Фустан одбран, шиење закажано! Кај двата шивачи што бев и тоа на 1 февруари имаа само 2 места слободни. Знаев дека ќе биде се фул, ама не верував уште од почеток на февруари, и се одлучив каде. Кој планира да шие кај Данчо нека не оди џабе, закажан е до јуни ко што кажуваше, јас кога бев имаше 2 слободни места едното го закажа другарка ми така да...А фустанот на 30 април ќе ми биде готов, во март ќе одам на проби и ќе бкупувам материјали

Прекрасен е фустанот, ама богами такви материјали ретко се среќаваат...штикли ќе си купам исто во март црвени, плишани, високи салонки на платформа. Истотака ќе однесам и обично венче за да го обвиткаат со материјалот како од фустанот најголемиот дел, вртено да биде за на косата

Иииии други детали, прстен на едната рака голем, раскошен, на другата моите прстени. Обетки, можеби некој ѓердан, ќе видам околу тие детали. И убава црна, сатенска плик ташничка

Ама фустанот не го откривам, барем не засега и вака јавно
