Дали некој во скоро време бил на ж.пазар и видел дали има матерјал ваков материјал со леопардтски принт? Незнам како се вика матерјалот па ќе постирам слика-како сукњава.
Матерјали за шиење Јас не бев сега скоро-пред 2-3 месеци ама кога бев видов сличен како оној на сукњата и во боја и со некои шари-е сега за леопардска шара незнам дали имаше.Има голем избор,ако си во можност,најдобро ти е да отидеш и да си видиш
По порачка може да си набавиш од некој што носи материјали од други држави. Само кажи му колку ти треба и кога ќе ти го донесе ќе му платиш. Вака редко носат такви материјали,бидејки не ги купуваат.
Ќе одам од понеделник некој ден и ќе најдам сигурна сум. Зошто минатата недела за друго бев до бит пазар и видов дека го има материјалот.Само на една тезга онака прашав, 200ден. метро ми кажаа.
Девојки цените на трико материјли на женски пазар колку се движат , бев набрзина и прашав на едно место 500 денари метро немав време да разгледувам , дали толку се движат или мене ми се погоди скапчија да не одам пак за џабе
Бев на шнајдерка,за фустанчето за матура и ми рече да купам материјал сатен.Мене како изгледа сатенот не ми се допаѓа баш ама она ми рече дека ќе го правела од обратната страна и дека нема да биде таков.Е сеа незнам јас како изгледа така,ако може некој нека постира слика да видам како изгледа
Еве го материјалот што си го купив за да шијам фустан, бидејќи сега со стомачето ништо не ме собира Имав желба да е црно бел, и да биде долг фустан. Па сега ќе видиме како ќе излезе.
сакам да си сошијам сличен фустан..но материјалот каков е и каде да најдам баш таква чипка како со крај... во штип?
Дали би можела да најдам ваков материјал за шиење? И дали камчињата се купуваат или имаат шнајдерите?
Што мислите, кој материјал е добар за долг тесен фустан? Шивачката ми предложи мислам дека памучен сатен,стегал убаво