Како да најдам соодветни салонки? Или ме се тесни, или широки, скоро нема средина. И најчесто неудобни и тешки за одење. Значи, кога ќе треба да одберам салонки, смрт ми е. Јас не знам да одберам или кај нас има многу фалш модели (па затоа се неудобни и не можеш број да си погодиш). Спојлер Досега имам само 2 пара салонки, зошто колку и да барам, не можам да си погодам.
Е познато ми е ова. Ама кај мене е проблемот со висината, ако купам високи па уште толку. А доколку ти го немаш овој проблем би требало да е полесно. Но, колку и да си висока секогаш барај од пониските, а не од оние 15-16см. дури и 12 ми се многу. За да салонките ти бидат поудобни треба да имаат колку е можно поголема платформа, фактички тоа го намалува падот и така е поудобно за одење. Исто може да ти помогнат и оние силиконските влошки.
Девојки какви хулахопки да облечам на црни салонки? Дали месо боја или црни подебелки? Инаку планирам да носам сатенски црни пантолони и кремава кошула на кратки ракави. Што мислите?
Со црни салонки и фустанче можеш да носиш и месо боја и црни хулахопки, ама ако носиш панталони, мене исклучиво месо боја ми одговара,некако не ми оди со црни
Колку обично трошите на шопинг? Јас трошам околу 25000 особено кога сум во странство,сметам дека е многу,па сакав според вас да направам некој баланс. Исто така ако знаете продавници (во Скопје) каде има убави материјали и добри модни парчиња да ми препорачате.Барем тука да не фрлам толку пари
Ги викаат и зимски хеланки. Можеш да ги побараш како зимски шарени хеланки, или шарени хеланки со зимски мотиви
Девојки мислам за вечер да носам кожна јакна, се мислам дали одговара на времето.. надвор е 10 температурата ама сепак не знам... да не е глупо??
Незнам баш дали е модно прашање но сакав да ве прашам дали 15иот поденден е соодветен да излезам со штикли(милам на дебела штикла чизма) надвор?Бидејки имам преголема желба,мерак да излезам со штикли надвор.Иако сеа на 14 сите се со штикли сепак јас мислам дека не одговара на годините
Охоо па тебе ти прошле годините за носење штикли.. Сега почнуваат од 13 години, ти баеѓи си почекала Не ми замерувај, се зезам.. Во врска со твојов проблем, јас би ти кажала дека можеш слободно да си обуеш.. Сепак, можеби е маалку раничко, ама па роденден ти е нели? Не мораш понатаму секој викнед да носиш, ама ако веќе толку ти е мерак носи си... И еден совет плус, прави си онака како што ти сакаш.. Не мисли што ќе кажат другите, важно е ти да си задоволна и среќна со себе.. Поздрав и среќен нека ти е роденденот
Време ли е за салонки девојки? Јас гледав девојки и преку зимава со снег носеа но мене ми е малку ко промашено, шо знам.. Гледам, и во модни критики, на сликите има девојки што имаат комбинирано со салонки ама да прашам, соодветно време ли им е?
Да. За која прилика се зависи од шеширот. Ваквиот модел ми е поспортски па го носам во некоја поспортска комбинација,иако не мора да значо дека одговара само во таков изглед. Бидејки имам и плетен од слама ваков модел,плетениов го носам летно време на плажа,или низ град преку ден кога пука сонце со тексакас шоррц и некоја едноставна маичка или лелеава кошула. Oвие видови на шешири ми се некако подамски и ми одговараат во некоја поженствена комбинација.Најчесто зимно време со некој убав капут и фустанче или некоја кошула искомбинирана со панталони.Едноставно така ми делуваат и ми се асоцијација за нешто дамскко. Во последно време заљубена сум во шешири.