1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крзно - природно vs вештачко

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 октомври 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Колку сакате крзно?
    [​IMG]

    Дали сакате и носите природно крзно? Ако сте љубител на природново крзно што е тоа што толку ве привлекува знаејки ја историјата за добивање на бундата која вие гордо ја носите и колку невини животинчиња се убиени САМО за таа бунда или шал или крзно како додаток. Не ви е грдо да носите зајци, диви кози, лисици, ласици, диви мачки, бизони на себе? Зошто купувате природно? За да се фалите? Јас навистина сметам дека природно крзно се носи заради луксуз и фалбаџиство.

    Или ако сакате крзно купувате вештачко, ем ефтина цена, ем задоволени вашите желби, ем топли и никој невин не е убиен најбитно! :!:

    Читав еднаш споредуваа природна кожа со природно крзно божем исто е. Животните за бундите се убиваат само за таа бунда и се фрлаат, убиени се само за некоја "дама" да може да ја шета таа бунда од нерца |( , додека животните од кои ја добиваме природната кожа се добиток од чие месо ние се исхрануваме во ланецот на исхрана и чија кожа ја искористуваме за облека.

    Јас само тука ќе го кажам ова
    [​IMG]
    [​IMG]

    Еве пред да ви ја направат бундата
    [​IMG]

    [​IMG]

    НЕ ФАЛА!
     
    На LittlePinky, karina8, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Не сум носела крзнени бунди, освен на палтата на кои имам јака со крзно или пак на капата, ама тоа е вештачко.
    Инаку, кога ќе потпораснам и решам да облечам крзнена бунда, тоа сигурно ќе биде од вештачко крзно. Језиво ми е да ставам природно крзно на мене, што знам... :?:
     
  3. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Јас сум против крзното, без разлика дали е природно или вештачко. Покрај тоа што сум голем љубител на животни, не би носела крзно, ни природно ни вештачко :!: .Кога веќе крзното е вештачко сепак не би го носела пошто ќе ме потсети на природното. Кутрите тие ги дерат за само едни "пластични" (девојки/жени) да ги носат :@ Сето тоа треба да се прекине, катастрофа невидена... :x

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На CoverGirl10 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Јас сум против природното крзно. Така сурово ги убиваат животните за што? За да носиме бунди од нивното крзно. Не! :x
    Колку и да е убаво, јас не би носела.
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас најмногу од се мразам и ме нервира кога ке видам некој кога ке носи крзно,сеедно дали е вештачко или природно не го сакам :puke:

    Hе ми изгледа ни убаво :^)
     
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Мразам крзно (со исклучок на едно елече што ми се допаѓа), а и тоа ако го купам и носам ќе е со вештачко крзно. Природно, па уште и куп пари на истото дадени, нема да се деси да носам. Од секогаш сум исмевала девојки и жени што паѓаат во несвест за не знам од што бунда, од не знам каде и какво животно, коштала мало богатство, па зајци и лисици на врат... Лечете се.
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Никогаш во живот нема да облечам природно крзно! Никогаш!
    Не ми е језиво, не ми е грдо, напротив, признавам дека изгледа убаво крзнена бунда, ама луѓе, како дошло крзното на бундата? Сигурно не пораснало на дрво.
    А да носам на себе нешто поради кое лисица, зајак или што ти знам јас е убиено, па нема шанса!
    Значи природно крзно не би носела, а вештачко...па тоа не знам. Имам неколку јакни и елеци со вештачко крзно и ете се, ги носам. Ама не би купила бунда од вештачко крзно. Изгледа како бледа копија.
     
  8. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Дај Боже тие што носат природно крзно нив да ги направат бунда! :devil:
    И некое зајче ќе си се фрцка со бунда од човек. :wasntme: :rofl:

    Вештачкото може некако да помине, ама природното - :shake: !
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Фала богу модната индустрија е напредната, и не ми е потребна туѓата кожа/крзно за да се стоплам кога е ладно. Покрај толку многу замени, носењето на природно крзно можам да го окарактеризирам само како „мода“ за ретардирани фаци како Лејди Гага или Боки 13.

    Одамна еволуиравме.
     
  10. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Да се надоврзам за темава малце офф топик ама ај...сите што велат не носам крзно, ова она, језиво е...а да се запрашате сите оние кожни џакети(мислам кожа не скај), чевли, чизми од вистинска кожа тоа не е језиво за вас?
    Ако носиш веќе кожа, немој да бегаш од крзно.Нема подобро нешто од чувството на крзно на грбот твој, ама и не постои погадно чувство кога гледаш клипче како ги убиваат малите снежни мечиња.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Има. Чувство на функционален мозок во главата. Оргазам. Чоколадо. Џуџињата на Дедо Мраз и слично.
     
