1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крзно - природно vs вештачко

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 октомври 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hе само Xитлер, туку цела Hацитичка германија била голем љубител на животни! го имаа целосно банирано закоонот са VIVESECTION ми се чини дека беше, (дека така се пишува)
    животните биле сецирани на живо :x за медицински испитувања
    Eпа го банираа, ама па преминаа на луѓе да им го прават тоа.

    Jас после сите муабети извелеков заклучок :!:
    бидејќи ние јадеме месо, слободно можеме да тепаме и да труеме мачки и кучиња по улици, да се изживуваме врз нив без грижа на совест, само зашто јадеме месо |(
     
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Мислам дека заклучокот треба да биде дека ако е некој вегетарјанец или љубител на животни не мора да значи дека е и добра личност, ниту пак само затоа што некој носи бунда од природно крзно дека е лоша личност.

    Да се одвива дискусијата во правец на подигање на на свеста за овој проблем, без лични квалификации и генерализации за тие што се изјасниле дека ностат природно крзно.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ Aко е така, зашто твојот роден син, кога си земала крзно во бутик, ти рекол ко Kруела де вил? :)

    едит- Mожеби ние помладиве генерации сме вакви, баш од тоа цртанче, зарежано ни е во глава дека Kруели де вили се облакаат со мртви животни :)
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Пеперминт, мене ми инетерсира твојата идеологија, оти се поднаведнуваш малку против оние што носат крзно, а потоа кон оние што јадат месо.. некако си ми во средна, дај ми цврст став и мислење со кое што можам да те разберам..
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Врз основа на еден сегмент (носење или не носење крзно, вегетаријанец или не) не можеме да донесуваме заклучоци за личноста во целост. А тоа се прави на темава за цело време. Тоа ми е поентата и жал ми е што не сум разбрана.

    А мојот личен став е - против носењето природно крзно, а вегетарјанец не сум, но ептен ги почитувам истите.

    Оф мори мајко, арно рече една претходна форумчика, да почнеш да пишуваш на темава е како да си ставил здрава нога во трн. Па кај сум пишала дека сум земала, па стои добро пофатила, или сум ја допрела, а детето сфатило дека сум заинтересирана.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас сфатив ;) ;) дека не си ја купила, туку си ја допрела
    Hе ти реков си ја купила
    земала во фазон си ја земала во раце :) Aко не сфати
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    За темава имам подвоено мислење... од една страна, убедена сум дека голем број луѓе се против крзно само заради синдромот на стадо, нАли, така е модерно, се промовира осуда на луѓето што носат бунди и сл, светските ѕвезди така прават итн итн. Секако дека има дел и искрено загрижени. Ама ни тука не го оправдувам забегувањето.
    А не ми е ни јасно како оние загрижените за доброто на животните носат кожени чевли, на пр? Што мислат, кожата за чевлите од каде доаѓа? Или млекото... точно дека давањето млеко не го повредува животното, но истите тие животни (кравите) по фармите се чуваат во многу грозни услови во кои не можат ни да се завртат (да не мисли некој дека живеат на швајцарските Алпи и дека Хајди ги молзи...).
    Јас не носам крзно, но кога купувам чевли редовно тоа се кожни, најмногу заради квалитетот, а плус јадам и месо... :o
    А за тоа дека порано луѓето не носеле крзно... за праисториските луѓе не сум слушнала дека имале бутици. Убивале животни, месото го јаделе, а од крзното си правеле облека (ова мислам го учевме уште во 5-то). И мислам дека овој став многу ќе ги заинтересира луѓет од Сибир и Алјаска, каде без крзно-тешко. Пробајте на -50 како е.
    И не сум за мачење и беспотребно убивање животни, ама во секој случај, колку и да звучам политички некоректно, повеќе ме засегнува страдањето на луѓето. Кога ќе го решиме проблемот со страдањето на луѓето ќе биде убаво време да почнеме да се грижиме за сите останати. Не можам да сфатам некој толку да се грижи за животните, а да врти глава на друга страна кога станува збор за луѓе. Се надевам дека еден ден ќе бидам сведок на исти масовни протести од загрижените за луѓето кои и додека ова го пишувам низ светот умираат од глад, од недостаток на вода за пиење, од студ, за бебиња кои не го дочекуваат ни првиот роденден затоа што нема вакцини, лекари, услови за нормално живеење. Страшна е помислата колку дечиња и бебиња во маки го завршиле својот живот само во минутите додека го пишував ова. Мислам и ако ги прашате нивните мајки, крзното е најмал проблем.
     
