Се согласувам, за овој период од денот напладне и не е до толку ама насабајле и навечер е прилично ладно...како и да е прашав само за мислење и нема потреба да се расправаме
Леелеее колку се прво перцепирате со лоша слика, ај прво една позитивната страна погледнете ја. Прва јас пишав дека носам, и дека еве вечер ќе носам исто. А се насмеав за крзната,сметам дека сега би било смешно на крај од април некој со крзнен капут да излезе.Ете затоа ставив -човек треба да почне да пишува зошто смајли става, божееее кај со арно и убаво одговарам кај па лошо
Во ред извини Кога прочитав не добив впечаток дека за крзната е ама нема врска... Сепак фала на одговорот
Малце е глупо прашањето, мислам малце повеќе али ај ќе прашам. Имам едни шорцеви од мајка ми ама бели се, сега со гаки у боја неможам да ги носам, ама со бели па и они се познават. Глупо е нели?
Се знае дека на бели панталони, без разлика долги или кратки, се носи танга. Многу неубаво изгледа да ти се познаваат гаќите под бел материјал. За мене ова правило е непреминливо, ама ако уште не ти е дојдено до танга, може треба да ги оставиш да те почекаат шорцевите.
Ај јас нешо пак да прашам Септември месец шо обувка се носи? Некако не ми е за балетанки у септември Ова пошто сум на свадба па да прашам
^ Јас мислам дека за кондура/патика/балетанка е идеално. Ми се чини сеуште ќе биде топло, ако е на почетокот крај Септември, па може да се носи и сандала.. така да, зависи од времето.
Ај пак јас. Значи вака за на есен немам никакво палтенце. Немам ни од оние скаените. Сеа разгледував низ бутици и ми се бендисаа мантилчињата, па си викам такво да си земам (ако зимам). Па сакав да прашам крем или тегет боја би идело на повеќе работи. Нејќам црно, преку глава ми е од него. Фала унапред.
^ Крем. Мислам сега и тегет е убава боја ако знаеш да ја искомбинираш, ама кремавата ми оди на повеќе бои, а и да не се затвораш многу, вака кремот е многу убава и нежна боичка. Јас си купив сивкасто , нејќам многу темни бои. Спојлер Пак јас прва ти одговорив, ццц..
Памелче крем дефинитивно ако сакаш на се да ти одговара. Буквално со сите бои ќе можеш да го комбинираш, нема да те ограничува додека пак тегет ќе ти биде исто ко црно да си купила а и баш не одговара со црно и кафеаво
Ве молам за ваше мислење. Си купив типски фармерки. Ги искомбинирав дома, се дотерав и кога заприметувам работ на едната ногавица е накриво скроен!!! Мислам дека ме рзабирате, често се случува кај фармерките. Во продавницата не ми ги заменуваа, на кројач не можело да се преправи. Прашањето ми е: Дали ако се дотерам тип-топ, многу ќе се приметува и ќе смета таквиот крив раб кој забегува? (Навистина нови ми се фармерките и супер модел се, сакам да си ги носам )
Нема да се приметува, носи си ги што ти е гајле. Ако ти прават мерак носи ги, нема некој валда со лупа да те загледува во фармерките, на крај краева па таков модел си се и носи си ги, ич не се замарај.
И јас сум да ги носиш, пих и да примети некој, ќе речеш така треба да биде. Често се зезам јас така, ако нешто не ми е како што треба.
Незнаев каде да прашам па ајде тука сите викаат како можело да се комбинира црно и тегет или се чудат како да си од марс ... Па затоа да прашам црно и тегет оди ли??? Јас мислам дека да зашто во зара приметив тегет џемпер со црни џебови како со некои чипки машни и во најк патики кој ми се свигаа и ги купив беа црни со тегет и убава дреч виолетова И секад коа ке ги облечам си го зимам џемперот зашто некако ми иде а и плус е ладно насабајле за у школо и не ми е јасно како на дизајнерите од зара и најк им иде а на овие шо следат мода не им иде
можеби прашењево не ми е на место али да прашам пак јас овие накитот со сваровски кристали од пример еве греен мастер дали поцрнуваат?си бендисав едни обетки 2200 денари ама се мислам дали да ги порачам да не поцрнат има некој искуство ?????????
Женски,ај нид хелп. За неколку дена (евентуално недела,две) ќе одам на коктел парти што ја организира Британската Амбасада за тие што го положиле тестот од Кембриџ.Најголемата дилема е-што да носам ? Па ако може да ми дадете некој предлог,бидејќи сепак таму неможам да отидам во фармерки и патики.
Ахам да, и те како поцрнеа...и ја моите ги зедов од таму, мали се (не висечки) со полно кристалчиња по нив и остај шо поцрнеа и пожолтеа ни к нема веќе од кристали после 3 месеци. Сериозно, не со ги фрлај парите, и ја толку дадов за џабе!!!