    На Nevermore, mims-89, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Јас само чекам лудото да ја види темата. :rofl:
    Не ја сфаќам поентата на убивање на живо суштевство заради модата...
    Па макар и животно да е.
    Шо задоволство и среќа ќе ти носи што ти си се пуфкаш со парче крзно на себе,ако знаеш дека за него некој го изгубил животот!
    Болна работа ми е тоа мене.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Изгледа ти не го читаш воведниот пост.
    Таа кожа е од животните чие месо го јадеме.
    Ако си вегетаријанка имаш право да збориш против тоа што сакам ете да носам кожна чизма.
    Ама ако јадеш телешко да речеме тогаш немаш право да збориш за кожните чизми. Тоа е животно од кои сите делови се искористуваат. Тоа е синџир на исхрана, јас јадам месо. А од кожата ќе си носам чизми.
    Не знам и како не се сети за волната. Ајде сега почни да ни викаш зашто носиме плетени џемпери, волнени капути, имаме мекани дома кебенца. |(

    А она бундиче од лисици е направено од 10 лисици кои се фатени, убиени, издерени, а потоа се фрлени да изгнијат. Од нив е направена бунда за некоја шмизлетина да се радува и да свршава на невините животински влакна на својот грб. Мене ми се гади. :puke:

    Јас сликава ја ставив во спојлер, ама сега ќе си ја ставам вака. Не е гадна, ова е реалност.
    [​IMG]
     
    На NightAir и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  14. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Во право си до некаде но мислев на срни, елени, ноеви, кенгури, крокодили па дури и змии, и тие се животни...
    И кај нас се носи тоа, инфо малку ;)
    ^^
    аа да и да надоврзам, овците ги стрижат по незнам колку пати пред да ги колат за празник. за да носиме сите убави џемпери :)
    Веганка сум, против сето ова сум ама секој си има право на избор и мислење тоа само ќе речам ;)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Нејќум ни да цитирам.Лоботомија молам!!!!
     
    На dolly.doll, JoxyTheFreak и rossonerka им се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кога станува збор за дивеч постојат многу закони и само лиценцирани ресторани смејат да го приготвуваат. Овие животни не смејат да се ловат без дозвола.
    А за ноеви постојат одлегувачници и ноевите се одгледуваат и кај нив се се искористува од месо, до млеко, јајца, кожа, баш се.
    Исто е и во светот со крокодили и змии си постои период на лов. Дури и се јаде месото и постојат фарми за овие животни.
    Значи не се убиваат за бунда специјално, е тоа зборам. Бундата е направена од животинчиња убиени само за бунда и тоа за бунда која не ни е приоритет во животот и без неа ќе живееме среќно и весело.
    Во ред е што си вегетаријанка NightAir, иако чудно ми е што како вегетаријанка уживаш во влакната на животните на твојот грб.
     
  17. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Ма јок бре! Толку мизерно и ниско се чуствувам само при помислата да носам нешто за чие производство биле убиени некои суштества
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Бесмислено и надвор од секаков разум е да се малтретираат животни заради мода. Не оправдувам и никад не би оправдала. Нити носам, нити сакам некад да облечам нешто од природно крзно. Самата помисла на маките на кои ги изложуваат животинчињата ме потресува. Не го сакам ни мирисот на природното крзно, ниту пак на кожата. Затоа едно големо не за природното крзно.
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На CoverGirl10 и girl.23 им се допаѓа ова.
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Се сеќавам пред неколку години Милита покрена иницијатива за заштита на животните и даваше снимки во Пет-шоу, низ што се поминуваат кутрите животни додека нивното крзно/кожа не биде обесено на нечиј грб. Јас бев згадена од клиповите и не можев да догледам до крај. :worried:
    Не знам дали некогаш ќе проработи свеста кај нас луѓето. Уште па речи им убава ти е јакната....,,а да чиста кожа е,, |( Нека земат нив да ги одерат или па нека им ги пуштат снимките па да ги видам дали пак ќе носат. Ама кој знае и тогаш дали ќе се свестат, има многу прости луѓе бев грижа на совест.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    :) Tака е, порписот мој кажува се :)
    Kрзно... дури и вештачкото кога го гледам имам нагона на :puke:
    Hикогаш не би се облекла, затоа сум Hајголем противник!

    A за кожата кажаа понапред- Kожата кај нас е 90% вештачка, барем јас така мислам... бидејќи не верувам дека кожа би била толку ефтина
    Jас имам на поклон добиено брендиран саат, и не сум го ни ставила, бидејќи ремчето му е природна кожа

    ми спотребал мене брендот и името на саатот, кога на раката носам кожа

    јас велам, кај јадам животни а видете, (тоа е потреба за храна, за жал., јас велам некој јаде, некој е јаден), па уште и да ги носам ... ради некој си каприц?
    Tоа за мене е каприц, и желба да бидеш видена

    п.с Kажав дека гага не носи крзно :) Hе е на таа листа
    Tака да нема повеќе што да се дискутира на темата

    и уште нешто
    Hишто против вас, само имам прашање едно :)
    Kога правите сетови на поливор дали обрнувате внимание дали бундата што ја ставате во сетот е реална или не? :)