    На Shana и An-na им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hа оваа планета, за 90% од проблемите си патиме од самите себеси!
    Oсвен природни катастрофи и некоја тешко неизлечлива болест- се друго може да се среди :)
    човекот е свесно животно кое за разлика од другите животни има доста развиен мозок, и способност за говор-фонетика

    додека животните за жал, го немаат тоа :) Hо, затоа има луѓе кои го прават тоа наместо нив,па зборуваат во нивно име :)

    Cе додека светските сили ќе размислуваат како да си го наполнат џебот, секаде, ама баш секаде ќе има деца кои умираат од глад, од студ, од војни итн
    Cе додека ние тоа самите не си го решиме нема кој друг :)
    човекот свесно повредува друг човек, поради цели
    додека кај животните тоа е инстикт ;)
    малце забегав со темата...но, и сите други :)
    A за мајка- и животните се мајки, не знам колку си гледала на телевизија (јас секогаш гледам)
    документарни емисии, и секоја мајка до смрт си го брани своето дете од грабливецот :)
    бидејќи и тие чувствуваат исто како и нас
     
    На CoverGirl10, Gordana10 и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Вметнувањето на Хитлер во оваа тема е повеќе од смешно и непотребно. :D Ич не ја разбирам поентата.
    Никој не рече дека тие кои јадат месо/носат крзно се лошите момци, а тие обратно се добрите!
    Туку зборувавме за лицемерството дека носењето крзно е неоправдано, а јадењето месо е повеќе од оправдано.

    Теодора, околу апчињата-бидејќи се хранам здраво јас и сум здрава. Немам потреба од никакви лекарства, ни најобичен грип не паметам од кога сум немала. ;) Ми се случило да настинам (како што шетаме младите разголени), и да се напијам еден аналгин и едни капки марисол да купам. Ама каква споредба се моите 3-4 апчиња и 1 пакетче марисол годишно, со нечие секојдневно јадење месо? Стварно несфатливо. :^)

    Се заморив со темава веќе :yawn: , одам да си направам спанаќ со ориз. :) ;)
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Никогаш, ама никогаш во животот нема да ставам на мене природно крзно. Како може да се радуваат на бунди од природно крзно и гордо да ги носат, кога за да се направат истите се убиени толку невини животни. Ми се гади мене да видам жена со природно крзно на себе не знам како некому може да му изгледа отмено и секси :tmi:

    Јас во принцип и кожа не преферирам, па дури и вештачко крзно и кожа не ми се симпатични.


    Едно големо НЕ за природното крзно, доколку сите би размислувале на овој начин многу невини животни нема да се убиваат и да се малтретираат на така груб начин. :x

    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Околу првиот болд, сфаќам јас дека не секој исто капира, ама тоа ти е, смајли што крева раменици.

    Не ми се верува дека играш на една од најлицемерните карти - ALMOUST DOESN'T COUNT! Секоја чест ама во негативен смисол, да не сфатиш или подобро да речам не сфатиш пак добро. Значи и јас јадам ретко месо, ама никаде не се уфрлив со вакво оправдување т.е. да набројувам парчиња или грамажа за да правам небулозни аналогии. Сепак си конзумент на фармацевтската индустрија и сепак таа уништува огромен број животни, колку се само убиени за да се испита било кој аналгетик. И фактот 3 или 4 не ја намалува инволвираноста и 1 е доволно ;) .

    Твојава дискусија многу ме потсетува на - ако црнец направи виц за белец има добар смисол за хумор, ако белец направи за црнец - тоа е расизам.
     
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    После сликиве мене стварно не ми е јасно, како некој може гордо да носи крзо на себе..
    После сликиве мене стварно не ми е јасно, како некој може гордо да носи крзо на себе..

    :( :|
    :worried:
    [​IMG] :worried: posting.php?mode=reply&f=6&t=8901#


    [​IMG]
    :( :|
    :worried:
     
    На AnaKarenina и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Знаев дека ќе биде подобро да не ги видам сликите затоа што гледката е болна и навистина не е хумано ова што се прави со животните :x :( .

    Со еден збор сите кои си носат без никаков проблем природно крзно се нечовеци,едни најголеми нечовеци.Животното е најголемиот пријател на човекот но изгледа дека понекогаш човекот е најголемиот непријател на животното.
    Зарем нема толку што друго да се носи па мора крзно и тоа природно :^) .Само не ми е јасно зошто не постои закон против убивање на животните за производство на крзно.

    Не можам да кажам дека немам ништо против оние кои носат природно крзно затоа што имам и тоа многу.Никакво оправдување за тоа не постои.Па друго е храна (иако јас јадам ретко месо)но и тоа не е баш во ред.Но за една сатисфакција од носење на крзнено палто или капут (всушност која е сатисфакцијата овде :^) ) животните да страдаат,навистина е жално.
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ок, прееска малку избувнав под дејство на она ,,ако е малку-не се ни важи,, сеуште не го сметам за правилно реагирање. Доблест е да се признава и кога сме инволвирани во нешто погрешно, а барањето оправдување секогаш е полесниот и позаобиколен начин ама со масирање на вистината не се стигнува далеку!

    Инаку открив и нов податок - дека свинското е присутно во многу поголем број намирници отколку што сме свесни. Мистериозните Е - бројки или емулгаторите за зголемување (појачување) на вкусот во повеќе од 200 производи - се од свинско потекло. Значи овие производи содржат масти, ензими, желатин и др. продукти настанати во лаборатории после преработката на свинските нус производи. Ги има во некои видови - чипсови, смоки, сладоледи, кекси, пиво, дури и во мастики за џвакање и пасти за заби итн. Не го наведов примеров за да иритирам, како што голем дел од ,,опозицијава,, ќе помислат, сметам дека не е фер не само кон вегатаријанците и веганите туку и кон муслиманите, јудаистите и др. луѓе.

