не видов ваква тема па затоа ја ставив ако има слободно у канта.. па вака сакам да знам кога прв пат сте носеле штикли чевли на плута и сл??
Чевли на плута е друго, такви пониски и во основно сум носела, имав и чизми и сандали на плута, во мое време се носеа ептен. Онакви секојдневни не високи многу. Убави повисоки на плута носев на полуматура, ама пак светлосни години се поразлични од штикли. А штикла прва облеков на 16 ипол години. Поточно 2ра средно зимно време, првите чизми на штикла и тоа штиклиште едно 10ка минимум беа и тенка штикла плус. Од тогаш до ден денешен ние сме во љубовна врска
Почнав да носам на полуматура и од тогаш навака и понатака секако Повисоки чевли ? Уште од мала сум носела кломпи, сум имала мали чевли на штикла имав и топуци. Али тоа не е тоа-тоа штикла
Тоа не беше обично запознавање тоа беше љубов на прв поглед , црни со машна, некаде 10 см, преубави ми беа. Судениот ден беше, ден пред полуматура. Оттогаш многу пати ги изневерив со други
Од премалечка се сеќавам еден дедо до комшиите ми направи наланчиња на штикле, на радоста и немаше крај абе ни за спиење неќев да ги слекувам. А пред тоа нон стоп надвор во штиклите на мајками шетав, и си јадев после тоа ќотече како што е редот. Инаку кога потпораснав малку 2ро-3то одделение, на модерен танц тренинзите ни беа по штикли, и така ми продолжи дружбата и од полуматура па наваму не се одделувам. Ги обожавам, и збеснувам по чевли убави, на форумов не ни ја отварам темата за чевли оти си се знам што такво сум после само таму ке ми брчи умот за нови. И имам само едни рамни чевличиња Од немај каде едни само нека има.
Прв пат облеков оваа година, баш на нова година. Високи се некаде 8цм, едвај излегов од дома си мислев сите чудно дека ќе ме гледаат пошто сум си висока. Сега ги обожавам, и на секое излегување на штикли сум.
Уште на некои 3,4 години добив подарок преубави црни штиклички, со 2,3 сантима штикла, важно беше да тропкаат. Иако постојано носев на топук чевли, во наше време беше и модерно тоа, прв пат мои штикли си купив прва средно. Ги ставив во темана со наши штикли едни бели кломпи, а по нив црни чизми. До денес се насобраа многу и секое одење на шопинг се враќам со најмалку еден пар.
Во 7мо одд. сестра ми ми ги даде нејзините да ги носам. Црвени кломпи на 2 цм штикла. Потоа за Нова Година 2010, мерак ми беше да купам ниски чизми со 5 цм штикла. Од тогаш се зголемуваше по малку висината на штиклата, па за оваа Нова Година купив 10 цм чизми. Доста се сега за сега цм.
хахахах браво за темава искрено си уживав во балетанчиња знаев дека ќе им дојде ред на штиклите и дека не треба да се брзам.. крајот на 1год летото имав штикли со малечка штикла и штознам мн ми беа цакани ( додека сите другарки носеа вискои) потоа носев 7см и на крај односно сега терам со 12ка си уживам додека носам вискои и баш онака женствено и секси ми се
На 4-5 годинки првпат ми купија од оние пластичните шо се..на 3-4 цм. штикла..Ама у главно тропкаа.. Во четврто одд. на патронио празник јас бев циганка и ми дадоа професорките едни топузаци 9 цм. штикла..И ја уште кога вежбавме си ги земав дома почнав да одам со нив по дома по цел ден и само викаа по мене, али ја се научив да одам.. Лично мои штикли немам сега сум за 7 одд. и сеа ми вите мајка ми дека занова година ќе ми купи Онака на излавање носев на 14 јуни на роденден (оваа година) 8 цм. беа на една моја другарка се, али „не и стоеле нејзе“, а мене „ми стоеле“ оти сум била како русинка : Иначе Коа си дојдов дома коа ме виде брат ми : - Само да те видам уште еднаш да носеш штикли пред сите таму ќе ти ги собујам! (од сите дома само он не ми дава)
Колку што се сеќавам, првите штикли ги купив летото за 4 година, а во 4-та веќе имав и чизми на топук од околу 5 цм за во школо. Претходно - само рамни, на крај памет не ми паѓало штикли да носам. После главно бев на некои топуци за на факултет или работа, од прилика 5-7 цм, а за излегување не повеќе од 10 цм. И 10 ми се многу, до 9 ги поднесувам добро, ама на 10 цм едвај одам. Имав и фази кога пак носев само рамно, еден период имав проблеми, па не сакав ни да помислам на штикла. И сега не сакам многу високи. Мислам дека главно ми се 6-7 цм. Рамни речиси и не носам, затоа што најчесто сум во „здолништа“, па некако не ми оди.
Некаде во 2 ра средно ..и не ги сакав баш, ми беше срам така да шетам..сега стигнав до 13 цм...али тешко иде
охоо,па од мали нозе ги носев штиклите на мајками од нога не ги вадев само за по дома А иначе мои и да носам сега почнав
16 год., осумче. И сеа ми се грди и ги неам облечено со години. Скрос на друг тип преминав. Високи сакам, на помали штикли ме болат стапалата. Навикната сум со години на ептен високи и по цели вечери си терам, играм, одам, трчам... Ако е штикла, нека е штикла.