфелова... ајде брзо ќе одам Ск, па ќе си се докомплетирам. Инаку, фала ти многу за помошта.
Леле дури сега гледм дека на сликата што ја поставив има две фустанчиња не не мислев на фустанчето доле десно шареното со какви чевли- јас имам бело со златести машнички напред на прстот отворени штикли вака убаво изгледа ама сакав ваше мислење
За чизмичките мислам дека би биоло убаво со тукина и со хеланки, некои фармерцинја светла боја и мајче убаво ... За кошулата, јас кошули носам внатре и секогаш одмира бојата на фармерките да ја има на кошулата, така изгледа интересн и убаво ...
Имам сукња што многу ја сакам. Од мајка ми е и е од многу квалитетен материјал. Шиена и е по мерка а сега и мене ми е таман, исто ко на мене да е кроена. Малку не е во мој стил, до сега винтаж и такво нешто не сум носела а ова на такво ми личи. Многу ја сакам ама не знам со што да ја комбинирам...хелп?
^^ Можеш многу интересни комбинации да направиш Пример со некоја обична шитока бела маичка (со или без апликација), или кошулче да го пикнеш во сукњата нешто вакво: Спојлер извини за големите слики, пуста мрза да ги смалам Балетанчиња или некои рамни кондурчиња и некое штосно капче. Можеш и некоја комбинација со текасас јакна, сега е таман во мода Тешничка и ајт на шетња Бонус прашање Дајте некоја комбинација за овој случај. Имам маичка/фустан црно кимоно. Ставив коса линија затоа што личи на фустанче, ама ако го носам само по хулахопки или без ништо има да ме има на сите сајтови во Упс ситуации. Од прилика вакво е Спојлер Ракавите се долги и широки, споени се со фустанот. Кога ќе ги рашириш се добива Бетмен ефект Има ластик во средина и доле е широко. Памучно е, дебелко и е во Ве израз Спојлер Многу е незгодно за комбинирање, особено затоа што е дебел материјалот и морам да носам нешто надоле
^Со тесни фармерки тексас или во некоја друга боја, или пак хеланки, се оди со црно. Можеш одозгора да ставиш некое долго ланче во зависност од тоа каква боја на панталони планираш да носиш. Со салонки или некои чизмички со штикла би изгледало супер. Исто оваа комбинација би изгледало убаво со рамни чизми високи до колена или над, ама сега е топло за нив
^ EmGreen јас имам нешто слично налик твоево. На камерава на лап-топов слабо се гледа сеа ради дневнава (не)светлина. Зборот ми беше, јас го носам и како блуза и како фустанче. Како блуза го носам, бидејќи долниот дел е како со ластик на повеќе нивоа, не знам као да ти доловам. Тогаш го носам со фармерки, по можност темни, доле со сандали на плута изгледа одлично. Како фустанче сум го носела со истите сандали, со чизми (и со ниски и високи) одоговара, е сега ја би со месо боја, а не црни хулахопки пошто целосно црно не ми е убаво за очи. За накит веќе твоја си е одлуката, јас го носам со црно ланче и измеѓу топките на ланчето има сиво, така да црно и сиво по мене е супер комбинација. Абе црно е, стварно може со безброј бои да се комбинира.
фустанчево за на свадба. сакав да го комбинирам прво со вакви штикли меѓутоа неможав да најдам нигде освен во една продавница каде што беа накај 5000ден. :О е сега промена на план..со какви штикли да го носам? каква боја (сакам салонки) и што од накит би одговарало?
Комбинации соо циклама, или пак со црвено, или пак со златно.....евентуално крем. п.с. не ги покажува штиклите
Има вакви штикли жолти само мат низ продавнициве околу 1500 ден. Еве ти од мене некои предлози: Сликиве се од една продавница која ја имам на фб, ако те интересира нешто пиши ми ќе ти кажам каде да ја најдеш