Сакам да си најдам квалитетни и модерни патики, по можност од оние до глужд, да бидат убави и не е важно дали се бели, црни, кремасти или кафени. Само да не бидат со шљокици, косруеи или други селски моменти... ах да, и по можност да не бидат над 3500. Ако некој знае кај има нека пише.
Зависи од моделот имаш разно разни... А за квалитетот многу зависи и од тоа ти како ќе ги чуваш.Дали кога одиш ги влечеш нозете како ги соблекуваш и тн. ... Јас имам старки и доста ми се погодени,ама повторувам треба да ги пазиш.Инаку и немора да значи дека ако се марка се по квалитетни.
Хихихи, респект за стартките, ама мислев на кожни патики А инаку верувај дека не е се во чувањето... Лани си купив Пума, плеснав 4000 денари, и ги чував ама толку им беше неквалитетен матерјалот што на првиот дожд буквално се распаднаа А ми беа продадени како кожни Ама убаво ме потсети, додека си најдам нови, и јас ќе си ги извадам стартките да си ги носам
Во салата Борис Трајковски...имаш спортска опрема, оригнал..ко демек :roll: има баш такви и со мноооогу пристапни цени..поздравче
Нема врска... јас имам Најк патики, ги носам 4 години и повеќе и едино малку ми се напред пододлепени, и тоа сега скоро ми се одлепија, а се имаат преживеано: дожд, снег, се'.
Za Adidas nemam komentar, najdobra marka patiki se..mozes da najdes i za 2500,3000 den...itn zavisi model i od koja sezona se..ima popusti..A inaku dobri se i Skechers,jas si kupiv lani crni ko patika- kondura doagjaat, kozni se i vo Peko gi zedov...2550den bea toa na popust..Mozes i takvi da pobaras.
Ти конкретно бараш до глужд, без разлика каква боја се до 3500, како што сфатив... епа вака од roxy јас си купив пред 2 месеци такви до глужд, сиви со бело многу се убави ги платив 3500 на попуст, а беа 4200. Имаше и црни скрос до глужд исто, со бели врвки на страна и со бела гума 3200 беа. Во puma имаш во повеќе бои такви до глужд и околу 3500 се и таму. Така да имаш избор, само излези прошетај и ќе си најдеш. Во nike се поскапи од 6 до 8000, има доста убави ама поскапи се.
Ако имаш некој у странство , нарачај си од интернет .. има повеќе страни .. еве јас имам поише пара патики , а ниеден не ме кошташе повеќе од 2000 ..
Се сложувам со emce-kremce Квалитетни патики ( според мене ) има само во Roxy Некои се поскапи од 3500 ,но има и по ефтини .. Ете пример јас што земав од Roxy Од пред 2 години и ги носев и на дожд и на снег и сеуште ги носам
еве јас ги имам овие патики само со лепенки се и неможам да се поажалам досега мн пат се изодиле и мн дожд ама сеуште не се пропуштиле фала богу а ги зедов околу 3500 ден
не знам кој имаше пишано дека најк биле само за изглед, а квалитет немале.. не се согласувам моите моментално што ги носам не се стари многу, година и нешо, ама сепак немаат мрднато, истата линија си ја држат како кога ги донесов од продавница, ниту се раширени, растегнати, со изгубен првобитен облик, ништо А знам и многу случаеви што ги носеле патиките по 3,4, дури и 5 години како ништо...
Најк се закон, според мене. Тие со кои сум сакала да експериментирам, секогаш ме оставале на пола пат Порано беа популарни Фила, не знам, мене не ми беа лоши, ама НАјк си е најк. За патики вреди да дадеш малце помрсна сума, ако не сакаш да ти се раскапат нозете, па да се чудиш од што ти е. Па и како што носам јас ретко и пет години нека ми служат
ако сакаш квалитетна патика купи си најк или адидас и немаш грешка,јас имам најк,точно е дека се поскапи ама јас ги земав на попуст.А за во борис трајковски салата и јас слушнав дека имало многу избор и биле многу поевтини ама јас кога бев пред еден месец немасе ништо,посебно женски модели а не ни знаеа кога ке добијат нови...така да таму изгледа ако ептен начекаш нешто ново
koga sme kaj patiki jas sum mnogu zadovolna od modelite na raners ne se skapi a bar mene mi se pogodile kvalitetni pa mozes da pomines i za vidis sto modelcinja imaat
и јас имам старки и мн внимавам на нив, се си мислам дека во секој момент ќе се скинат Сакам сега да си купам најк. Убави се на изглед, а и квалитетни се. Адидас ми се некако гломазни