    Грл 23, ти си веган ми се чини, не конзумираш ништо од животинско потекло. Единствено треба да внимаваш на витаминот B12, кој се јавува како дефицитарен во твојот тип исхрана. Оволактовегетаријанците кои јадат јајца и млечни производи го внесуваат на овој начин. Инаку не била иста апсорпцијата на овој витамин ако се зема од растително и од животинско потекло. Бидејќи дефицитот води до доста проблеми не дај Боже и атрофија на мозок. Распрашај се за суплементарно земање или консултирај нутриционист. Инаку расолот или ферментираната зелка била алтернатива за пробиотици од типот на јогуртот, киселото млеко...

    Сепак, останува фактот дека ние луѓето сурово го поместуваме балансот на еко-системот секојдневно и со тоа страдаат и се загрозени многу животински видови за наш к*ркејфизам. Уште сум и премногу згрозена од монструозниот чин над делфините :x .
     
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.943
    Kрзно било какво досега немам носено . Не ми се допаѓа како појава , па и од самата помисла дека живот од невино животинче е одземен за нечие задоволство ептен неубаво ми паѓа. Уште кога ја видов сликата што ја постави Џокси ми се идеше да го задавам идиотот што се смее на сликата.
    Дури и кога би можела да си дозволам да купам природно крзно - сигурна сум дека парите можам да ги искористам на друг начин .
    Месо како и повеќето овде јадам , затоа што витамините што ги има во месото не ги надокнадува ниеден друг производ. Освен нели со вештачки витамини што се во шишенца да се колкаме.

    Незнам дали имаа некоја корист тие тинејџерите со тоа што ги прободуваа делфините ама прво си помислив дека е монтажа. Суровата вистина уште еднаш ми ги отвори очите и ме потсети во кој свет живеам .
     
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Па вака, за да се дојде до една бунда со природно крзно треба да се измачуваат животни, да се чуваат во кафез, да им се дере кожата додека се живи и што уште не, и на крај со тоа им се одземаат животите на толку мили и невини животни, со цел да имаш подобар углед, бидејќи нели крзното е луксуз, и 'за да те стопли повеќе' и секако ти претставува задоволство да носиш крзно.

    Eпа извинете ама НЕ, не би носела природно крзно, само за да си ги задоволам моите желби, а да страда невино суштество.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ова беше мој став кон оваа тема, не сакав никого да навредам, секој со свое мислење.
     
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Не заклучувај веднаш :D

    Разлика меѓу кожа, еко кожа и скај, има, да, ама во никој случај не се крстам на вистинска кожа кога и еко кожата ме служи така добро и со години :)
     
  18. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Контрадикторности, двојни аршини, двојни спреги, како сакате наречете ги, има еден куп.

    Како љубител на животни, секогаш се прашувам дали постои оправдување во сите индустрии каде што се користат животни како предмети врз кои се тестираат нови кометички и декоративни производи, прехрамбената индустрија, медицината итн.

    Широк поим е темава и пред се треба да се разгледаат двете страни.

    Во медицината:

    Во првиот дел ги користат животните да за да го проучат и истражуваат нивниот начин на живот за да го разберат фунционирањето и употребата од истото како превенција и лекување на болести.

    Во вториот дел животните се користат како тест предмети за погоре изнајдениот лек да се тестира и да се види неговата успешност.
    Лицемерно? Или пак се работи за оправдување, бидејќи истиот лек ќе биде наменет за светската популација и спасување на многу животи.


    Прехрамбената индустрија се занимава со човечката потреба за храна.
    Најчесто во широката популација се заземаат две страни:

    Месојадци и вегетаријанци со нивните под типови односно модификации.
    Едните тврдат дека без месо не се живее, додека другите (не) успешно водат поинаков живот, односно живот без месо.

    Во козметиката, сеедно дали станува збор за декоративна или не, се тестира и се користат одредени состојки од животинско потекло. Нешто слично на медицината.

    Најголем проблем е модната индустрија, односно за неа има најголемо залагање од страна на организации кои се борат против животните масовно да се убиваат.

    Зошто тогаш истите не се борат и за погорните гранки?

    Едни ќе речат ама без лек нема шанса да живееш, без пудра нема шанса да покриеш подочнак, без крема нема да го сопреш стареењето, ама без бунда ќе можеш.

    Како контра реплика прашајте ги оние луѓе кои живеат на тешко достапни места прекриени со снег, дали бундата им е луксуз или потреба.
    Како што одделена група на луѓе ќе кажат дека месото им е потреба, како што најголем дел ќе кажат дека лековите се потреба и тогаш е оправдано тестирањето врз зајци, глувци итн.
     
    На Shana, Ashling и Peppermint им се допаѓа ова.
  19. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Никогаш не би облекла вистинско крзно и ги осудувам тие што носат. Ја подржувам кампањата против тоа и би облекла исклучиво вештачко!
     
  20. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    да сакам крзна а и носам крзно
    природно