Мислам дека нема ваква тема, а добро би ни дошла. Впрочем во овие продавници има многу убави работи, а ниски цени.. Веројатно сте слушнале. Па да си споделиме искуства, информации.. Јас денес бев и си купив едно фустанче 650 денари многу е убаво.. Имаше навистина убави работи. пробував и сукња црна со висок струк 380 мислам беше ама ми беше тесна Навистина имаше убави работи, па да видиме ваши искуства.
Е баш барав ваква тема еднаш и немаше преубави работи има, ги гледам на Фб а бидејќи не сум од Скопје немам ништо купено од таму, но прво идење ќе ги посетам.
На фб страната прочитав и дека вршеле достава, па ако ти фаќа нешто око можеш и така. Само незнам на кој начин функционира тоа, ќе си прашаш
Ги пратам на страната на фб ама немам купено ништо.Имаат интересни работи не викам не ама порано ми беа некако далечку да идам до Ново Лисиче или до Првомајска.Сеа од кога отворија продавница во центар бев еднаш или два пати ама немаше ништо интересено и од тоа на сликите на нет. Се некои големи броеви на кошули и сукнички.
И јас кога бев некако само големи броеви имаше. Инаку работите на фб изгледаат поубаво отколку во живо. А ми се свиѓа како им е средена продавницата внатре (за таа во центар зборам). Инаку на некои од фустанчињата имаше етикета Зара.
А сте приметиле дека МНОГУ ама баш многу од работите ги има во Певекс? Да не речам пола од работите. Од последниов месец од сликите повеќето работи во Певекс ги имаше. Кошула за 650, во Певекс истата 220 денари Фустан чипкан 800, во певекс 300 или 400. Иначе има фини работи, јас па СЕКОГАШ наоѓам убави работи во продавници од типот на Мана, Певекс, Бебел. Но откако приметив дека многу работи ги има во Певекс некако ги отсвиѓав. Што ги шишам, не им плаќам дупло
И јас гледав на страната на фб има многу убави и ефтини работи. За жал бидејќи не сум од Скопје, немам ништо досега земено од таму, знам дека вршат достава ама друго е ко ќе си пробаш.
Е тоа не сум приметила, јас секогаш кога ќе влезам во Певекс ништо не наоѓам (освен еднаш си купив 2-3 маички), се ми е некако пренатрупано, растегнато.. незнам На Мана сум била само во оваа во центар и ми е некако убаво средена, пријатно за гледање.. што знам..
Браво за темата! Иначе доста често ја посетувам Мана на провомајска бидејќи ми е блиску имам купено доста работи поприлично сум задоволна од нив но некако во последно време тешко да најдеш некој производ кој го имаат постирано на фб страната бидејки одма доагаат и ги купуваат сепак доста ефтина продавница каде можес да си најдеш модерно парче облека но квалитет прилично низок бидејки производите мораш предходно добро да ги простудирш за да не најдеш и купиш парче облека со многу фелери
Убави парчиња облека имаат. Кога и да пројдам кај нив,неможам а да не земам нешто..макар и една обична маичка. Цените им се пристојни на повеќето парчиња,но дали само мене ми се чини или не.. дека последниов период малце забегаа со цените?? Не за сите работи туку одредени како на пример за едно фустанче,ако добро ми држи памтењето 2600 беше цената ! Мислам океј,фустанот ако е квалитетен и се тоа .. Но,Мана како Мана барем јас си ја знам за продавниче кое секогаш си има некој граница со цените да речеме максимум 1500 а облеката преубава. Така си почна,така привлече клиенти. Ама тоа со фустанот што го видов,немам коментар и искрено прво помислив дека е некоја грешка Видов и доста негативни коментари и на фб за истото фустанче што значи не го мислам само јас ова.. Ова во врска со Певекс не го знаев баш ќе поминам во брзо време мислам дека ќе вреди
Е да, треба да се оди одма кога ги објавуваат на фб, затоа што после нема.. Ама јас баш еднаш им пишав во порака да прашам за една сукњичка и ми вратија дека иако ги нема некои работи сепак да прашаме кај продавачките, ако ги има во друга продавница може да ни ги донесат следниот ден
Уште кога се отворија на почетокот и никој не беше слушнал, купував од таму, посебно летно време, еден куп маички имам земено, фармерки, мантилче, блузички, ташна...последно отидов во таа новата кај Кузман и не видов ништо убаво, веќе не ми се интересни, не дека нема пак да наминам ама порано секој втор ден си ги оставав парите таму
Имааат донесено нова роба, јас баш денеска бев, си купив едно џемперче многу е убавко има етикета Pull&Bear а јас го земав за 380 денари...
Девојки може смешно ке е прашањево ако треба нека биде и избришано но мене итно ми треба одогвор. Дали некоја од вас може да ми каже со што автобус можам да стигнам до Мана на Првомајска од рекорд. Никогаш не се возам со автобуси и поим немам бројки како идат. Фала однапред.
а може некој да каже каде поточно се наогаат продавниците....искрено јас имам само слушнато за оваа продавница но никогаш не сум знаела каде поточно се наогаат
^ Има во Центар на раскрсница кај ЈБТ,во Ново Лисиче до Рамсторот и во К.Вода ( не знам точно каде) и на Првомајска.
Е сеа уште да ми кажеш отприлика каде на првомајска (немам фб и не можам да видам ) и дали работи во сабота, ке те частам
Денеска не работат бидејки е празник,иначе работат и во сабота. Иначе и јас не знам каде на Првомајска точно, во понеделник ке идам прв пат бидејки таму ми тргнале едно фустанче што сакам да го купам и затоа се распрашувам како се стига до таму.
Ее Мана летово имам купено од таму фустанче и комбинезонче ги земав за ефтини пари од тоа на Првомајска , таму и најголем избор има, она во Лисиче ми е некако слабо снабдено, а во ново отвореново не сум била, се немам време Само се разочарав од тоа што и на двете ( фустанот и комбинезонот) пишува Made in China а они велат робата е турска баш и на фб летово имаа пишано како немаат они кинеска роба бла бла, лажги со опашки А, да и ме нервира тоа што не даваат фискални , како може сите да даваат само они не